Цеца доаѓа во Штип

Речиси сѐ е подготвено за 13-то издание на традиционалната манифестација „Штипска Пастрмајлијада“ која и годинава ќе се одржи во три вечери од 20 до 22 септември на старата позната локација Дујле.

„Промоцијата на штипската пастрмајлија ќе биде реализирана во три дена каде што ќе се служи пастрмајлија на штандови кои ќе бидат поставени по стариот концепт на истиот простор кај крстосницата Дујле.Ќе има околу 30 штанда со штипски угостители кои ќе ја служат пастрмајлијата со квалитет и реноме познато со децении наназад“,изјави Кирил Панајотов советник за односи со јавност.

Според Кирил Панајотов и оваа година ќе има богата музичка програма, но за разлика од претходните години ќе доминираат македонските музички имиња и групи.

Иако првично во јавноста се појави информација дека главна ѕвезда ќе биде Жељко Јоксимович, спонзорите сепак се одлучија за Цеца. Покрај неа штипјани ќе ги забавуваат и Тропико Бенд и Даниела Мартиновиќ.

„Петок(20.09) е резервиран најмногу за штипски артисти со групата Кентаур,Arre brothers band и завршната точка ќе ја имаат Нокаут и Игор Џамбазов.Во сабота(21.09) ќе настапуваат Мартинијан Кириловски и Антонија Гиговска и како главна ѕвезда Цеца Ражњатовиќ.Во недела(22.09) почнуваме со No End,Викторија Лоба,Tropico band завршно со ѕвездата од Хрватска Данијела Мартиновиќ“,изјави Кирил Панајотов советник за односи со јавност.

За познатиот штипски бренд и годинава главен организатор е општина Штип,а се очекува гости од цела држава,но и од регионот.

Зошто православните верници плаќаат најмногу за венчавање, крштевање, погреб или слава

Зошто православните верници во Македонија се изложени на најголеми трошоци кога станува збор за венчавка, погреб, крштевка или слава?

Според ценовникот на Македонската православна црква, од 1.500 до 3.000 денари плаќа семејството на оној кој го напуштил овој свет, ако на погребот пее еден поп. Цената двојно се зголемува, ако дојде уште еден поп. Свеќите се купуваат, бидејќи така требало велат од Скопската епархија. Две илјади и четиристотини денари чини литургија во црква, кога му се оддаваат 40 дена на пок*јниот.

Крштевката чини 4.000 денари, плус свеќите. Родителите на новороденчето плаќаат 2.000 и кумот 2.000 денари. Трите свеќи за кршевката чинат 120 денари.

Венчавката е поскапа. Во зависност од тоа дали пее еден поп или владика, цените се движат од 50 до 100 евра, плус другите црковни трошоци. Ослободување од плаќање важи само за социјално-загрозените семејства, кои имаат потврда дека примаат социјална помош.

Во исламскиот свет, пак, постои цена само за погреб и за свадба. Ако оџа дојде на погреб, за неговото молење се плаќа 3.000 денари. За сунет семејството не плаќа, но може да му даде бакшиш на оџата. Да дојде оџа во домот на идните сопружници чини 1.000 денари, а тој и двајца сведоци потпишуваат „Ниќах“, или писмен муслимански договор, според кој, ако евентуално се разведат, се наведува сумата која ќе ја добие невестата како отштета од сопругот или од неговото семејство.

Католичката црква во Македонија, за погреб и свадба наплаќа 700 денари. За крштевка не се наплаќа бидејќи во верата се прима нов член, велат од таму. Кај нас постои парохиска помош. Тоа значи дека после секоја неделна миса, верниците оставаат кој колку има помош за црквата. Ако немаат да платат за некој верски обред, здравје, затоа сме ние, но нашите верници може, наместо пари, да подарат и помош како облека или јадење, за другите врници – велат од Католичката црква во Македонија.

Ценовникот за услугите од МПЦ, во Македонија и во дијаспората не се исти. Во странство, православните верници, секој посебно без разлика за колкаво семејство станува збор, велат од Скопската епархија, плаќа годишна пароиска такса која се движи околу 150 долари во САД, 20 канадски долари во Канада и 50 австралиски долари во Австралија и Нов Зеланд, а плус плаќаат за свадба, крштевка, именден или погреб.

Предлог за денешен ручек

Ќофтиња со кашкавал

Состојки

600 гр мелено месо

(пола јунешко,пола свинско месо)

1 јајце

1 главица кромид 2 чешниња лук

150 гр кашкавал ајдамер

2 парчиња двопек(или сув леб)

Од зачини сол.црн пипер,црвен пипер,оригано,магданос 

Подготовка

Ќофтиња со кашкавал Во меленото месо ги додаваме зачините, јајцето, запржениот кромид и лук, двопекот, претходно полиен со малку млеко. Од сите состојки замесуваме тесто за ќофтиња. Ги делиме на помали топчиња. Во секое топче ставаме по 1 коцка кашкавал(1*1*1 цм). Ги валкаме во брашно и ги оставаме малку во фрижидер. Потоа ги пржиме од сите страни во зејтин

Милица Тодоровиќ купи стан вреден 200 000 евра, а еве кои и се први соседи

Пејачката Милица Тодоровиќ купила стан од 200 000 евра, односно станот го платила 180 000 евра, а 20 000 евра платила за мебелот. Први соседи и се колегите од „Гранд“, Милица Павловиќ и Стеван Анѓелковиќ, а во близина живеат и Новак Ѓоковиќ и Саша Ковачевиќ.

„Станот има 60 квадрати, две соби, кујна, бања и балкон. Еден квадрат чинеше 3 000 евра, но Милица беше воодушевена од населбата. Драго и е што Стефан и Милица и се соседи бидејќи со нив се дружи. И Новак има пентхаус во овој крај“ вели извор и додава:

„Несудениот девер Саша Ковачевиќ ја убеди да купи стан во таа населба. Тој во „Вест 65“ има стан и ресторан“ вели соговорникот.

Младата фолк пејачката станот го купила на рати, така да на инвеститорот му должи 70 000 евра.

„Немаше доволно пари за да плати во готово, па се договорија секој месец да плаќа на рати. Тодоровиќ чека сопругот од нејзината сестра Јована да и врати 60 000 евра. Во секој случај не мора да брза бидејќи станот треба да го исплати до крајот на годината“ вели изворот за „Информер“.

Наводно, на Милица во новиот стан друштво и прави нејзиното ново момче, Петар Стругар.

„Тој е редовно тука. Доаѓа кога нема снимања, спие кај неа, тука е по два – три дена, а потоа оди кај своите во Црна Гора. Тие се многу заљубени, а имаат сериозини планови за иднина. Милица после долго време повторно е среќна во љубовта“ вели изворот.

Таткото на Милица, Миле бил во новиот дом на ќерката и вели дека е многу задоволен со нејзиниот избор.

„Многу е убав станот. Ми се допаѓа тој крај. Во близина се наоѓа банката, продавницата и ресторанот“ вели таткото на пејачката и истакна дека благодарение на Милица тој успеал да најде работа:

„Многу ми помогна. Работев како градежен работник, а сега Милица ме вработи на бензиска пумпа“ истакна таткото на пејачката.

Популарно