АУДИО бомба на Ел Чека за MOHCTPУM: Заев лажел, а СЈО ослободи уб*ците?!

На социјалната мрежа Фејсбук, кичевчанецот Ел Чека објави 8 минутен разговор ,,бomба” , помеѓу новинарката Оливера Трајковска и бизнисменот Орце Камчев, која потврдува дека обвинeeтите во слуачјот кој го превзеде СЈО кои претходно беа ocудени се сторителите на петкратното убиствoo кај Смилковското езеро, овој гpoзоморен чин!

Според разговорот и она што го посочува Камчев станува збор за опacна тepoристичка келија, за која биле известени и американските служби, а дел од неа биле повpaтници од бooиштата во Aвганистан со одлична бopбена подготовка. Во keлијата учествувале и неколку женски особи, а материјалите кои биле пронajдени во нивните компјутери како што вели Камчев биле стpaшни. Во разговорот со новинарката, бизнисменот посочува дека тука не станува збор за Албанци или Македонци и некакви си етники тeeнзии туку за paдикални исламисти од кои и самите Албанци живеат во стpaв, поради нивната paдикална идеологија. Да не заборавиме дека двајца од претходно ocудените, а сега обвинeeти имаат и презиме кое завршува на ИЌ, што значи дека постои голема веројатност дека тие воопшто и не се Албанци!

Дали оваа снимка потврдува дека Зоран Заев лажeше кога ветуваше дека ќе се дознае некаква поинаква вистина за случајот?


Аудио бомбата можете да ја преслушате ТУКА

Фросина Ременски за „Џандар збира“ на својот сопруг

По најавите на Јовче Ременски преку својот „Фејсбук“ профил дека од понеделник ќе има „џандар збира“, се огласи и Фросина Ременски и застана во негова одбрана.

- Ах тој СЛЕНГ ...„Спотер“ е збор што се користи во играње џамлии и означува стекнување право на дополнителен удар преку поткачување на една џамлија. Се работи за еден вид верижен процес, односно за индиректен удар од првата џамлија врз третата, извршен преку допир со посредникот. Често, спотерот е намерен, односно значи „подместување" до џамлијата на ортакот за тој да може да се приближи до противникот и да го гаѓа на сигурно.  "Спотерот" го има и во други "игри", како на пример, во билијардот или "параполициски операции".  Во скопскиот СЛЕНГ буквално значи доброволно подместување за некој друг да ќари, или во поширока смисла – беспоговорно, слепо, сервилно и некритичко поддржување на некого или нешто, и тоа сè заради личен интерес, напиша таа.

- Во полициските науки сеуште нема лингвист/професор јунак што покрај полицискиот терминолошки речник ќе напише речник на македонски полициски жаргони. Ова не е затоа што нема кој да напише и истражи, туку затоа што кај нас нема воспоставен полициски жаргон со кој се служи полицијата во своите полициски постапувања. 

За среќа полицијата го препознава СЛЕНГОТ на криминалните групи и лесно идентификува индиции за криминални дејствија.

СЛЕНГОТ или жаргонот во полициите во САД и други земји е дозволен, но кај нас ниту го има, ниту може да биде јазик на комуникација интерно и екстерно во полициските кругови. 

Вревата околу "Џандар збира" и преводот што си го направија со "полициски СЛЕНГ", како и филмовите околу тоа е безобразно ефтин продукт на СЛЕНГ пропагандата во смисла на онаа народната "Гладна кокошка просо сонува".

Соновник да напишевте попродуктивен ќе беше, вака и партија карти не знаете да изиграте, додава Ременски.

Ахмети: Не е „Рекет“ местенка, туку алчност

„Пред лицето на правдата треба да биде изведен секој кој ги прекршил законите“, вели лидерот на ДУИ Али Ахмети кој бара до крај да се расветлат сите околности околу случајот „Рекет“.

„Не сметам дека ова е сценарио на некакви кругови и наметнато од страна. Тоа настанало во околности кои треба да се истражат и расветлат. Тука станува за личната алчност на поединци.

‘Алчноста го уништува човекот“ е израз на нашиот народ со кој сé се објаснува. Секако дека е скандал и тоа ме разочара“, рече Ахмети.

Дали Боки 13 и Јанева се „дружат“ во Шутка?

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, поради безбедносна проценка на затворската управа, е во посебен оддел на истражниот затвор Скопје, заедно со уште една приведена, вели директорот на затворот Есад Рахиќ во интервју за Радио Слободна Европа.

Во принцип ниедно притворено лице не е само. Секогаш мора да има уште еден. Меѓутоа, со оглед на тоа дека станува збор за личност, која била специјален обвинител од посебен општествен интерес, и бидејќи тоа е така брзо направено, ние сметавме дека во еден временски период треба да направиме комплетна проценка од безбедносен и здравствен аспект, изјави Рахиќ во интервјуто, што ќе се емитува в недела.

На прашањето, пак, од Пресинг ТВ, дали е можно во рамки на затворот да контактираат Јанева, Боки 13 и Зоки Кичеец – Рахиќ кусо ни одговори – не!

Популарно