ВИДЕО: Навивач падна од трибина од 20 метри

Натпреварот помеѓу бразилските гиганти Сао Паоло и Гремио ги засени една ситуација на трибините.

Еден навивач на Сао Паоло се обиде да се каи на оградата на една од трибините и падна од висина од 20-тина метри. Бразилските медиуми пишуваат дека навивачот се лизнал и полетал во амбис.

Голема среќа спречила овој пад да се претвори во трагедија, падот врз луѓето под него бил пресуден што навивачот не поминал со посериозни повредеи.

Тој наводно паднал врз тројца луѓе помеѓу кои и едно 13 годишно дете. Детето како и останатите двајца поминале без повреди.

ФОТО: Александра сакала да ги тетовира очите, отишла кај тату- мајстор трпела болки, па...

Александра Садовска, 25- годишна девојка од западна Полска ослепела бидејќи одлучила да ги тетовира белките на очите.

Тату -мајсторот кој го извел боењето на белката, на манекенката и рекол дека е нормално да има големи болки и да пие анелгетици.

Откако го изгубила видот на десното око, лекарите и рекле дека поради големо оштетување ќе го изгуби видот и на другото око.

По истрагата се испоставло дека најголем виновник е тату- мајсторот кој користел мастило кое е за тело и никако не би требало да влегува во очите. Тој не знаел како да ја изведе целата постапка, па со својата одлука ја довел девојката до голема опасноат.

„Се плашам дека целосно ќе ослепам, но нема да се заклучам во подруми да страдам. Животот оди понатака“ рекла Александра. Тату- мајсторот е прогласен за виновен, а и тој самиот ја признал вината.

ВИДЕО: Летала со 112 км/ч. и поместила камен тежок 136 кг.

Користењето на кружен тек во многу го забрзува движењето при голема гужва и е особено популарен на места каде нема потреба од семафори. Но, дали сите знаат да возат низ кружен тек. Оваа млада дама докажа дека не само што вози туку и знае да „лета“.

Жената е уапсена под сомнение за возење под влијание на недозволени супстанци откако забрзала и со голема брзина возела и пролетала низ сообраќајниот кружен тек во Лонг Бич, Калифорнија, и летала низ воздухот, оштетувајќи неколку близу паркирани автомобили.

CBS Лос Анџелес известиле дека несреќата се случила нешто пред 2 часот по полноќ а 27-годишниот возач, Марисела Овал, не е повредена во несреќата, уапсена и задржана со кауција од 30.000 американски долари.

Драматичното гледање на безбедносната камера покажува дека моделот BMW М4 забрзува низ центарот на патот го руши знакот за стоп пред да удира директно во голем карпа од 136 кг. сместен во средината. Силата на ударот го испраќа BMW-то да лета низ воздухот неколку десетици метри пред да се приземји покрај белиот Mazda3 Sedan.

ВИДЕО: Манијак јавно се самозадоволува и вознемирува станарки на зграда во Кисела Вода

Станарки на зграда во општина Кисела Вода се жртви на лице кое сексуално ги вознемирува. Станарите го пријавиле случајот во полиција и ги доставиле снимките од безбедносната камера.

Лицето сѐ уште не е пронајдено, ниту уапсено. За ова дело се предвидува парична или казна затвор од една година, објави Сител.

Популарно