„Рускоска не му дозволи на мојот сопруг за последен пат да се прости со неговата мајка“

Денеска обвинителката Вилма Рускоска дозволи Катица Јанева да се прости со нејзината мајка која почина вчера, 4 часа пред нејзиното приведување. За ист случај пред само година дена, Рускоска одлучила поинаку.

Станува збор за Душко Лазаров вработен во МВР, кој дента на 27 април бил дежурен во оперативниот штаб кој е осуден за терористичко загрозување на уставниот поредок. Рускоска тогаш не дозволи Лазаров за последен пат да се прости со неговата мајка која почина за денот кога тој беше приведен поради настаните од 27-ми април.

Сепак Пацка Лазаров, сопругата на веќе осудениот Лазаров, излезе поголем човек од сите гореcпоменати, па во коментар на Фејсбук изрази coчуство на Јанева. Лазарова ја потсети Рускоска за немилосрдноста која ја имала кон осудените во случајот 27-ми април.

–Coчуство до обвинителката Јаева за смрта на нејзината мајка но уште едно големо coчусво за правосудниот систем. Судбината сакаше на денот на апсењето кога слушна дека е приведен, почина мајката на Душко Лазаров ама тогаш Вилма Рускоска не одлучи човечки и не му дозволи да се прocти за последен пат од неговата мајка. Најчовечно ја молам обвинителката Рускоска барем за момент кога се најде во ваква ситуација да се сети на пролеаната coлза на мојот сопруг по починатата мајка и за непpaвдата која му ја нанесе, пишува Пацка Лазарова.

Светиот маченик Трифун - заштитник на лозарите

Момчето што на 17-годишна возраст со Божја помош ја излекува царската ќерка Гордана која што не можеше да ја излекува ниту еден лекар во империјата се стекна со голема слава и настрада на 21-годишна возраст, но остана во споменот на целиот христијански православен свет како поим за младост и доследност на христијанските традиции. Подоцна за свој покровител го зеле градинарите, лозарите и меанџиите.

(Именден празнуваат: Трифун, Трајан, Трајанка, Трајко, Трајче…) .

Светиот маченик Трифун е роден околу 225 година во Кампсада, во малоазиската област Фригија, во близината на градот Апамија. Неговите родители биле христијани и уште рано кај него ја поттикнале љубовта кон Христовата вера. Во детството чувал гуски, но уште тогаш се истакнал со исцелителска способност. Со Божја помош лечел болни од разни болести и од луѓето ги бркал лошите демони. За неговите чуда се раскажувало во целата империја поради што бил викнат во Рим кај царот Гордијан, кого што во тоа време го снашла голема несреќа, бидејќи ќерка му Гордана се разболела од душевна болест и не можел да ја излечи ниту еден лекар во империјата. Во еден момент нечистиот дух од неа проговорил дека никој не може да го избрка освен Трифун. Најпосле, по Божја промисла во Рим пристигнало и младото, 17-годишно момче од Кампсада, коешто за кусо време ја излечило царската ќерка и се стекнало со уште поголема слава. Од царот било дарувано со многу дарови кои на враќање им ги разделило на сиромасите.

За невработените бесплатно до возачка дозвола за категориите ,,Ц‘‘ и ,,Д‘‘

Државата ќе ги подобрува вештините на невработените за да најдат работа, но и ќе им помага и да почнат сопствен бизнис. Мерките кои годинава се под мотото “Шанса за сите“ предвидуваат дел од невработенте да се преквалификуваат. На пример, државата ќе обезбеди обуки за полагање на Ц и Д категорија. Ќе обезбеди и поддршка од 9.000 денари месечно за лицата кои ќе ќе одат на обуки кај познати работодавачи. Пари ќе има и за работодавачите кои ќе прифатат да примат невработени на обука. Посебен фокус се лицата кои ќе се преквалификуваат за ИТ вештини.

Најголем дел од парите ќе бидат наменети за лицата кои ќе почнат сопствен бизнис. За ова се предвидени над 7 милиони евра и со неа ќе бидат поддржани над 1300 нови бизниси.

Оперативниот план на Владата за оваа година тежи рекордни до сега 22,7 милиони евра, а дел од нив ги обезбеди УНДП. Планот годинава ќе опфати околу 12.000 лица.

Премиерот Оливер Спасовски вчера потврди дека доставил до Собранието предлог за разрешување на Мизрахи

Предлогот за разрешување на техничката министерка за труд и социјална политика Рашела Мизрахи е ставен за денеска на собраниска седница.

Џафери денескасвика две седници, првата 135. беше закажана во 11 часот за Предлог-законот за Јавно обвинителство и за Предлог-законот за Советот на јавни обвинители, додека на 136. седница која е закажана за 15 часот како една од точките на дневен ред е Предлог за разрешување на член на Владата на Република Северна Македонија.

Премиерот Оливер Спасовски вчера потврди дека доставил до Собранието предлог за разрешување на Мизрахи, а барањето за разрешување следува откако министерката неколкупати се појави на прес-конференција во МТСП пред табла со името „Република Македонија“.

Спасовски посочи дека во предлогот доставен во Собранието за разрешувањето на Мизрахи, тој нема дадено ново решение и затоа, нагласи, тоа останува на опозицијата.

– Очекувам дека опозицијата ќе биде мудра и ќе даде кандидат, што го почитува Уставот и законите. На пример еден од пратениците кои гласаа за Северна Македонија и Протоколот за НАТО, како можно решение. Одлуката е нивна кого сакаат нека предложат, јас ќе го прифатам, изјави Спасовски.

Ставот на Мизрахи е дека таа табла ја затекнала во Министерството кога ја презела функцијата, и оти пред неа и во минатото поранешната министерка Мила Царовска одржувала средби и прес-конференции. 

Популарно