„Заpаботив доволно за да ја хpанам цела Србија“

Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ одлично ја почна сезоната, откако славеше на Австралијан опен, по рекорден седми пат, а со неговиот најнов потег повторно го воодушеви цел свет.

Ѓоковиќ кажа дека паpите не му се пpоблем, па реши да отвори ресторан за бездомници во Србија.

„Пар ите не ми се проблем, зара ботив доволно за да ја нах ранам цела Србија. Мислам дека заслужуваат такво нешто, зашто секогаш ме поддржувале. Уште не знам која ќе биде точната локција, но ќе биде некаде во Србија“, вели Србинот.

Србинот кога има слободно време го троши во кујната, зашто голема страст му е готвењето.

Како момчето од бомбардираниот Белград го освои светот – Емотивно интервју на Новак Ѓоковиќ за Си-ен-ен: „Децата плачеа, не престанував да треперам до утрото“

Новак Ѓоковиќ имал 11 години и спиел во кревет кога го разб удила екс плозија, проследена со сирена и парчиња искр шени стакла.

Тоа било 24-ти март 1999-та година кога почнало бом ба рдирањето на Белград од страна на НАТО и траело 78 денови, пишува американскиот Си-ен-ен, истакнувајќи дека Новак, додека неговиот татко Срѓан ѝ помагал на неговата мајка Дијана која ја изгубила све ста бидејќи со главата се удр ила од радијаторот, ги барал своите браќа кои тогаш имале осум и четири години.

„На 11 години јас бев голем брат. Бев задолжен за нивната бе збедност од почетокот на бом бардирањето. Се сметав за одговорен за нивната бе збедност кога си лите на НАТО почнаа со бомб ардирањето“ – напишал Ѓоковиќ во автобиографијата.

Две децении подоцна, 32-годишниот Ѓоковиќ е фаворит за новото освојување на УС опен кое почнува на 26-ти август во Њујорк. Како што наведуваат од Си-ен-ен, Ѓоковиќ освоил четири од последните пет гренд слем турнири и сега има 16 трофеи, само два помалку од Надал и четири од Федерер.

„Момче како јас, да расте во Србија и да стане светски шампион? Тоа е малку веројатно. А уште кога ќе почнат да паѓаат бомби тогаш тоа е неверојатно“ – напишал Ѓоковиќ. Во првото поглавје на книгата Ѓоковиќ се присетува на ноќта за која вели дека му го променила животот засекогаш.

Откако на Дијана Ѓоковиќ ѝ се вратила свеста, семејството тргнало кон зградата во близина во која живеела тетката на Новак, а која имала засолниште. Додека неговите родители трчале по улицата со браќата, Ѓоковиќ паднал на улица. „Тогаш се случи. И ден денес гласните звукови ме исполнуваат со страв“ – пишува Ѓоковиќ.

Видео:Го „реши“ за 40 секуди

Доцна синоќа Конор Мекгрегор  се врати во октагонот со стил, тој успеа за само 40 секунди да обезбеди технички нокаут над Доналд „Каубој“ Серон и да најави дека „кралот“ се враќа на врвот.

Во првиот меч за „Ноториус“ по поразот во четири рунди од Хабиб Нурмагомедов пред 15 месеци, Ирецот се соочи со УФЦ легендата Серон, и веднаш на стартот, Мекгрегор се обиде да го погоди противникот со левицата, по што двајцата влегоа во клинч, а Мекгрегор со рамото му го скрши носот на Серон

Серон очигледно беше во дефанзива, а Мекгрегор „намириса крв“ и со низа удари предизвика судијата Херб Дин да го прекине мечот по само 40 секунди.Со оваа победа, Мекгрегор си „отвори“ многу врати, од која една опција е дуел со Хорхе Масвидал кој беше во првиот ред во „Т-Мобиле арената“, како и долгоочекуваниот ри-меч против Хабиб

Диви се врати дома

Ракометниот клуб Тинекс Пролет успешно го комплетираше трансферот на  македонски репрезентативец, Петар Ангелов.

Искусниот Ангелов се враќа назад на македонската ракометна сцена, доаѓајќи од германскиот Ратинген. Oд неколкуте понуди на негова адреса ја избра токму онаа на нашиот клуб. Ангелов потпиша договор со Тинекс Пролет на една и пол сезона.

Ангажманот на овој ракометар на најдобар можен начин ги отсликува амбициите со кои тимот ќе влезе во вториот дел од сезоната. Тинекс Пролет е отворен за ангажман на допополнителни засилувања во наредниот период. Големо освежување ќе биде и враќањето на Александар Василевски по тешката повреда на коленото, со што ќе биде засилена бековската линија во ростерот.

Петар Ангелов ја почна професионалната кариера во 1997 година во Тиквеш. Потоа тој настапуваше и за Пелистер, Вардар и Металург на домашната сцена, а има настапувано и неколку земји ширум Европа, за Трембле во Франција, Анталија во Турција, Кремс во Австрија и Ратинген во Германија.

Мојсоски за настапот на репрезентацијата: Нема хемија во децата, јас одма знаев дека ништо не можеме да направиме

Македонската ракометна репрезентација уште во првата фаза го заврши настапот на ЕП 2020 во Австрија, а вчерашниот пораз од домаќинот-Австрија (32-28) тешко го прифатија македонските навивачи.

Екс-репрезентативецот Наумче Мојсоски за „Фокус“ даде свој став околу настапот на нашите ракометари на ова големо европско натпреварување.

„Нема хемија во децата. Јас уште пред почетокот на ЕП бев скептичен, но и толку можеме. Јавноста треба да сфати дека репрезентацијата поминува низ смена на генерации и сметам дека самиот пласман е успех. И така треба да биде – да се радуваме со секоја квалификација на големо европско натпреварување. А што ќе направиме, тоа е веќе друга приказна. Јавноста врши голем притисок и врз ракометарите кои пак изјавуваат дека „мора да поминеме во втор круг“. Не мора. Криви сме сите кои билдаме притисок кон ракометарите. Овие млади деца треба да се уиграат неколку дена пред ЕП заедно со Кире Лазаров кој е лидер на тимот“, вели Мојсоски.

Според него, некои од нашите млади ракометари избрзуваат со одлуката да заиграат во странски ракометен тим.

„Некои од ракометарите многу брзаат да направат трансфер во странство. Мислам дека треба во Македонија да се афирмираат како носители на еден тим, па после да заминуваат од земјава. Година дена треба да си прв во село, па потоа да заминеш во град. Парите ќе дојдат, треба малце самокритика. Прават трансфери, па после седат на клупа, на трибини. Тука ни е проблемот. Во нашата генерација, сите игравме по 60 минути на терен. За жал, во сегашната репрезентација има се помалку такви играчи“, порача Мојсоски.

Стружанецот пред четири години се збогува со репрезентацијата, за која настапи на над 100 натпревари.

Популарно