ФОТО: Росана во сред лето и го направи омилениот специјалитет на Маријана

Маријана и Росана веќе подолг период уживаат во Македонија. Пред извесен период тие го прославија роденденот на Ивана, ќерката на Росана, и според фотографиите кои ги споделуваат на интернет можеме да заклучиме дека уживаат во престојот во Македонија. Росана на својата сестра која веќе подолг период живее во Австралија и го подготви омилениот специјалитет и тоа во лето – сарма.

Росана со емотивна порака за роденденот на ќерката Ивана – „Ти си наша убавица, ангел, душа…“

Пејачката Росана Сариќ Тодоровска со емотивна порака и фотографија и го честита роденденот на својата ќерка Ивана.

Инаку, во моментов во Македонија е и Маријана, сестрата на Росана која веќе долги години живее во Австралија, а двете сестри секојдневно на Фејсбук објавуваат фотографии од нивните дружби и ручеци.

(ВИДЕО) Кристина Димитријовска: Пријатели сме со Даниел, не се мразиме

Најпрвин беше манекенка. Потоа стана фитнес инструкторка. Пред неколку месеци реши да се проба и како пејачка. Нејзиното име е Кристина Димитријовска, односно поранешната сопруга на Даниел Кајмакоски.

За прв пат во јавноста, Кристина си ја отвори душата и пред камерата на естрадниот магазин Бекстејџ ги раскажа причините за разводот со Даниел.

Додаде дека и понатаму се пријатели и дека не се мразат. Во контакт се најмногу поради нивното дете. А деновиве пак,  на големо се шушкаше дека нашла нова љубов и има дечко. Колку вистина има во сето ова погледнете во продолжение:

ФОТО: Јелена Карлеуша на аеродром ја дочека нејзината тетка

Српските медиуми ја фотографирале Јелена Карлеуша додека се враќала од еден настап од странство, а на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ ја дочекала нејзината родена тетка Данијела.

Познато од претходно е дека пејачката има исклучително близок однос со сестрата на својата мајка Дивна, кој станал уште посилен откако ЈК пред скоро една година останала без својата најголема поддршка во животот. Јелена од детството секогаш истакнувала дека со тетка ѝ има близок однос и може да разговара на најразлични теми, а многумина велат и дека многу личи на неа.

Како и да е, тетка ѝ овој пат била на висина на задачата, затоа што не само што дошла по Јелена, туку и ѝ помогнала околу багажот.

ФОТО: Причина за славење во домот на Мартин и Стефан од „Некст тајм“

Дуото од „Некст тајм“, Мартин и Стефан, како и нивниот постар брат Филип деновиве имаа убава причина за славење.

Нивната мајка Сузана славеше роденден. Мартин одлучи да сподели семејна фотографија преку која ќе ѝ го честита родененот на мајка си.

Популарно