Ова е прв пат да навивам против мојата држава!

Лудилото по вчерашното шоу на Евросонг со сета сила ја тресе македонската јавност денеска. Едните слават морална победа, другите се ситат што Тамара на крајот беше далеку од „пехарот“. Оние најжестоките, си најдоа виновници во дијаспората, па онака, своеволно им одредуваат казни и забрани на отселените од Македонија.

Јас веќе неколку години не гледам Евровизија. По победата на Кончита и целиот ЛГБТ циркуз тогаш, сфатив дека нема зошто да трошам време на политичко шоу скриено за „натпревар“ во пеење. Го гледав само настапот на Тамара во полуфиналето и бев задоволен од преставувањето. Всушност, мојот став за пејачките квалитети на Тодевска е ист од нејзиното појавување. Таа е одличен вокал и изведувач со шарм на сцена што плени. Се останато што Тамара како личност преставува, јас го презирам. Или во една реченица, како пејач е одлична, како личност е опортунист. Јас таквите не ги сакам!

Тамара е една од оние кои пееја во референдумскиот спот „За европака Македонија“. Спот од кампања што беше против сите стандарди за организирање на референдум, па можеби така го заработи својот настап на Евросонг годинава. Само што беше промовирана како преставник на Македонија на Евровизија, во интервју дадено во Србија кажа дека сеедно и е дали ќе ја преставува Северна или Република Македонија, единствено и било важно дали ќе ја запаметат! Потоа се премисли, па 200 пати повтори дека на Евросонг ќе пее за ќерка и! Тамара душо, така можеш кога ќе си одиш некаде сама. Кога сама ќе си се пласираш, сама ќе си платиш, сама ќе си се избориш. Кога те плаќа државата, односно народот, нема пеење за ќерки, нема самопромоција. Таму си да ја промовираш државата што ти плаќа да го направиш тоа! Не е ова душо Макфест или календар на Пелистерка, па да си праиш мераци! Во слободно време можеш да и пееш на ќерка ти или да се соблекуваш, твој проблем, ама на Евросонг беше пошто ние ти плативме! Јасно?

Не, Тамара не е морален победник на Евросонг! Нема логика во тој муабет. Тамара заврши на ОСМО мести и на крајот беше 200 поени далеку од првопласираната Холандија. Не 2, не 20, туку 200! Да, Северна освои најмногу гласови од жирито, но на телевоитингот е пласирана далеку од врвот. Во втората половина од табелата! Значи, на луѓето во Европа песната на Тамара не им се допадна многу многу. Тоа е потпоплно обратно од морален победник! Моралниот победник подразбира кога победата ти одземена од судии, кога народот те сака, но ете го зема пехарот. Тамара е контраст на тоа. Всушност, победа на Тамара ќе значеше дека Холандија е морален победник! Тамара НЕ е морален победник, туку натрапник што се обиде да ја украде победата! 

Не, македонската дијаспора не и ја одзема победата на Тамара. Јасно ми е дека дел од нив не гласале, бојкотирале, но дури и да гласале сите, Тамара е 200 поени далеку од Холандија! 200!!! Тоа не се надополнува со „уште некој глас“. Нападите врз дијаспората се само лов на вештерки, барање на виновник, со цел да се величи Тамара како „морален победник“. Ништо друго!

Ова е прв пат во мојот живот, да навивам против мојата држава! Прв пат да посакам да победи било кој друг, само не Тамара. Победа на Евровизија никогаш ништо не ми значела, но овој пат ќе значеше промоција на „Северна“. Всушност, еве и покрај финалниот пласман на осмото место, денеска некои светски медиуми пишуваат дека Тамара го направила токму тоа. Ја промовирала државата со ново име! Од таму, се сомневам дека Евровизија уште еднаш потврди дека е политичка манифестација. Затоа Тамара победи од гласовите на жирито низ Европа. Замислете, Британија ни даде 12 поени, а баш денеска BBC пишува дека Тамара ја промовирала „Северна“ пред светот. 12ка добивме и од Курц, односно Австрија, но напразно. Телевотингот го замрси планот, па Тодевска „гордо“ се враќа дома со 8мо место.

Велат осмото место на Тамара е најдобриот наш пласман на Евросонг во историјата и намерно влечат паралела меѓу Македонија и Северна. Но, ова не пласман на Македонија, туку на Северна. Вештачката творба, што со помош на политика, повторно не успае да победи. Следниот пораз не очекува во ЕУ, но верувам и тогаш ќе не лажат дека сме МОРАЛНИ победници!

Автор: Пацифист

Неделковски: Сите најбогати луѓе од Македонија се изрекетирани, само Сашо Миијалков не е рекетиран и не му биле барани пари!!!

Во напливот на еуфоријат за апсењето на педер-рекетарите, наглото освестување на докажаните соросоидно-велепредавнички гниди (Геровски, Милчин, Саки Кировски, Ванковска…) и разбегувањето на ја-нисам-одавде рекет новинарите (Кабранов, Борјан, Јадранка…) – остануваат не доволно забележани предупредувањата на професионалците во правната фела и дилемите што изникнуваат од сегашнава ситуација.

На правно нестабилен терен, каде што обвинителите од ЈО на чело со нивните шефови Јовевски и Рускоска цапаат во жива кал, а каде што на давениците од СЈО (Ленче Ристовска и Лиле Стефанова) пропаднати во гериз гомната почнуваат да им влагаат во уста, оставен е простор на неограничен број грешки и манипулации. Ненамерни, ама и намерни.

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ и на вчерашната прес конференција беше јасен дека СЈО за нив е историја и дека Катица Јанева треба да заврши во притвор. Исто така беше јасно кажано дека за оваа партија валидни се само случаите што СЈО ги има отворено до датумот договорен во Пржино. А тој е одамна изминат.

Поранешниот председател на судот Владимир Панчевски вчера предупреди дека: “ако предметов “рекет” е поврзан и е во врска со прислушуваните разговори, а неспорно е поврзан, ОЈО и Јовески немаат надлежност над него да водат постапка. Бидејки е спротивно на законот кој дава исклучива надлежност на СЈО, а е донесен по вољата на четирите политички партии“… Со други зборови, се‘ ова што се апси и процесуира, на некоја повисока инстанца може да биде поништено заради ненадлежност на правниот субјект.

Гледајки ги работите од ваква перспектива, излегува прашањето дали некој супер влијателен куклар, каков што е оној на скопско Кале на пример, прави циркус за да ја замае јавноста. Да ја замае за да протне нешто што во “мирнодопски“ услови не би прошло, а потоа во некое догледно време приведените и процесуираните да бидат амнестирани, рехабилитирани, пуштени…

На Македонија и престојат вонредни парламентарни избори во април догодина. Пред тоа не му одговараат на ВМРО ДПМНЕ, а и “странскиот“ фактор ќе го остави Заев да се доудави до крај внесувајки ја Македонија на сила во НАТО.

Ситуацијата на полето на политичките партии е следна:

Оваа бомбашка афера СДСМ нема да може да ја преживее како партија во оваа форма во која е. Со сите странски служби и внатрешни кртови распоредени околу Сашо Мијалков кога беше директор на УБК, снимките не обезбедија докази дека било кој од ВМРО ДПМНЕ директно земал пари, а уште помалку дека рекетирал домашни фирми. Спротивно, снимкките што бугарите ги обезбедија за да го заштитат Орце Камчев, а кои копии се предадени и на Заев и на обвинителот Јовески, јасно покажуваат (ауди и видео) како најблиските соработници на Заев бараат и добиваат пари од рекет. Најавеното приведување и одземање на пратеничкиот имунитет на Кирацовски и Ременска само ќе се една епизода од оваа сапунска опера. Такво рашрафување на СДСМ, која сега се оддржува залепена со селотејп траки, само затоа што им се потребни на западот за влез на Македонија во НАТО, ќе ја распадне оваа партија. Бидејки, секако ќе следува процесуирање на најизложените СДСМ кадри, пред се на Зоран Заев и Никола Димитров, за велепредавство. Процесуирање што ќе биде дозволено од “западот“ за да се разлабави негативното расположение на најголемиот број граѓани кон НАТО, ЕУ, запдните амбасади…

На ВМРО ДПМНЕ му требаат уште 6 до 8 месеци за комлетно да го поврати теренот, па со познатата војничка дисциплина да настапи на изборите во април. Тие, тешко искрвавени со прогонот од СЈО, со приведувањата и процесуирањат, сакаат да испливаат и земат кислород што ќе им биде потребен за изборната трка. Секако, тоа е и период за расчистување со груевисти, мијалковисти и слични “исти“, што се навлезен во органите на партијата а работат за Сашо Шиптар или за бегалецот од Будимпешта. Индикативно е што сите најбогати луѓе од Македонија се изрекетирани, само Сашо Шиптар сопственик на најелитниот и најскапиот хотел во Македонија, Мериот, сопственик на се и сешто низ Македонија, не е рекетиран и не му биле барани пари!!!

Малите партии, пајтон партии, како и движењата што сакаат да се трансформираат во политички субјект се премногу “ситна роба, дучанчина“, што би рекол Велија. Без позначајни финансиски средства, без масовност, со истрошени кадри, со “веч виџено“ лидери, со вметнати “активисти“ што им роварат работејки за интересите на СДСМ, ВМРО ДПМНЕ или тајната полиција – оваа опција е без некоја позначајна улога. Можеби да штрбне два-триесет илјади гласа од ВМРО ДПМНЕ, и толку.

Крајно, со одлуките на Врховен и други инстанци (меѓупартиски договори) пресудите против добар дел од пресудените вмровци ќе паднат. А тие ќе бидат слободни луѓе. Тоа, од политичка гледна точка, пред се е важно за понатамошната судбина на бегалецот Никола Груевски. Тој, од оваа есен ќе е со поништена пресуда за “она на М“, па со самото тоа ќе падне и санкцијата што му е предвидена. Со самото тоа и потерницата. Груевски, многу е извесно дека есеноска ќе си е дома со мајка му и ќерките. Колку е тоа добра или лоша вест за Мицкоски? Доколку Груевски кон Мицкоски сака да изиграва она што кон него изиграваше Љупчо Георгиевски, во тој случај тоа е лош момент за ВМРО ДПМНЕ. Но, доколку сака да помогне (идеолошки, финасиски, политички, советодавно и со својето неспорно влијание кај дел од членството), тогаш е тоа добра варијанта за сегашново раководство. Познавајки го Груевски, тој сепак ќе се реши да биде “Љупчо број 2“.

На читателите што ја следат Дудинка им препорачувам внимателно да ги проценуваат настапите и инстант изливите на зачуденост, на патриотизам, на не-бев-тука новинарите…

Како што може да се види, доследноста, непоколебливоста, не менување на страните остана доблест само на тројца (делумно и на 4-тиот) новинари во Македонија. Бриселската тројка е единствена која не смени страна, ами остана до својата Македонска. Не дозволи да биде фатена од политчика еуфорија, не дозволи да биде (пот)платена, изманипулирана… Вечно останаа со истите ставови. Мирка дека е непоколеблив левичар и идеалист. Бобан и Миленко дека се традиционалисти и патриоти.

Од друга страна, прелетачи од СДСМ кон ВМРО ДПМНЕ (и обратно) има колку сакаш. Конкуренцијата во велселалом и супер велеслалом, за шантрање со газот од лево на десно и обратно, е ужасно голема. Јавно декларирани сдсмовци, сега се перјаници на ВМРО ДПМНЕ. Јавно декларирани анти вмровци, сега се антои сдсмовци. Калакурник.

Затоа препорака, не верувајте никому (ниту на мене), туку само на себе и својот инстинкт и чуства.

Миленко Неделковски за Дудинка.орг

Колку Македонци исчезнаа кога Тамара ја „згреши“ химната?

Ретко ми се случува да пишувам 3 пати за волку кратко време, но нема смисла да чекам недела дена, кога мотивацијата е тука. Да, тема повторно е интонацијата на химната од страна на Тамара, но овој пат пејачката не е главен лик, т.е. главна тема на текстов во продолжение. За Тамара веќе пишував, повеќе пати од доволно. Она и ДунаФка, тие се. Не дека се на исто место во моето „срце“, но ете ја имаат таа моќ да ме мотивираат да куцам.

Ок, сега за темата. Деновиве прочитав многу статуси и две колумни од лектори, на тема лажен или „интернет“ патриотизам. Се започна, со еден статус на Миа Костова, во кој посочената, во една граматички неточна реченица, пишана на латиница ги навреди сите кои ја критикуваа Тамара. Во ред, ништо повеќе и не можам да очекувам од „ПлејБојка“ со највиснатите гради што некогаш го „краселе“, макар и балканското издание на списанието. Не знам јас кој фактор е момата и зошто некој би ја есапел, освен, ако  не сака да го види презентираното, сега збогатено со силикон, во живо. Поминав низ текстот и се ќе завршеше тука, но вчера Матилда Саздова, инаку лектор, не почести со колумна. Истото тоа денеска го направи и Ружица Пејовиќ. Исто така лектор. Ок, стилот на колумните многу различен, но и двете со истата поента. Не можат неписмени да ја критикуваат Тамара, односно да ја бранат македонштината. Ружица не ја познавам, па нема да и посветам повеќе внимание, но Матилда ми беше омилена професорка во средно. Да, нејзината неспорна убавина сигурно има врска со впечатокот, но не ја паметам само по тоа. Ја паметам како принципиелен човек и професор со етика и правила на работа. Сеуште паметам дел од дискусиите кои сум ги имал со неа, но и ситуациите во кои многу ми помогнала.

Професорке, со цела почит кон вас, колумната ви е ЧИСТА ГЛУПОСТ!

1. Единственото нешто од вашиот текст, со кое ќе се сложам е:

„Не е патриотизам да се ситиш и да си ситен како грашок во говорот на омраза против својот (во стилот „Умри, цркни кучко“, и слични гадости).“

Да, говор на омраза и навреди кон Тамара, нема ништо добро да донесат. Сепак, иако не го оправдувам, можам да го разберам гневот кај народот.

2. „...најодговорно тврдам дека во најголем дел, таканаречените „патриоти“ се најслабите познавачи на македонскиот јазик (секоја чест на исклучоците). Не дај боже, од поголем дел од нив, да слушнеш конструкција на реченица. Уште повеќе да прочиташ напишан збор.“

Ова се дел од најпопуларните критички коментари на статусот на Тамара:

Не се толку неписмени како што тврдите. Од друга страна, ниту статусот на Тамара е граматички идеален, а таа имала три дена да го склопи. Или неа и е дозволено?

3. „Веднаш следуваше извинување. Ама не, не се есапи тоа.“

Во 2013 година, Тамара го има направено истово. Кога новинарите и забележале на грешката, пејачката изјавила дека не направила грешка! Намерно си одбрала кој дел од химната да си го пее! Еден клик ТУКА и ќе ја видите целата изјава.

4. „Тамара не ги спомнала Гоце, Даме, Питу... Па што? Исчезнаа од нашата историја поради тоа? За последен пат се пееше химната? Ќе исчезнеме како народ поради тоа? ... Не видов дека некој од нас Македонците исчезна по пропуштената строфа“

Полека професорке, ќе биде, ќе видите. Секако, ако ова лудило не се спречи, планот за исчезнување на Македонците е преку нашите учебници. Вие бевте професорка, не морам вас да ви објаснува што ќе се случи ако во учебниците по историја Делчев и Илинденците се означат како Бугари или ако учебниците по македонски јазик се променат, па македонскиот јазик стане бугарски. Не, за ова нема да биде виновна Тамара, но напатениот народ сега дува и на јогурт. Уште нешто за горниве реченици. Синоќа кај мене на улица поминаа 2 автомобили со брзина од 200 километри на час. Не згазија никого, не предизвикаа никаква штета. Да го критикувам ова однесување и да барам реакција од надлежните или да чекам да има жртва? Тамара веќе втор пат поминува со 200 на саат. Да чекаме да има жртва? Да чекаме да „исчезне“ некој Македонец?

5. „Таквите луѓе не се нарекуваат ПАТРИОТИ туку негативци, на кои сите им се виновни зашто се незадоволни од себе и од сопствените неуспеси“.

Негативци се тие кои ја критикуваат Тамара за грешка за која се одговара кривично, но вие професорке што критикувате цела група на луѓе, сте...задоволни од себе? Простете, немам намера да ве напаѓам како личност, но да не претеруваме со хипокризија.

6. „Како вистинска Македонка бев горда како јас да сум таму. И знам дека тогаш и мојот народ ги делеше истите чувства.“

Вашето доживување на Евровизија, не можете да го оцените сама како „вистинска Македонка“, затоа што и јас сум „вистински Македонец“, а навивав против Тамара. Поточно, против она „северна“ пред Македонија. Ако, одиме со такви квалификации, еден од нас не е вистински Македонец. Од каде знаете дека „вашиот народ“ ги делел истите чувства? Кој сте вие, кој сме ние?

7. „Да се чуваме меѓу себе и да си го чуваме јазикот за да опстанеме како народ, а не омразата, зашто таа е непријателот број еден за нашето опстојување. Така одиме кон исчезнување и претопување! Не со испуштени стихови...“

Во моментов непријател број еден за наше исчезнување, не е омразата. Омразата не седи на маса со „добриот сосед“ Бугарија и не преговара потполна промена на историјата и идентитетот. Секако, кога пишувам за идентитет, пишувам за народниот, националниот, не пишувам за индивидуалниот. Не седи ниту Тамара, но таа самата прифати да биде естрадното лице на таа политика и за тоа ја плати цената.

Се сложувам дека треба да си го чуваме јазикот, ако сакаме да опстанеме како народ, но најголемиот непријател за тоа не го гледаме на истото место. Да, се сложувам дека е срамота како народ да сме толку неписмени, но тоа се поправа. Она што се одвива при комисијата за историски прашања во Бугарија е на друго ниво! Дали сте ги слушнале барањата на историчарите и лингвистите од Бугарија? Знаете ли дека не признаваат македонски јазик? Сигурен сум дека сте запознаени со темава, па ви бе замолил, да напишете една поинаква колумна. Еден текст од вашата струка и да му објасните на народот дека нашиот јазик е различен од бугарскиот. Можеби ќе им користи и на оние кои се во комисијата, а сигурно ќе ни користи на нас (лажните/интернет) патриотите. Можеби и Ружица Пејовиќ ќе сака да ви помогне, па од сето ова ќе искочи и нешто корисно, место да учествувате во оркестриран напад со цел дискредитација на дел од загрижениот народ. 

За крај, сакам да ви се извинам што и овој текст ќе го потпишам под псевдоним, па нема да ви дадам шанса (можеби) да се сетите на мене.

П.С. Ете, не сме сите патриоти толку неписмени

Автор: Пацифист

Тамара, колку мислиш дека е глупав овој народ?

„Секоа чудо за три дена“, стара македонска изрека. Ок, не знам дали е македонска, но знам дека кај нас се покажува како точна секогаш. Еве и денеска веќе речиси никој да не зборува за Тамара. Да бидам реален, во времево на Заев и другариве, секојдневно има толку многу гафови, што тешко е јавноста да се задржи на еден, подолго од неколку дена. Затоа решив, дури сеуште има барем мал интерес на темава, да искоментирам уште еднаш.

Прво, за вториот статус на Тамара и обидот да се самопрестави како жртва, лажејќи очигледно уште еднаш. Потценувањето на интелектот на народот и стана навика на пејачкава од Скопје. Во вториот статус, Тамара ја повтори лагата дека менувањето на химната било несакајќи, иако како што пишав пред некој ден, има докази дека тоа не е така. Потоа го вмеша нејзиното смејство, слично како при настапот на Евровизија кога 200 пати кажи дека ќе пее за ќерка и. Јас не знам низ каква тоа агонија поминувало нејзиното семејство. Им се заканил некој? Ги малтретирале на улица? Затоа што ако имало такви испади, пејачката треба веднаш да пријави во полиција. Она што знам е дека прочитав огромен дел од коментари до неа на нејзиниот фејсбук и иако повеќето без непријатни, па дури и злобни, не прочитав ниту една директна закана по неа. Освен јајца на концерт, ама не верувам дека тоа Тамара го сфаќа како „агонија“ за неа и семејството. Од таму, мојот став е дека Тамара намерно се крие зад семејството, зад фактот дека таа е мајка и повторно глуми жртва. За крај сето ова да го зачини со уште една лага: „Ниту сум била ниту ќе бидам дел од нечии политички игри“! Па добро бе Тамара, зарем волку евтина лага треба да помине? Ајде без да објаснувам, еве волку само:

Толку за неа, сега за они кои како по наредба се јавија во одбрана на пејачката по нејзиниот втор статус. Прво да се разбереме:

Тамара воопшто не е, ниту била проблем. Тамара си е Тамара. Не беа злобните коментари (секако непотребни) насочени кон неа, туку кон она што стана, односно што го преставува. Тамара, од сакана македонска пејачка, стана естраден преставник на една политичка идеологија, која ни смени име, устав, историја, идентитет... и не мисли да престане да ни менува. Сите напади беа насочени кон тоа што Тамара стана, тоа што Тамара го преставува. Требаше да знае дека се си има цена, па и парите за промовирање на политиката на оваа (и секоја друга) влада. Сега појасно е?

Всушност и не станува збор за напади кон Тамара, туку за одбрана на она што нас ни значи!  Пејачката нападна, ние се браневме! Ние ја браниме Македонската химна, илинденската историја и сите комити. Со тоа го браниме она што за нас значи да си Македонец, она што за нас значи идентитет. Со кое право вие го напаѓате тоа? Дури и да сметате дека идентитетот почнува со Црвенковски или Заев, со кое право нас не напаѓате? Туку, се убаво напиша Трајче Бјадов на Фејсук, па еве да не се мачам да го гклопувам по свое:

Автор: Пацифист

Популарно