Јасна најде плик со 7.000 евра и му ги врати на сопственикот

Прикзната за мистериозниот плик полн со пари, кој завчера на улица ги пронајде риечанката Јасна Врховац, се прошири на социјалните мрежи и за 24 часа доби среќен крај. Познати и непознати помогнаа да се најде сопственикот на седумте илјади евра распослани н аулица.

Благодарение на повеќе од 1.200 споделувања на Фејсбук, откриени се сопствениците, а Врховац, која се занимава со хуманитарна работа, ја открива и целата приказна за хрватската телевизија РТЛ.

Се работело за пари кои синот од Германија му ги испратил на својот татко за да го плати долгот кон банката бидејќи куќата им била под хипотека. Синот всушност и заминал во Германија за нешто да заработи и да ја спасат куќата. Парите за татка си ги испратил по свој пријател, кој ги изгубил на улица. На пликот пишувало само: „За тато“.

Таткото, кој живее на островот Крк, извадил од пликот 1.000 евра и како благодарност ѝ ги понудил на Јасна, но таа ги одбила.

Фото. Прилепските џудисти го развеа Македонското знаме

Членовите на Џудо клуб “Бушидо” по трет пат  учествуваа на Меѓународниот џудо турнир “Трофеј Пантера 2019” во Бјелина, Република Српска.

На овој  меѓународен турнир учествуваа околу 800 такмичари,  а Прилепчани успеаа да освојат 17 медали.

Oва се освојувачите на медали:

– Сара Атанасоска 1 место; Теодора Ристеска 1 место; Елена Малиноска 1 место; Елеонора Илиоска 1 место; Матеј Малиноски 2 место; Сара Јанеска 3 место; Илчо Малиноски 3 место; Теона Ѓоргиоска 3 место; Стефани Илиеска 3 место; Филип Попоски 3 место; Милена Божиноска 3 место; Христијан Здравески 3 место; Давид Мицески 3 место; Матеа Илиеска 3 место; Филип Стојкоски 3 место; Анастасија Мицеска 3 место; Стефан Талески 3 место.

Видео: Соученички го „шамараа“ 15 годишното девојче

Видеото кое ја шокираше јавноста во регионот, а на кое две девојчиња малтретираат соученичка доби судски епилог. Настанот се случил во Брајево, Србија.

По налог на обвинителство за малолетници, полицијата во Србија поднесе кривична пријава за насилничко однесување против И.О. (15) и Д.И (14) кои во школски двор на училиштето „Кнез Сима Марковиќ“ ја шамарале и физички ја малтретирале А.М. (15), пренесува Курир.рс.

Две малолетнички во дворот на училиштето физички малтретираат врсничка, а видео од случката се појави и на социјалните мрежи каде згорен беше целиот регион, а по налог на обвинител заработиле и кривична пријава.

На снимката се гледа како едно од девојчињата, ја удира својата врсничка по глава и вели дека ќе помине и полошо ако каже на мајка си и почнува да ја удира додека другите деца дофрлуваат од страна.

Директорот на училиштето вели дека се превземени сите неопходни мерки, а девојчињата ќе бидат адекватно санкционирани.

Град Скопје „лови“со дрон

 Инспекторите на град Скопје  при вонреден инспекциски надзор со дрон, реализираа снимање на територијата на општината Сарај.  На сниимката било  забележано лице кое врши спалување на органски материјал. Со помош на дронот е направена снимка од процесот на спалување на отпадот, инспекторите го идентификуваа лицето и против него ќе биде поднесена пријава.

Сторен е прекршок по член 24 а и казнив по член 139 став 1.4 од Законот за управување со отпад. Казната за овој прекршок изнесува 1.000 евра.

Од градот информираат дека дронот ќе биде секојдневно ангажиран за снимање на теренот и за откривање на загадувачите на воздухот.

-На дронот има и камера за ноќно снимање, па со него ќе се вршат прелети и во текот на ноќта за лоцирање на критичните точки кои предизвикуваат загадување. Инспекторите се континуирано на терен, организирани во дежурства, и ја следат состојбата со загадувачите на животната средина. Потсетуваме дека сите земјоделци од скопските општини може да се пријават на телефонскиот број 071 395 395 и на вработените во град Скопје да им ги остават своите податоци секој работен ден од 8 до 20 часот, а градот по претходно утврден план и редослед, реонски, бесплатно ќе го собере нивниот растителен отпад и ќе го одложи во „Дрисла“.

Оваа активност е дел од заложбата за спречување на палењето на стрништата и на растителниот отпад од нивите, а со цел заштита на воздухот од загадување“, се вели во информацијата од град Скопје.

Популарно