Купила бензин специјално за да му се одмазди

Татаниша Хедман (40) го запалила сопругот откако го фатила како ја силува нивната 7-годишна ќерка.

Според полицијата од Вашингтон, Винсент Филипс (52), бил натопен со бензин додека спиел. Успеал да избега од куќата и така запален тргнал до продавницата во соседството за да побара помош. Купувачите го гледале со неверување и во шок како гори. Продавачот повикал 911, по што пристигнале лекарите и го однеле во болница.

Безбедносните камери на локалната бензинска пумпа покажува како вознемирената жена купува бензин само неколку часа пред инцидентот. Таа е уапсена, а во полиција признала дека го запалила откако го фатила како го силува девојчето.

Винсент е хоспитализиран на интензивна нега поради тешките изгореници, под полициски надзор е по што ќе биде уапсен поради обвинение за педофилија.

ВИДЕО: Два грома удриле во руски автомобил

Жена од Русија за чудо останала неповредена откако скоро истовремено два грома удриле во нејзиниот џип.

Спектакуларниот „огномет“ на патот го снимила камера на возило кое се движело зад возилото на жената и се приближувало на семфарото во Новосибирска. Моторот на „тојотата“ веднаш запрел, а без оглед на силниот удар и искрите возилото не се запалило.

„На момент ослепев и грчевито го зграбив воланот. Се се случи многу брзо“, раскажала Галина Ершова, која била во возилото.

Никој од возачите наоколу не запреле после ударот, но за среќа ни патниците ни жената зад воланот не биле повредени. Возилото на крајот го одвлекла шлеп-службата.

ФОТО: Потресна приказна на родител на настраданите деца во Русија

Во Русија пред неколку години беа погребани четворица млади луѓе,сите руски весници пишуваа за тоа.

Беше недела, 10 часот наутро, во едно семејство таткото кажа: Сине, оди во црква, а синот му одговори: Татко, застани, уморен сум од твоето зборување за Бога. Тој излезе на улицата, каде го чекаше еден пријател.

Во тоа време, таткото излезе и му кажа: Сине почекај една минута, сакам да се помолам на Бога да биде со тебе. На задното седиште на автомобилот имаше две девојчиња од 17 години. Тогаш синот му кажа на својот татко:

Гледај, тато, ги имаме полнето сите седишта во автомобилот, за твојот Бог има место само во багажникот.

Целото друштво се смееше весело, и тие се упатија накај езерото. Јас сум поранешен истражител, но не можам да замислам каква беше несреќата што се случи таму. Само можам да кажам дека не треба да се исмева Бог.

Тие премногу брзо возеа. Одеднаш на најблиската раскрсница пролетаа на црвено светло и на нив налета од спротивната страна огромен камион.

Кога камион удри во нив, багажникот во кој го сместија Бога беше отсечен од автомобилот и остана без огреботина, а сите млади луѓе во автомобилот беа смртно повредени и починати на самото место.

Така е во нашите животи го ставаме Бога во багажникот а ние летаме некаде за нешто. Бог нема место во багажникот туку во нашите срца.

Починала на својот 21 роденден од рацете на 2 годишната ќерка!

Млада мајка од Белорусија, почина на нејзиниот 21 роденден откако се затворил прозорецот од семејниот автомобил и и го стегнал вратот.

Јулија Шарко, се обидувала да ја извади двегодишната ќерка од автомобилот „БМВ“ низ полуотворен прозорец на совозачката страна.

Во тој момент детето го притиснало копчето за автоматско затворање на прозорецот, шти што вратот на младата мајка бил стегнат, а таа подолго време останала без воздух.

Таткото ги нашол ќерката и мајката која била без свест, го скршил прозорецот и ја извлекол жената. Таа била пренесена во болница, но по осум дена починала поради задушувањето, што довело до изумирање на мозокот.

Таа загинала на нејзиниот роденден откако претходно славела со своите пријателки.

Брачната двојка имале две ќерки, Маргарита и Аријана.

Популарно