Осумгодишно дете разви 180 км/ч на автопат со Golf

Момче од само осум години од градот Зост во Германија во само неколку дена двапати го „украде“ автомобилот на својата мајка и ја крена на нозе полицијата во Северна Рајна Вестфалија. Уште од мал покажува тркачки способности бидејќи успеа да стисне здраво на педалата за гас и со семејниот Golf да крене брзина од 180 км/ч.

Според полицијата малиот тркач ги земал клучевите од автомобилот и стигнал дури до Дормунд кој е на 50 километри од Зост без притоа да запира на црвен семафор или да внимава на какво и да е правило. За разлика од првата „прошетка“ која заврши без проблеми, втората не завршила добро.

Полицијата го открила момчето на паркинг до автопатот каде го удрило „голфот“ во приколка од камион кој бил паркиран. За среќа немало повредени, но автомобилот бил уништен.

Втората кражба нема да мине така лесно како првата. Момчето ќе мора да посетува психолог, а мајка му најверојатно ќе биде санкционирана за невнимателност.

Таа уште при првиот случај ја информирала полицијата дека нејзиниот син редовно возел картинг, а управувал и мал автомобил на приватен имот. Оправдувањето на момчето било дека едноставно сакало малку да се повози.

ВИДЕО: Летала со 112 км/ч. и поместила камен тежок 136 кг.

Користењето на кружен тек во многу го забрзува движењето при голема гужва и е особено популарен на места каде нема потреба од семафори. Но, дали сите знаат да возат низ кружен тек. Оваа млада дама докажа дека не само што вози туку и знае да „лета“.

Жената е уапсена под сомнение за возење под влијание на недозволени супстанци откако забрзала и со голема брзина возела и пролетала низ сообраќајниот кружен тек во Лонг Бич, Калифорнија, и летала низ воздухот, оштетувајќи неколку близу паркирани автомобили.

CBS Лос Анџелес известиле дека несреќата се случила нешто пред 2 часот по полноќ а 27-годишниот возач, Марисела Овал, не е повредена во несреќата, уапсена и задржана со кауција од 30.000 американски долари.

Драматичното гледање на безбедносната камера покажува дека моделот BMW М4 забрзува низ центарот на патот го руши знакот за стоп пред да удира директно во голем карпа од 136 кг. сместен во средината. Силата на ударот го испраќа BMW-то да лета низ воздухот неколку десетици метри пред да се приземји покрај белиот Mazda3 Sedan.

ВИДЕО: Манијак јавно се самозадоволува и вознемирува станарки на зграда во Кисела Вода

Станарки на зграда во општина Кисела Вода се жртви на лице кое сексуално ги вознемирува. Станарите го пријавиле случајот во полиција и ги доставиле снимките од безбедносната камера.

Лицето сѐ уште не е пронајдено, ниту уапсено. За ова дело се предвидува парична или казна затвор од една година, објави Сител.

ВИДЕО: Жена вреска додека ја ставаат во метална кутија, семејство извлечено од зграда

Шокантни снимки објавени на социјалните мрежи, го покажуваат ужасот, стравот и бесот на кинеските државјани додека ги ставаат во карантин поради наглото ширење на коронавирусот.

На снимката се слуша врескање на жена која надлежните ја ставиле во метална кутија за да ја однесат во изолација.

Кинескиот потпретседател на Владата минатата недела им наредил на властите во Вухан сите потенцијални и потврдени заразени од коронавирусот, оние кои имале контакт и оние кои имаат треска, да ги стават во карантин, пишува Дејли Меил.

На снимката која стана вирална се гледаат маж и жена додека ги носат до метална кутија, која се наоѓа во багажникот на камион.

На друга снимка се гледа четиричлено семејство од од зградата го изнесуваат службеници во заштитни одела.

Се претпоставува дека станува збор за лица кои одбиваат да одат во карантин. Снимката наводно настанала во градот Нантонг во источна Кина. Автентичноста на снимката не може да се потврди.

Популарно