Пет тајни на жените кои никогаш не се дебелеат и живеат најдолго

Жителите на Јапонија во последните над 20 години го држат светскиот рекорд како жени со најдолг животен век, а во просек живеат 84 и пол години. Освен тоа, речиси никогаш не се дебелеат. Во продолжение дознајте која е тајната на нивната долговечност и младоликост.

Јапонската писателка Наоми Моријама е авторка на книгата ‘Japanese Women Don’t Get Old or Fat’ (Јапонките не стареат и не се дебелеат) во која се откриени тајните на долговечноста и вечната младоликост на „чудесните” Јапонки. Жените во Јапонија се хранат исклучително здраво, а јапонската култура налага сервирање на мали порции.

Нивната исхрана претежно се состои од риба, алги, овошје, соја, ориз, зеленчук и зелен чај. Освен што е здрава, оваа храна има и анти-ејџ ефект поради кој Јапонките секогаш изгледаат младолико.

Наоми Моријама во својата книга открива 5 тајни за фантастичниот изглед на Јапонките.

1.Жените во Јапонија речиси секогаш јадат оброци подготвени дома кои претежно се состојат од риба на скара, ориз, варен зеленчук, супа, зелен чај и овошје. Јапонките конзумираат дури 10% од вкупната конзумација на риба во светот, а ја сочинуваат само 2% од светската популација.

2.Храната се вари или се прави на скара, а наместо леб Јапонките јадат ориз. Вообичаениот јапонски појадок го сочинуваат парче риба, ориз, тофу, алги, супа, млад лук, омлет и зелен чај, се’ во мали порции.

3.Слатките десерти се реткост во јапонската кујна, а и кога се јадат секогаш се работи за мали количини. Не е дека Јапонките не сакаат чоколади и колачи – едноставно се свесни за последиците и штетните нуспојави на слаткото по здравјето.

4.Родителите ги учат своите деца да јадат бавно и да го ценат секој залак. Поради тоа Јапонците никогаш не ја полнат чинијата до врвот и не сервираат големи порции, а секој вид храна се послужува одвоено.

5.„Вежбањето е дел од секојдневната рутина во Јапонија, а за да го одржат здравиот начин на живот, Јапонците изградија цела култура на возење велосипеди, пешачење и трчање”, заклучува Наоми Моријама во својата книга.

ФОТО: Деми Роуз во црвен латекс костим ги збудале своите фанови

Британската старлета Деми Роуз објави жешки фотографии , за да го одбележи најтоплиот ден во годината.

За денот на вљубените Деми објави неколку фотографии облечена во црвен латекс костим и ги почести своите 5 милиони фанови. Иако е многу млада , Деми е една од најпосакуваните девојки на Инстаграм.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Stay up off my Instagram, pure temptation @dannydesantos 🖤

A post shared by Demi 🌹 (@demirose) on

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Not your Valentine🌹 @dannydesantos

A post shared by Demi 🌹 (@demirose) on

Тимберлејк раскажа како публиката фрлала шишиња со урина кон него

Еден од најпопуларните пејачи, но и еден од омилените меѓу женската публика, Џастин Тимберлејк (39) не баш секогаш поминувал добро на настапите.

Иако публиката го сака и доаѓа на неговите концерти, Џастин се присети на еден од најнепријатните искуства од своите настапи.

Тој на почетокот на кариерата доживеа голема непријатност и тоа на концерт со групата „Ролинг Стоунс“ во Торонто во 2003. година, кога од публиката го гаѓаа со шише со урина. Тимберлејк вели дека имал чувство дека нешто лошо ќе се случи.

-Само се сеќавам дека му реков на бендот пред да излеземе на бина: Мислам дека ова нема да помина добро. Така и беше, истакна пејачот.

Иако од публиката фрлале шишиња со урина, Џастин одлучи да не го прекине настапот, туку остана на бина. Првото шише го избегна играјќи на сцената, а настапот го продолжи изведувајќи песна на клавир, кога уште едно шише полетала кон неговата глава, но публиката наскоро престанала да фрла шишиња.

-Или изгубија трпение зашто останав на бината или снемаа урина. Имам доста трауми од тогаш, вели Тимберлејк.

Пејачот истакна дека е горд на тоа како ја преживеал ситуацијата која настанала во тој момент, но ги советуваше младите генерации да бидат упорни и истрајни.

ФОТО: Таа носи совршена комбинација, но од долниот дел луѓето со солзи се смеат

На прв поглед, оваа дама можеби и премногу се средила за одење во супермаркет, но чекајте да го видите долниот дел од фотографијата.

Сигурно сме дека дамата од фотографијата била уверена дека целиот маркет гледа во неа поради фустанот кој супер ѝ прилега, но за жал, причината за тоа е сосема поинаква.

Иако целата комбинација е како што треба, еден детаљ е многу важен, а тоа е дека фустанот е проѕирен. Некој ја фотографирал на пазарење, па фотографијата станала хит.

Популарно