Ново ВИДЕО на Ла Верита: Наредба има од Брисел да се молчи

Новинарот на Ла Верита, Ларис Гајзер, утрово излезе со видео колумна за македонскиот случај Pekет. Преводот на овој текст,  да го прочитате во продолжение:

Објавата на Ла Верита од минатите денови по однос на аудио и видео материјалот за активностите околу pekeтирањата што се случиле во изминатите години во Македонија, со знаење на канцеларијата на специјалната обвинителка предводена од Катица Јанева, се претвори во вистински политички и социјален земјотрес.

Нашата редакција, како и долупотпишаниот, беше преплавена на дневна база, од илјадници пораки за поддршка и благодарност. Скоро и да немаше kpитики и закани што вообичаено ги има во вакви случаеви.

На сајтот, на тема за надворешна политика, високо надминавме над милион контакти. Можеме да кажеме дека Ла Верита на македонската популација и направи услуга од јавен карактер, размрдувајќи некои стагнирачки ситуации и враќајќи му ја довербата на еден народ сведен на константна изолација на којашто ЕУ изгледа дека го осудила со цел да го оствари планот за ограничување на суверенитетот на земјата.

Македонците се еден горд народ, разочаран од kopупцијата, и патат уште повеќе кога ситуацијата, дури и само индиректно, е поддржана од ЕУ.

Треба да се напомене дека баш Ж.К.Јункер и Могерини инсистираа силно за специјалната обвинителка. Токму заради тоа, сензационалните откритија на нашиот весник предизвикаа и внатрешни и надворешни тeнзии.

Внатрешно, опозицијата предводена од Х.Мицкоски тврди дека Ла Верита јавно му покажала на широкото граѓанство докази за една огромен политички и судски октопод, што премиерот Зоран Заев треба да го земе предвид и да си поднесе оставка. Тој (ЗЗ) засега целата случка ја коментира само преку фејсбук пост кадешто вели дека ликовите го злоупотpeбиле неговото име.

Од затворот во кој се наоѓа токму поради случајот Pekeт анализиран од нас, Боки13 му одговорил, преку еден српски весник, дека доколку се поce гне по нeговиот живoт, доказите за вмешаноста на Заев се наоѓаат кај мајка му. Од меѓународна гледна точка пак, освен фактот што нашите вести беа преземени од бројни медиуми, меѓу кои оние од Германија, Албанија, Србија и Словенија – првата со реакција беше Франција.

Нејзиниот амбасадор изјави дека македонските власти треба да дадат јасни одговори по однос на скандалот обзнанет од нас, пред Брисел да почне да го анализира приближувањето на МК кон ЕУ.

И токму од унијата, којашто сметавме треба да се преиспита уште пред неколку години бидејќи, преку Могерини, беше главен спонзор на СЈО и на многу меѓународни трауми нанесени на МК, стигна најпоразувачката порака, тотален молк.

Без разлика на летниот период, илјадници вработени во внатрешните служби на ЕУ, од кои 220 во делегацијата во Скопје, не успеаја да изнесат ниту еден институционален извештај со надеж брзо да се разјаснат фактите.

Наредбата од Брисел да се молчи и да се избегнуваат дополнителни штети на имиџот сигурно била пренесена на кристално јасен начин.

Толку јасен што и на Дорис Пак ѝ станало јасно дека нешто не чини, децениски парламентарец задолжена за проширувањето на Балканот и без никаква дилема една од најмоќните политички фигури од ЦДУ и Германија, и актуелна претставничка на ЕПП.

Дорис Пак објави силен апел вчера на социјалните мрежи, со барање за итна реакција , кон надворешните служби на Унијата, запрашувајќи се како Могерини може да молчи пред криминалната реалност обзнанета од третото видео објавено на сајтот на Ла Верита.

Во 2015г, токму ЕУ инсистираше за СЈО, што му нанесе многу штета на Македонскиот народ. Денес, тие од ЕУ задолжително би требало да одговорат, особено на оние внатре во македонска администрација, коишто во изминатите месеци го ризикуваа животот помагајќи ни во објавувањето на материјалот, убедени дека сѐ уште е возможно да се има вистинска демократија базирана на информирано јавно мислење и контрола на политичарите.

Што се однесува до нас, продолжуваме со проценување на конкретноста и на правната изводливост со цел потенцијално објавување на друг аудио материјал .

Засега се надеваме дека македонскиот народ конечно може да добие вистинска поддршка од странските престолнини, коишто досегa воделе политика од сенка. 

Манчевски: Нема да се стопираат вработувањата заради изборите

Потребите за вработување ги дефинираат институциите, а не Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА). Огласи за нови вработувања се распишани и ќе продолжат да се распишуваат. Нема да се стопираат вработувањата заради изборите, бидејќи институциите имаат потреби. Тоа е жива материја, луѓе си одат и луѓе доаѓаат, порача денеска министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.

– Огласите не ги распишува Министерството. Ние немаме евиденција кому што му треба. Затоа има раководители на институции. Не сме запознати колку огласи се објавени за примање нови вработени во јавната администрација, бидејќи тоа не е надлежност на МИОА, туку на Агенцијата за администрација, рече Манчевски во одговор на прашање на денешната прес-конференција по повод Годишната конференција на РеСПА за реформа на јавната администрација на тема: „Дигитална трансформација: Реформа на јавната администрација за дигиталната ера“.

Нешто што нема врска со изборите, посочи тој, се случува на крајот на секоја година согласно функционирањето на кој било Буџет.

– На крајот на секоја година се прекинуваат договорите на определено и доколку има потреба институциите повторно распишуваат огласи во новата година за нови договори на определено. Ова е нешто што се случува секоја година без разлика дали има избори или не, туку едноставно на 31 декаември така функционира Буџетот. Затоа секоја година после Нова година имаме зголемен број на  распишани огласи за договори на одредно време. Тоа ќе се случува и годинава, а се случувало и секоја година наназад, појасни Манчевски.

Тој прецизира дека се уште не е готов проектот за префрлање кадар од јавниот во приватниот сектор со кој треба да се детектира што е вишок на работни места, за што се во тек анализите.

– Овој проект не е готов, но тоа апсолутно не значи дека во моментов институциите немаат потреба од нови вработувања. Има голем број на кадри кои недостасуваат во јавната администрација што не го претставува целиот јавен сектор. Во јавната администрација и централните институции недостига кадар, а во јавниот сектор севкупно имаме превработеност. Анализите кои треба да ги почекаме ќе кажат каде има превработеност. Сите треба да го поддржиме овој проект или да дадеме алтернативен кој сум подготвен да го прифатам, рече Манчевски.

Кога ќе бидат готови анализите, додаде министерот, ќе бидат претставени во транспарентен процес во кој ќе бидат вклучени и синдикатите и стопанските комори. 

Владата ги повлекува предлог-измените на Законот за јавни собири

Владата ги повлекува предлог-измените на Законот за јавни собири и порачува дека има простор за разговори и подобрувања согласно со Уставот.

– Владата на Република Северна Македонија ги слушна забелешките на граѓанските организации за најавените предлог измени на Законот за јавни собири и на денешната 164-та седница одлучи да ги повлече предлог-измените со цел да се обезбеди поширока консултација, соопшти владината прес-служба.

Владиниот кабинет смета дека има простор за разговори и за подобрување на содржината со цел, како што потенцираат, овозможување слобода на изразување на став на јавни простори низ јасно утврдени регулативи и исклучиво во согласност со Уставот на РСМ.

Заев: Пензиите од јануари ќе се зголемат за 700 денари

Пензиите од наредната година ќе бидат зголемени за 700 денари. Ова денеска го најави премиерот Зоран Заев на прес-конференцијата за презентација на буџетот за 2020 година.

„Владата се одлучи за ваквото покачување на пензиите имајќи ги предвид економските параметри односно зголемувањето на просечната и минималната плата. Зголемувањето на пензиите ќе биде од 700 до 730 денари“, рече премиерот Заев и најави дека министерката за труд и социјална политика Мила Царовска на посебна прес-конференција ќе ги каже деталите за покачувањето на пензиите.

Заев на прес конференцијата рече дека буџетот за 2020 година е "скроен по мерка на граѓаните и е влог во луѓето во човечкиот капитал". Кажа дека со буџетот се обезбедени пари за зголемување на платите во здравството и образованието, 7,3 милијарди денари се одвоени за субвенции во земјоделството, а буџетот на министерството за одбрана во 2020 година ќе биде 10 милијарди денари.

Популарно