(ВИДЕО) Заев: Настапот на Катица Јанева е идиотски!

На прашањето дали премиерот Зоран Заев е разочаран од специјалната јавна обвинителka, Катица Јанева на денешната ckaндалозна изјава на премиерот по повод 18 години од Рамковниот договор, тој истакна дека настапот на специjaлката бил идиooтски.

Новинарката запраша, ве изневepи ли Катица Јанева?

-За мене идиooтски е настапот. Засега соогласно дokазите кои што ги има. Јас очекувам истpaгата да ги покаже дokaзите за секој. Вклучително и за Катица Јанева, Зоран Заев, за било кого во самите истpaги.

Чувствувам жалење за сите вас со кои сум имал контакт

Градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу на својот Фејсбук профил објави дека е позитивен на Ковид-19. Тој апелира до граѓаните за внимание и почитување на заштитни мерки и препораките.

– По извршениот тест вчера за можноста на заразен со Ковид-19, ве информирам дека резултатот е позитивен. Чувствувам жалење за сите вас со кои сум имал контакт. Заедно ќе го надминеме и ова!, напиша Ганиу.

Нови 76 позитивни на Ковид19

Во последните 24 часа се направени 885 тестирања, а регистрирани се 76 нови случаи на ковид-19.

- Скопје 52

- Куманово 2

- Штип 1

- Тетово 14

- Велес 2

- Гостивар 2

- Кочани 1

- Пробиштип 1

- Кратово 1

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 26 оздравени пациенти.

- Скопје 12

- Куманово 2

- Тетово 11

- Гостивар 1

Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Струга (56г) примена во болницата на 21 мај како сомнителна на ковид, потврдена позитивна по прием во болница.

Досега во земјата се направени вкупно 31187 тестирања на ковид -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 127 теста се во рамките на скринингот. Тестовите се направени во градинки во Скопје и геронтолошки установи и не се потврдени позитивни случаи на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2391, бројката на оздравени пациенти е 1595, на починати е 141, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 655.

Се извинуваме поради доцнењето на денешната статистика со состојбата со коронавирусот, до овој момент се чекаа податоците од приватна лабораторија.

ССМ: На работниците да им се исплатат деновите кога нема да одат на работа, ако се затворат компании во Штип

Сојузот на синдикати на Македонија апелира до надлежните институции при носењето на евентуална одлука за затворање на текстилните компании во Штип да им бидат платени на работниците деновите кога нема да одат на работа.

Од работодавачите се бара да ги преземат сите мерки за заштита на здравјето на работниците, како на работните места, така и при организирањето на превозот на работниците од и до работните места, а од инспекциските служби се бара поажурно и навремено да ги преземаат сите законски мерки за спречување на ваквите појави.

– Потсетуваме дека правото на соодветна заработувачка определено во одредбата од член 32 став 3 од Уставот на Република Северна Македонија е економско право на работниците и никој неможе истото да им го скрати спротивно на Закон и Колективен договор. Согласно Законот за работните односи член 112, ст.1 „Работникот има право на надоместок на платата за целото време на отсуство во случаите и во траење определени со закон, како и во случаите кога не работи од причини на страната на работодавачот“, а согласно точка 9 од истиот член „Работодавачот е должен да му исплати на работникот надоместок на плата за денови и часови, колку што изнесува работната обврска на работникот на денот кога заради оправдани причини не работи“, наведува ССМ.

Синдикатот ги охрабрува работниците синдикално да се организираат и да пријавуваат секакво кршење на работничките права, за да може да се спречат ваквите негативни појави во иднина.

Популарно