ВИДЕО: Елена Велевска се разведува, па не се разведува – пејачката конечно ја обелодени вистината

Елена Велевска во последните неколку месеци беше постојано во центарот на вниманието на јавноста.

Имено, пејачката пред некое време објави дека се разведува со својот сопруг Марјан и дека на нивниот брак дошол крај, па одлучиле дека тоа е најдобро за нив и нивните деца.

Во тој период таа преку Фејсбук статус објави дека се разведува и дека поднела бракоразводна парница.

Не помина многу време кога фолкерката се предомисли и одлучи да го повлече барањето за разводот и со Марјан да си дадат друга шанса.

-По долги разговори, како зрели личности, првенствено родители на три малолетни деца, јас и мојот сопруг Марјан решивме да го затвориме лошото поглавје во нашиот живот, и да му дадеме шанса на семејството, и секако на љубовта која што ја имавме со години наназад. Повлечена е бракоразводната парница, а од јавноста барам почит на нашата приватност и разбирање, изјави Елена за „Фокус“.

Во медиумите се појавија и вести дека наводно и Елена има ново момче, а таа сега пред камерите на „Бекстејџ“ отворено прозбори дали навистина се разведува и дали има нова љубовна врска.

„Ново момче сигурно нема. Не сме разведени и не знаеме што животот носи, не сакам да коментирам што ќе биде и како ќе биде. Ако кажам дека нешто ќе биде подоцна можеби и нема да се случи. Бевме во јуни месец на фамилијарен одмор, сега повторно ќе одиме на 13 август заедно со децата“ вели Велевска за „Бекстејџ“.

Сепак, изгледа пејачката и нејзиниот сопруг нашле заеднички јазик, а на бракот му дале втора шанса.

За потсетување, Велевска како причина која ја наведе за разводот со Марјан беше физичко насилство. А бидејќи од насилство и развод нема ништо, а од одмор ќе има, останува да ги следиме активностите на македонската фолекрка.

ФОТО: Македонската пејачка објави фотографија од детството

Македонската пејачка, која остави најголем впечаток на почетокот на нејзината кариера во српското музичко шоу „Пинкови ѕвездички“, денес и тоа како е успешна и во Македонија и во Србија.

Деновиве таа објави фотографија од себеси како дете.

Во опис на фотографијата напиша: „Погодете кој е?“. и даде фановите да одберат помеѓу одговорите „јас“ или „дефинитивно јас“.

Станува збор за пејачката Антониа Гиговска, која изминатиов период е актуелна и по тоа што ја обелодени врската со пејачот Иван од „Либеро бенд“.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

off to bulgaria💛

A post shared by Antonia Gigovska (@antoniagigovskaa) on

ФОТО: Татјана Стојановска го прослави својот роденден

Македонската презентерка Татјана Стојановска го прослави својот 45. роденден, а фотографии од прославата сподели и на сцоијалните мрежи.

Роденденот Стојановска го прослави во друштво на пријателите во скопски ресторан со музика во живо, забавување и пеење.

Погледнете:

ФОТО: Бремената Богдана лудо се забавуваше со другарките

Вељко Ражнатовиќ на свој својствен начин ја прослави својата ергенска вечер, па ето тоа го сподели со следбениците на социјалните мрежи и ги насмеа.

Имено, идната сопруга на синот на Цеца, Богдана Родиќ имала луда забава со другарките на моминската вечер, што можеше да се види од објавените снимки на ќерката на Цеца, Анастасија, на Инстаграм.Од друга страна, младоженецот денот го помина возејчи трактор, а фотографија од возењето објави неговиот другар.

Погледнете ја разликата меѓу моминската на Богдана и ергенската забава на Вељко:

Популарно