ФОТО: Азис има ќерка, еве како изгледа таа – иста како мајка и

Бугарската фолк ѕвезда Азис, за кого отворено се знае дека има бисексуални склоности, иако повеќето го сметаат за чист хомосексуалец, малкумина знаат дека Азис има и дете.

„Никој никому не му ги одзема родителските права. Со Азис сме во совршени односи. Тој може да ја гледа Раја, кога и да посака“.

Ова го изјави Гала, „несудената сопруга“ на Азис и мајка на неговото дете по повод скандалот во врска со родителски права, пишува бугарска HotArena.

-Мислев да не коментирам ништо на оваа тема, бидејќи не сакам моето име да биде цитирано некаде, но многу се налутив на написите по медиумите. Ќе кажам само дека тоа се глупости, изјави мајката на единственото дете на Азис.

Во Бугарија, оваа постапка е долга, и ако ме прашате, сè е направено поради судски трошоци, рече Галина Георгиева, како што е вистинското име на мајката на Раја.

Таа е категорична дека со пејачот се во совршени односи и одлично се разбираат.

-Вистината е една – ние со Азис имаме дете, си го гледаме и многу го сакаме, рече мајката на малата Раја, која сега има нешто повеќе од 10 години, додека Азис веќе со години живее со еден маж.

Во меѓувреме, Азис потполно го промени својот изглед и сега изгледа вака:

Цеца во тајна врска со бизнисмен и се сели во Америка

Животот на Цеца Ражнатовиќ постојано е под лупата на јавноста. Секој нејзин чекор со внимание се следи. Што прави, со кого се дружи, каде излегува и со кого оди на одмор. Сето тоа брзо се дознава, но со кого Цеца се забавува и кој и е момче никој не може да открие.

Дали пејачката сега е во врска или не е, дали повторно ќе се омажи и кој ќе и го украде срцето, за ВИП магазинот, открива астрологот Душан Величковиќ.

Цеца после многу години ќе се заљуби. Таа зад себе има напорни десет години, а од мај годинава се и тргна на подобро. Децата ги изведе на прав пат и сега е време да се сврти кон себе. Се што прави, прави со многу успех. Бидејќи прогресивниот Месец влегол во планетата на Лав, Цеца конечно ќе може да се опушти и да се препушти на љубовта. Овој септември би можела целосно да одлепи по некого. Освен љубов, ја чека многу поволна година што се однесува до работата. Таа и досега имаше голема популарност, но годинава и се смее уште поголема наклонетост на публиката – вели Величковиќ и додава дека Цеца можеби ќе се пресели во Америка.

Веќе подолго време на Цеца и стои дека ќе биде поврзана со Америка. Таа таму би била најсреќна и би можела да го најде човекот на својот живот. Меѓутоа бидејќи е многу врзана за нашата престолнина, ако и се случи љубов на американскиот континенет, таа ќе живее на релација Америка-Белград. Доколку пак не биде во Америка, таа во Србија ќе најде човек кој целосно ќе ја маѓепса. Поради Венера во Рак, Цеца е семеен тип на човек и едвај чека повторно да биде заљубена и да се грижи за некој маж. Нејзиното срце може да го освои само шармантен и многу интелигентен маж. Таков човек може да биде само од светот на бизнисот, кој има самодоверба и држење за да се носи со жена како што е Светлана – вели Величковиќ.

ФОТО: На роденден ја дочека изненадување

Македонската пејачка Елена Миленковска, по учеството на музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд3 остана да живее и работи во Белград.

Во врска е со нејзиниот колега од Гранд, Гуте Маринковиќ, кој за  нејзиниот роденден ѝ направи изненадување.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Elena Milenkovska (@elenamilenkovskaa) on

Тој одлучи да ја запроси пејачката токму за нејзиниот роденден, а по објавувањето на веста за нивната веридба, честитките не престанале.

ФОТО: Росана во сред лето и го направи омилениот специјалитет на Маријана

Маријана и Росана веќе подолг период уживаат во Македонија. Пред извесен период тие го прославија роденденот на Ивана, ќерката на Росана, и според фотографиите кои ги споделуваат на интернет можеме да заклучиме дека уживаат во престојот во Македонија. Росана на својата сестра која веќе подолг период живее во Австралија и го подготви омилениот специјалитет и тоа во лето – сарма.

Росана со емотивна порака за роденденот на ќерката Ивана – „Ти си наша убавица, ангел, душа…“

Пејачката Росана Сариќ Тодоровска со емотивна порака и фотографија и го честита роденденот на својата ќерка Ивана.

Инаку, во моментов во Македонија е и Маријана, сестрата на Росана која веќе долги години живее во Австралија, а двете сестри секојдневно на Фејсбук објавуваат фотографии од нивните дружби и ручеци.

Популарно