Писмо од девојка еден ден пред да почине од рак

На моменти сме незадоволни од животот. Коцките во љубовта, работата и финансиите никогаш не ни се во совршен ред. Но, треба да се освестиме и да ја промениме перспективата. Што сè имаме, наместо што сè немаме.

Холи Бучер, 27-годишна девојка од Австралија напиша трогателно писмо ден пред да почине од рак.Таа имала Јуингов сарком, ретка форма на рак, која најчесто ги погодува младите лица.

Холи напиша отворено писмо за сите работи што ги научила за време на оваа тешка битка:

„Чудно е да сфатиш и прифатиш дека на само 26 години си осуден на смрт. Тоа е една од оние работи што ги игнорираш. Деновите минуваат, а ти само се надеваш дека ќе продолжат да доаѓаат, сè додека неочекуваното не се случи. Секогаш се замислував како ќе остарам, со брчки и сива коса, најверојатно предизвикана од убавото семејство со многу деца, кое планирав да го изградам со љубовта на мојот живот. Го сакам тоа толку многу што боли.Тоа е животот, кршлив, скапоцен и непредвидлив и секој ден е подарок, а не дадено право.

Сега имам 27 години. Не сакам да си одам. Го сакам мојот живот. Среќна сум. Им го должам тоа на моите сакани. Но, контролата не е во мои раце. Не започнав да ја пишувам оваа белешка „Пред да умрам“ за да започнете да се плашите од смртта, ми се допаѓа фактот што ја игнорираме нејзината неизбежност. Освен кога сакам да зборувам за неа и се третира како табу тема, која никогаш нема да му се случи на никој од нас... 

Тоа ми е малку тешко. Само сакам луѓето да престанат да се грижат за малите, безначајни стресови во животот и да се обидат да запомнат дека сите ја имаме истата судбина после сè, па треба да направите сè што можете за да го направите вашето време вредно и прекрасно, без глупости.

Во последниве месеци имав многу време да размислувам за животот. Се разбира, среде ноќ е кога овие обични работи ми доаѓаат во главата најчесто.Во миговите кога цимолите за смешни работи, само помислете дека постои некој кој се соочува со реални проблеми. Бидете благодарни за минорноста на вашите проблеми и надминете ги. Во ред е свесноста дека нешто ве нервира, но обидете се да не го носите наоколу и негативно да влијаете врз другите луѓе.Откако ќе го сторите тоа, излезете и земете голем здив свеж воздух длабоко во белите дробови, погледнете колку е убаво синото небо и колку се зелени дрвјата. Сè е толку убаво. Помислете само колку сте среќни што сте способни да го правите тоа – да дишете.

Можеби ќе бидете заглавени во лош сообраќај денес или лошо спиевте затоа што вашите убави бебиња ве држеа будни или фризерката ви ја потстрижа косата прекусо. Вашите нови вештачки нокти можеби пукнаа, градите ви се премали или имате целулит на задникот и сало на стомакот.Дозволете им на сите тие глупости да заминат... Се колнам дека нема да размислувате за тие работи кога ќе биде ваш ред за да си заминете. Сето тоа е толку безначајно кога ќе го погледнете животот во целина. 

Гледам како телото ми пропаѓа пред моите очи и не можам да сторам ништо во врска со тоа и посакувам да можев да имам барем уште еден роденден или Божиќ со моето семејство или само уште еден ден со моето момче и кучето. Само уште еден.

Слушам како луѓе се жалат колку им е ужасна работата или колку им е тешко да вежбаат. Бидете благодарни што физички сте способни да го правите тоа. Работењето и вежбањето може ви изгледаат како тривијални работи... сè додека вашето тело не ве спречи да ги правите.Се обидов да водам здрав живот, всушност тоа можеби беше мојата најголема страст. Ценете го вашето добро здравје и функционално тело, дури и ако не е во идеална големина. Грижете се за него и сфатете колку е прекрасно. Движете се и јадете здрава храна, но не се опседнувајте со тоа.

Запомнете дека има повеќе аспекти на доброто здравје отколку само физичкото тело... Работете подеднакво напорно да ја пронајдете својата ментална, емоционална и духовна среќа исто така. Така ќе сфатите колку незначајна работа е совршеното портретирање на социјалните мрежи. Додека сме на темава, избришете го секој профил или страница што кога излегува на вашиот ѕид прави да се чувствувате лошо за себеси. Пријател или не... Бидете безмилосни за свое добро.Бидете благодарни за секој ден што немате болка и дури и за деновите кога не се чувствувате добро поради настинка, болка во грбот или изместен зглоб, прифатете го лошото и бидете благодарни што не е опасно по живот и ќе си замине.

Жалете се помалку луѓе! И помагајте си еден на друг повеќе.

Давaјте, давајте, давајте. Вистина е дека си посреќен кога правиш работи за другите, отколку кога правиш работи за себе. Посакувам да го правев тоа повеќе. Откако се разболев ги сретнав најпрекрасните луѓе и бев примател на најгрижливите зборови полни со љубов и поддршка од моето семејство, пријатели и странци. Повеќе од што би можела некогаш да вратам. Никогаш нема да го заборавам ова и засекогаш ќе им бидам благодарна на овие луѓе.

Чудна работа е да имаш пари за трошење на крајот.. кога умираш. Тоа не е време кога излегуваш и купуваш материјални работи кои вообичаено би ги купил, како што е нов фустан. Те прави да помислиш колку е глупаво што веруваме дека вреди да се трошат толку многу пари на нови алишта и предмети во животот. Купете ѝ нешто на вашата пријателка, наместо нов фустан на себеси, козметички препарат или накит за наредната свадба. Никој не се грижи ако ја носите истата работа двапати. Добро е чувството да подарувате. Изнесете ги саканите на оброк или уште подобро пригответе им вие. Сварете им кафе. Купете им цвеќе, масажа или свеќа и кажете им дека ги сакате кога ќе им го давате тоа.Ценете го времето на другите луѓе. Не дозволувајте им да чекаат затоа што сте лоши во организирањето на времето. Подгответе се порано и ценете го тоа што вашите пријатели сакаат да го минат нивното време со вас, а не да седат сами. Плус, ќе добиете поголема почит.

Годинава со моето семејство се согласивме да нема подароци, иако нашата елка изгледаше тажно и празно (речиси ќе пукнев на божиќната ноќ), беше толку убаво што луѓето немаа притисок да купуваат и труд беше вложен во пишување на убави картички еден за друг. Плус, замислете моето семејство да се трудеше да ми купи подарок, знаејќи дека ќе им остане ним.. чудно! Може ќе звучи чудно, но тие картички ми значеа многу повеќе од кој било импулсивно купен подарок. Подароците не се потребни за значаен Божиќ. Користете ги вашите пари за искуства... Или барем не ги испуштајте искуствата затоа што ги трошите сите ваши пари на материјални работи.Вложете напор да го направите тоа патување до плажа, кое го одложувате постојано. Ставете ги стапалата во водата и прстите во песокот. Навлажнете го лицето со солена вода. Излезете во природа.Обидете се само да уживате и да бидете присутни во моментите, наместо да ги ловите преку екранот на вашиот телефон. Животот не треба да се живее преку екран, ниту во правење на совршената фотографија... уживајте во конкретниот миг, луѓе! Престанете да го ловите за сите други.

Едно реторичко прашање. Дали вредат тие неколку часа што ги губите во правење на вашата коса и шминка секој ден или секоја ноќ пред излегување? Никогаш не го разбирав ова за жените.Станете некогаш рано и слушајте ги птиците додека ги гледате најубавите бои што ги прави сонцето додека изгрева. Слушајте музика... Навистина слушајте ја. Музиката е терапија. Старата е најдобра. Милувајте го вашето куче. Многу ќе ми недостасува тоа. Зборувајте со вашите пријатели. Спуштете го телефонот. Дали тие се добро? Патувајте ако имате желба, не патувајте ако немате. Работете за да живеете, не живејте за да работите. Правете ги работите што прават вашето срце да биде среќно. Јадете торта со нула грижа на совест. Кажувајте „не“ на работите, кои не сакате да ги правите.Не чувствувајте притисок да правите работи што другите мислат дека треба да се прават за среќен живот.. 

Можеби сакате медиокритетски живот и тоа е во ред. Кажете им на блиските дека ги сакате секој пат кога имате шанса и сакајте ги со сè што имате. Исто така, запомнете дека ако нешто ве прави мизерни имате моќ да го промените – во животот или љубовта или каде сакате. Имајте храброст да направите промени. Не знаете колку време имате на оваа земја, па не губете го чувствувајќи се мизерно. Знам дека тоа сите го велат постојано, но не може да биде поголема вистина. Како и да е, тоа е само совет од една млада девојка. Применете го или игнорирајте го, сеедно, не ми пречи!

Ах и една последна работа, ако можете сторете добрина за човештвото (и мене) и започнете редовно да донирате крв. Ќе направи да се чувствувате добро, плус ќе спасите животи. Сметам дека тоа е занемарено со оглед на тоа што секоја донација спасува 3 животи. Ова е огромно влијание кое секоја личност го има и процесот е навистина едноставен. Донацијата на крв живот значи за некого, огромен број ќесиња ми помогнаа да живеам уште една година – година за која ќе бидам засекогаш благодарна што ја минав на земјата со семејството, пријателите и кучето. Година во која ги имав некои од најдобрите мигови во мојот живот.

... Додека не се сретнеме повторно.“

Ева Мендес-Наскоро ќе наполнам 46 години и секој ден сум благодарна што стареам

Американска актерка  и дизајнерка со кубанско потекло Ева Мендес пред неколку дена сподели видео во кое е со нова боб-фризура и секако тука беа и нејзините убави и нови креации. Не помина ни секунда, веќе се започна со коментирање и лајкање, но освен што имаше позитивни коментари имаше и еден негативен дека таа старее.

На тоа актерката дрско и гордо возврати дека благодарение на господ старее и дека тоа значи дека таа сè уште е тука и дека наскоро ќе наполни 46 години. „Во право си. Фала му на Бога што стареам. Тоа значи дека сè уште сум тука. Наскоро ќе наполнам 46 години и секој ден сум благодарна што стареам. Твојот коментар требаше да направи да се чувствувам лошо? Не направи да се чувствувам лошо. Се чувствувам благодарна. Па, фала ти што ме потсети дека сè уште сум тука“ – напиша Ева.

Со овој коментар таа докажа дека се разликува од останатите светски актерки.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

⁣Back to work. Design meeting. ⠀ My coworker getting her kicks and teasing me about my “cute” new hair. Thanks to @giannandreahair for making my mom life a helluva lot easier. 🖤⠀ Saturday meeting aesthetic ...EM for @nyandcompany Reilly Blazer and Qiana Palazzo pant which I lorve so much. Avail online if you care. Thought I’d let you know since lots of you ask what I’m wearing. 🖤⠀ Sending you all some extra love right now and always. Thank you for always sending me so much positivity and love through your comments. I read most of them when I can and it makes me so happy that there’s so much love around. I send it all right back. Ten fold. 🖤

A post shared by Eva Mendes (@evamendes) on

Внимавајте на кого се јавувате

Изминативе неколку месеци на социјалните мрежи се  појавија шпекулации дека повиците се од Литванија и Естонија. Граѓаните меѓусебно се предупредуваат да не одговараат на повиците, зашто телефонските сметки ќе им пораснат драстично. Тие ова го тврдат од претходни искуства. Броевите започнуваат на +370 (668), +370 (669), +48 780, +881 но не се исклучува можноста да има и други.

Јавноста се уште очекува одговор од телефонските оператори во Македонија, во врска со бројните дојдовни повици од неидентификувани броеви од странство кон наши корисници кои утринава пристигнуваат масовно.

– За да се избегнат било какви штети и шпекулации, има надлежни институции кои треба да го превенираат ова. Не сакам да верувам дека зад оваа масовност се крие таргетирана разузнавачка операција. За да нема шпекулации потребен е одговор – вели Фросина Ременски, која утринава добила повик од броевите.

Таа за „Слободен печат“ тврди дека сомнежот околу мотивите за повиците е основан.

– Вакви алатки има имаат и разузнавачките служби и дивите мобилни оператори – вели Ременски.

На социјалните мрежи се шпекулира дека повиците се од Литванија и Естонија. Граѓаните меѓусебно се предупредуваат да не одговараат на повиците, зашто телефонските сметки ќе им пораснат драстично. Тие ова го тврдат од претходни искуства. Броевите започнуваат на +370 (668), +370 (669), +48 780, +881 но не се исклучува можноста да има и други.

Видео: Овој татко е херој

Снимка на која еден  татко во Сирија како ја подучувал својата ќерка да се смее со бомби преправајќи се дека игра игра го обиколи светот.

Тригодишно девојче Салва се смее на видеото секој пат кога експлодира бомба, мислејќи дека станува збор за игра „смеење под бомби“, пишува Скај њуз. Нејзиниот татко Абдулах Ал-Мохамад ја уверил дека звуците доаѓаат од огномет или пушка за играчки.

„Таа е дете што не разбира што е војна“, рече тој за Скај њуз. „Одлучив да ја научам Салва на оваа игра  за да го сочувам нејзиниот дух, така што таа нема да има трауми поради војната“, додаде тој.

Видеото е снимено во Сармада, мал град во близина на сириската граница со Турција, каде што ова сириско семејство побарало засолниште од жестоките судири во Идлиб.

Популарно