Сопственикот на ресторанот имал дозвола да кастрење на дрвата во Капиштец, но...

Казна од 2.000 евра доби сопственикот на ресторан на улица „Народен Фронт“ во Скопје кој за време на викендот ги исече сите гранки на шест здрави дрвја.

Ресторанот добил дозвола од Градот Скопје за поткастрување на гранките, но по извршениот увид на инспекторите е утврдено оштетување.

„Градот Скопје издава решенија или за сечење или за кастрење на дрвјата. Во конкретниот случај од нас беше побарано кастрење, односно кроење на крошните што е нормалн активност во одржувањето на дрвјата. За жал, при самиот процес не е постапено согласно одобрението коишто го има издадено Град Скопје и веднаш во неделата, дента кога се сечеа дрвјата, инспекторатот излезе на терен, но за жал за неколку дрвја беше премногу доцна да се стопира сечата и беше изречена казна која беше и платена во нашиот град, што порано и не било пракса. Ние не можеме да спречиме злоупотреби, но секогаш кога ќе има злоупотреба на одобренијата кои ги издава градот, ќе бидат санкционирани“, рече градоначалникот Петре Шилегов на прес-конференција.

Тој појасни дека овие дрвја се во приватна парцела и Градот не може да наложи уредување на дворот, но можат да го казнат сопственикот, а за јавниот простор, најави дека ќе се потрудат да го зголемат зеленилото.

„Проект среќа“ започна да гради домови на сиромашни семејства

Многу дечиња се израдувани и развеселени во изминативе 5 години, откако постои здружението „Проект Среќа“. Пред здружението кое започна со подарување новогодишни пакетчиња и училишен прибор, денес стои поголем предизвик.

Наместо ситни подароци, претседателката на „Проект среќа“, Кристина Арнаудова одлучи на децата кои живеат во несоодветни услови, да им направи куќи. Станува збор за проектот „Топол дом за сите“.

Извор: slobodenpecat.mk

ВИДЕО: Во центарот на Скопје гладијаторски борби меѓу малолетници

Две момчиња се тепаат, а стотина други страсно навиваат. Сцената, која наликува на бокс-меч на отворено, ја следат и возрасни луѓе кои заедно со малолетниците го чекаат исходот.

Тепачката се случила минатата недела во скопски Капиштец. Очевидци велат дека оваа борба меѓу децата среде бел ден, во центарот на градот, не се случува прв пат. Пријавиле во полиција, но и по една недела од настанот, МВР сѐ уште го истражува инцидентот.

Мечките Марко и Мартина ќе си заминат од Зоолошка градина

Живеалиштето им е многу мало, па затоа мечките Марко и Мартина ќе си заминат од скопската Зоолошка градина. 

Од Зоолошката велат дека мечките ќе ги донираат во некоја друга зоолошка со која соработуваат. 

ИНнаку во нашата Зоолошка има четири мечки, а живеалиштата им се мали. Марко и Мартина ќе заминат, а ќе останат браќата Бим и Бум.

Од Зоолошката најавуваат дека во иднина ќе го реновираат живеалиштето на мечките кои ќе останат се со цел да добијат нормални услови за живеење. 

Популарно