Героски: Дали тоа Зоран Заев мене ми се заканува?

Новинарот и уредник на ПлусИнфо, Бранко Героски на својот Фејсбук профил повторно му се обрати на премиерот Зоран Заев:

- ШОКАНТНА, ДИСКРИМИНИРАЧКА, ЗАКАНУВАЧКА И СРАМНА ИЗЈАВА НА ПРЕМИЕРОТ ЗОРАН ЗАЕВ

Шокиран сум од изјавата на премиерот Зоран Заев. Особено што тој со половина од "криминалците" што ги спомнува бил во директна или посредна комуникација. "Педерот" што го спомнува го крунисаа тој и неговите министри и градоначалници.

Дали кога вели "еден суетен новинар" мисли на мене? Ако мисли, нека собере храброст тоа јавно да го каже. И прашувам јавно - дали тоа Зоран Заев мене ми се заканува?

Како и да е, барам премиерот Зоран Заев веднаш јавно да се извини за оваа срамна, крајно безобразна и дискриминирачка изјава, од која извираат нетрпеливост, закани и говор на омраза.

Очекувам јавноста, институциите што се овластени да ги штитат граѓаните од дискриминација, новинарските здруженија и претставниците на меѓународната заедница да ја осудат оваа скандалозна изјава на премиерот Заев.

Героски: На Заев му се ближи крајот

Бранко Героски преку својот Фејсбук профил му порача на премиерот Зоран Заев да не го тужи новинари, затоа што тоа по правило значи крај за политичката кариера на политичарот.

- Њутнов закон во политиката: На политичар што тужи новинари му се ближи крајот. Другарчиња, ајмо сите ручна!

Фросина Ременски за „Џандар збира“ на својот сопруг

По најавите на Јовче Ременски преку својот „Фејсбук“ профил дека од понеделник ќе има „џандар збира“, се огласи и Фросина Ременски и застана во негова одбрана.

- Ах тој СЛЕНГ ...„Спотер“ е збор што се користи во играње џамлии и означува стекнување право на дополнителен удар преку поткачување на една џамлија. Се работи за еден вид верижен процес, односно за индиректен удар од првата џамлија врз третата, извршен преку допир со посредникот. Често, спотерот е намерен, односно значи „подместување" до џамлијата на ортакот за тој да може да се приближи до противникот и да го гаѓа на сигурно.  "Спотерот" го има и во други "игри", како на пример, во билијардот или "параполициски операции".  Во скопскиот СЛЕНГ буквално значи доброволно подместување за некој друг да ќари, или во поширока смисла – беспоговорно, слепо, сервилно и некритичко поддржување на некого или нешто, и тоа сè заради личен интерес, напиша таа.

- Во полициските науки сеуште нема лингвист/професор јунак што покрај полицискиот терминолошки речник ќе напише речник на македонски полициски жаргони. Ова не е затоа што нема кој да напише и истражи, туку затоа што кај нас нема воспоставен полициски жаргон со кој се служи полицијата во своите полициски постапувања. 

За среќа полицијата го препознава СЛЕНГОТ на криминалните групи и лесно идентификува индиции за криминални дејствија.

СЛЕНГОТ или жаргонот во полициите во САД и други земји е дозволен, но кај нас ниту го има, ниту може да биде јазик на комуникација интерно и екстерно во полициските кругови. 

Вревата околу "Џандар збира" и преводот што си го направија со "полициски СЛЕНГ", како и филмовите околу тоа е безобразно ефтин продукт на СЛЕНГ пропагандата во смисла на онаа народната "Гладна кокошка просо сонува".

Соновник да напишевте попродуктивен ќе беше, вака и партија карти не знаете да изиграте, додава Ременски.

Ахмети: Не е „Рекет“ местенка, туку алчност

„Пред лицето на правдата треба да биде изведен секој кој ги прекршил законите“, вели лидерот на ДУИ Али Ахмети кој бара до крај да се расветлат сите околности околу случајот „Рекет“.

„Не сметам дека ова е сценарио на некакви кругови и наметнато од страна. Тоа настанало во околности кои треба да се истражат и расветлат. Тука станува за личната алчност на поединци.

‘Алчноста го уништува човекот“ е израз на нашиот народ со кој сé се објаснува. Секако дека е скандал и тоа ме разочара“, рече Ахмети.

Популарно