ФОТО: Семафоp во Ckoпје - зелено или цpвено?

Фотографиите од семафорот на „Трета Македонска Бригада“ во Скопје ни ги испрати редовен читател, кој збунет прашува, како е можно да свети црвени и зелено во ист момент.

- Ваква, навидум мала грешка, може да предизвика страшна сообраќајка. На булеваров навечер се вози со голема брзина, уште семафоров да не работи и....

Инаку, фотографиите се снимени синоќа по полноќ. Се надеваме дека грешката со семафорот ќе биде брзо санирана.

Испратено од Џули

ФОТО: Страшна сообраќајна несреќа во Кисела Вода

Вчеравечер во општината Кисела Вода се случи страшна сообраќајна несреќа помеѓу автомобил и цистерна од Комунална хигиена. 

Повредени нема, полицијата работи на расчистување на случајот. Со повеќе детали во текот на денот.

Заменик министерот за здравство поднесе оставка

Заменик министерот за здравство, Асим Муса, соопшти денеска дека се повлекува од функцијата откако во медиумите беше објавена видео снимка, направена од албанска телевизија, а на која се гледа како тој прима пари на рака од пациент од Албанија.

-Се повлекувам од функцијата заменик министер за да ја расчистам оваа дамка против мене. Продолжувам и понатаму да им служам на граѓаните на нашата земја и пошироко – рече тој.

Муса тврди дека наседнал на стапица и на денешната прес конференција изјави дека станува збор за пари кои треба да ги плати за интервенција секој странски државјанин.

-Мојот искрен обид да им помогнам на пациентите се претвори во стапица за спектакл на медиумите, кои имаат намера да ја оштетат мојата професионална фигура. При постојаното барање на пациентот, го информирав дека интервенцијата за странски граѓанин, кој не е осигуран во нашата држава е приватна и го информирав за можниот износ на интервенцијата по неговото прашање за пакетот – рече Муса.

Како што рече тој со објавување на снимката, против него се води медиумска хистерија

-Токму овие пациенти постојано се обидуваа да приредат стапица против мене во било која форма. Посветеноста, професионалноста и искреноста наспроти медиумското дивеење и жед за спектакл не можат да надвладеат. Секој граѓанин од Република Албанија кому сум му служел, јасно знае дека ова е стапица, намерна со цел да и наштети на мој лична професионална и фамилијарна фигура. Нема да дозволам цели овие 23 години инвестиција во мојот професионален и фамилијарен кредибилитет да биде нарушена на ваква намерна стапица, бомбастички со лажни наслови кои не се ништо реални, како може да се види во снимката – додаде тој.

Извор: Фокус

Популарно