Секој ден земала од оваа БИЛКА и се решила од голема мака

Повеќето луѓе имаат проблем со надуеност и гасови. Непријатни грчеви во желудникот ги вознемируваат цревата, а сето тоа е како последица на начинот на кој се внесува храната во организмот. Исто така, гасови се појавуваат и при консумирање на одредени намирници.

Храната нормално е најголем проблем за гасовите, а овде пред се спаѓаат: топлиот леб, овошје, зеленчук (особено карфиол, боранија и грашок), млечни производи и газирани пијалоци.

Наведените намирници содржат многу јаглено хидрати кои организмот не може во потполност да ги свари, при што доаѓа до појава на гасови.

Поради храната која тешко се вари, стомакот најчесто покажува надуеност, но тоа може да биде и знак дека во телото се развива опасна болест, како карцином.

Ако чувствувате тешкотии во стомакот, треба веднаш да посетите лекар, а многу стручњаци за лекгување на овој проблем препорачуваат билка која речиси секој ја има дома.

Станува збор за магданос, кој е диуретик, антисептик и го регулира воспалението, а со векови е познат како многу лековита билка во народната медицина.

Магданосот има кармминативни својства, како и босилек, сенф и камилица, што го прави моќен природен лек кој решава проблеми со надуеност и гас. Може да се подготви чај од магдонос, да пиете вода во која стоел претходно или да го ставите во садот и со тоа ќе помогнете во регулирање на метаболизмот и функцијата на цревата.

Исто така, магдоносот содржи фолни киселини, антиоксиданти (флавониди), здрави соединенија (миристин и апиол) и витамини К, Ц и А, па затоа е одличен природен лек за целото тело. Многу експерти препорачуваат и ѓумбир во борбата против надуеност.

Исчистете го телото од токсини и спречете ги опасните заболувања на црниот дроб и камењата во бубрезите, и еве еден домашен лек за да го пробате.

Ставете чаша вода да зоврие, а потоа додадете лажичка куркума и лажичка прав ѓумбир. Промешајте во пијалокот, а потоа додадете една чаша млеко.

Процедете го пијалокот и засладете го со мед. Ѓумбирот и куркумата се познати како најбрза елиминирачка храна во организмот, а нивната комбинација со мед и млеко ќе го зачува здравјето на органите.

Во понеделник се раѓаат среќници, во четврток-успешни

Еве што денот на раѓање, според народни верувања, зборува за вашиот живот.

Понеделник

Понеделник е прв ден во неделата и се смета  за најсреќен. Се вели дека детето кое ќе се роди во понеделник ќе има долг и успешен живот. Со овој ден почнува нова недела, а според верувањата овој де е идеален за почнување на било каква работа. Господ го почнал создавањето на светот во понеделник, па токму затоа е добро човек да започне важни работи токму на тој ден.

Вторник

Вториот ден во неделата се смеат за најнесреќен ден па затоа луѓето родени во тој ден нема да имаат лесен живот. Во вторник , според верувањата и волците го чуваат крзното повеќе од другите денови. На овој ден не чини да се започнува било каква работа, бидејќи е баксузен, па и работата ќе оди на лошо и нема добро да се заврши.

Среда

На овој ден може да се започнат работите и да се тргне на пат. Се верува дека бебињата родени на овој ден ќе бидат напредни и здрави. Дете кое ќе прооди во среда ќе биде среќно и богато.

Четврток

За четврток се вели дека е среќен ден. Дете кое ќе се роди на овој ден ќе биде среќно и успешно во животот. На овој ден во минатото се започнувале работите во полињата, а било добро и да се оди да се побара рака на саканата. Се верува дека работите во полето и браковите треба да бидат склопени во четврток за кој се верува дека е ден на плодност и изобилство.

Петок

Петок, според народните верувања,  е еден од несреќните денови. Се верува дека во петок најлесно може да станете цел на “демонски сили“ и затоа на овој ден не треба да се започнува со никаква работа бидејќи ќе еве следи малер. На овој ден не треба да се оди на пат, а детето родено на овој ден според верувањата нема да има многу среќа во животот.

Сабота

Сабота е ден најчесто посветен на мртвите. На овој ден човек треба да биде внимателен да не му се случи некакво зло. Дете родено во сабота ќе биде необично но токму затоа е биде имуно на “лоши суштества“. Се вели дека родените на овој ден имаат изразена интуиција, видовити се и може да видат она што другите не можат. Во многу верувања се спомнува дека токму децата родени во сабота имаат способност да откријат закопано благо и станата богати и успешни луѓе.

Недела

Недела е ден за одмор. Господ, според христијанските верувања шест дена го создавал светот и тогаш седмиот – недела, седнал да се одмори ужива во плодовите на неговата работа. Поради тоа во народот постојат многу верувања  врзани за овој ден, а кои се однесуваат на одмор и поминување на времето со семејството. Човек роден во недела ќе биде исклучително среќен, се верува дека ќе живее во изобилство и нема многу физички да работи.

Дали си свесен дека никој досега не го надмудрил животот?!

Дали си свесен дека никој не го надмудрил животот и дека секој добива точно онолку колку што заслужил иако понекогаш распределбата делува неправедна?

-Сакаш сериозна врска, но не сакаш брак.

-Сакаш брак, но не сакаш компромиси.

-Сакаш дете, но не сакаш обврски.

-Сакаш љубов, но да не те боли.

-Сакаш кариера, но не сакаш да се трудиш.

-Сакаш успех, но не сакаш откажување.

-Сакаш многу пари, но набрзина.

-Сакаш здравје, без дисциплина и самоконтрола.

-Сакаш стан, ама родителите да ти го купат.

-Сакаш да одиш на луксузно патување, но со малку пари.

-Сакаш да те сакаат, а ти да ги игнорираш.

-Сакаш да добиеш сѐ, ама ако може ти да не дадеш ништо.

-Сакаш да брзаш, а да не потрчаш.

-Да леташ, а да не рашириш крилја.

-Да сакаш, а да не крвариш.

-Да растеш, а да не се истегнеш.

-Да ризикуваш, но да играш на сигурно.

-Ти би сакал да го живееш животот, но животот да не те оштети тебе.

-Малку да се вложиш себеси, а да ти го даде најдоброто од себеси.

Арнолд Федорович Смејановиќ: Ова е најлошо нешто за мозокот

Кога станува збор за хирургија, неврохирургијата го зазема второто место според сложеноста, веднаш позади кардиохирургијата.

До операција на мозокот најчесто доаѓа поради големи повреди, анеурезма и тумор, а повеќе детали на оваа тема открива академикот и познат неврохирург Арнолд Федорович Смејановиќ, кој во текот на својата долга кариера има направено над 3000 операции на мозок.

– Мозокот е орган како и сите останати. Правиме многу интервенции и многу од нив се потполно успешни интервенции- открива докторот и вели дека мозкот е помоќен од било која супермашина и дека се уште е неверојатна мистерија.

Овие работи за мозокот, д-р Смејановиќ ги открил, благодарејќи на секојдневните операции.

1. На многу прашања нема одговори. На пример, сфативме дека бројот на мзоочни функции и неговата способност немаат врска со интелигенцијата. Не ја сфаќаме ни масата, ни волуменот на мозокот. Верувате ли дека мозокот на генијалец и мозокот на личност со низок коефицинет на интелигенција изгледаат потполно исто?

2. Количината на сивата маса и шитината на умот немаат никаква врска. Луј Пастер, основачот на микробиологијата и имонологијата, имаше само една хемисфера во мозокот, а живееше и работеше исто како и другите луѓе, дури постигна и многу повеќе.

3.Туморот не мора навистина ништо да промени. Пред 40 години асистирав на операција на голем тумор на мозок кај млада студентка на музичка академија. Кога го извадивме туморот, сфативме дека една хемисфера е скоро потполно уништена. Девојката заздрави, заврши академија, се омажи за милионер, и ден денеска преубаво свири!

4. Најневеројатното откритие за мене беше тоа што свеста нема никакво „место“ во телото и дека врската меѓу мозокот и мислите се тотална мистерија. Оваа тајна ја знае само Бог.

5. На мозокот му е неопходен тренинг, знаење, читање, размислување за убавината, патување во потсвеста и разбирање како добро да се работи.

За крај, д-р Смејановиќ го дава најважниот совет:

6. Не дозволувајте мозокот да ви стане мрзлив, инаку ќе ослабне брзо. Читајте, одлучувајте, размислувајте, грижете се. Не дозволувајте да станете рамнодушни- тоа е смрт за мозокот!

Професор д-р Смејанович е член на Белоруската академија на науките и истакнат научник од областа на неврохирургијата. Тој е почесен научник на Република Белорусија. Работел како истражувач, супервизор и водач на неврохируршкото одделение во болницата во Минск, бил директор на Институтот за неврологија, неврохирургија и физиотерапија, министер за здравство на Белорусија, а од 2006 година раководи со невролошкиот оддел на клиниката за неврологија и неврохирургија во регионалната болница во Минск. Тој е автор на повеќе од 400 научни трудови и изумител на 25 патенти. Во текот на својата долга кариера, тој има извршено повеќе од 3.000 операции на мозок.

Популарно