Дали Боки 13 и Јанева се „дружат“ во Шутка?

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, поради безбедносна проценка на затворската управа, е во посебен оддел на истражниот затвор Скопје, заедно со уште една приведена, вели директорот на затворот Есад Рахиќ во интервју за Радио Слободна Европа.

Во принцип ниедно притворено лице не е само. Секогаш мора да има уште еден. Меѓутоа, со оглед на тоа дека станува збор за личност, која била специјален обвинител од посебен општествен интерес, и бидејќи тоа е така брзо направено, ние сметавме дека во еден временски период треба да направиме комплетна проценка од безбедносен и здравствен аспект, изјави Рахиќ во интервјуто, што ќе се емитува в недела.

На прашањето, пак, од Пресинг ТВ, дали е можно во рамки на затворот да контактираат Јанева, Боки 13 и Зоки Кичеец – Рахиќ кусо ни одговори – не!

Викендов дијалог на македонски и бугарски новинари против предрасудите

„Викенд на дијалог – новинари против предрасудите" е новинарска иницијатива за зголемена меѓусебна комуникација и размена на информации на новинари од соседни земји со цел јакнење на професионалното новинарство контра лажните вести.

Целта е да и се даде можност на комуникацијата и соработката како единствена здрава основа за рушење на предрасудите и стереотипите и градење на меѓусебна доверба.

Идејата е новинари од соседни држави, еден викенд меѓусебно да разговараат, без какви било посредници, за состојбата во медиумите, креирањето на информациите, како и да лоцираат точки кои предизвикуваат емоции во известувањето.

Новинарството или националната припадност? Што е поважно во креирањето информации? Можат ли новинарите да го победат говорот на омраза?

Првиот „Викенд на дијалог“ е организиран во соработка со новинари од Бугарија, кои ќе бидат гости во Охрид. На првиот Викенд на дијалог ќе присуствуваат седум новинари од Бугарија од релевантни медиуми и седум новинари од релевантни медиуми од Македонија.

Носител на иницијативата е Здружението за промоција на дијалогот, толеранцијата и човековите права „Медиум“ – Скопје, а поддржан од Амбасадата на Република Бугарија во Скопје.

Cyдот реши: Дали Боки 13 и Кичеец изглегуваат од Шутка?

Судот им го продолжи притворот за уште 30 дена на Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милески – Кичеец, кои се осомничени во случајот „Рекет“.

„Кривичниот совет на Одделението за гонење организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје денеска постапувајќи по предлог на надлежниот јавен обвинител за продолжување на мерката притвор против Б.Ј. и З.М. донесе решенија со кои предлогот на обвинителството се уважува и мерката притвор се продолжува за нови 30 дена“, соопшти кривичниот суд.

Против овие решенија странките имаат право на жалба до Апелациониот суд Скопје.

Јовановски и Милески се во притвор од 16 јули. Ти се осомничени за примање поткуп и перење пари во истрага на Обвинителството за организиран криминал и корупција.

ФОТО: Училишните дворови преплавени со расфрлани летоци со македонската химна

Расфрлани летоци по основните училишта со македонските химни.

Македонската јавност, особено родителите на децата кои посетуваат основно училиште овие денови се гневни на власта која ги злоупотребува децата за политички цели.

Имено откако во јавноста се појавија информации дека власта се откажала од македонската химна во учебниците јавноста се крена на нозе.

По острата реакција на јавноста денеска во неколку основни училишта во Скопје беа расфрлени летоци со македонската химна, алудирајќи на властите да не ја забрануваат химната во училиштата, особено на првачињата кои за прв пат ќе се сретнат со неа.

Популарно