ФОТО: Албанската пејачка на под во тоалет, само по танга!

Светски познатата ѕвезда, Бебе Реџа е родена во Њујорк на 30 Август, а нејзините родители се Албанци од Дебар кои емигрирале во САД во текот на 80-тите години од минатиот век. Нејзиното вистинско име е Блета Рекса.

Пред неколку дена сексипилната Албанка, го прослави 30тиот роденден. Таа на инстаграм реши да објави чудна отографија од подот на тоалетот. 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Bebe Rexha (@beberexha) on

-  Вака изгледаат 30сетите. Мојот костум за роденден - љубов кон себе, напиша таа под фотката.

ФОТО: Брена покажа како ужива, а коментарите не престанаа

Лепа Брена објави фотографија од Мајами и ги воодушеви своите фанови. Се работи за луксузна вила која има 400 квадрати и се наоѓа на самото море.

Брена и сопругот Боба се доста познати личности за соседите кои се до нив, а се проценува дека одржувањето на оваа вила месечно ги чини 2.000 долари.

Среќниот пар неодамна прослави 28 години брак, а сеуште изгледаат заљубени како и првиот ден. Дека постојано се некаде и во движење говорат фотографиите кои ги објавија пред само некој ден, кога по повод Денот на вљубените, парот замина во Црна Гора и уживаа на романтичен начин на дожд.

Пејачката и тенисерот биле видени како се шетаат покрај морето, а во текот на нивната прошетка неколку пати размениле нежности.

За оваа прлика Брена одбра нешто поопуштена комбинација односно тренерки во комбинација со јакна и патики.

ВИДЕО: Лила Филиповска доби гризнување за образот

Македонската водителка Лила Филиповска кога не е пред камерите или пак кога не завршува некоја од своите активности, времето го поминува во својот дом.

Лила често на социјалните мрежи споделува моменти од својот домашен амбиент, а туку е нејзиниот мачор Рагнар кој често знае да прави и згоди и незгоди во станот на водителката.

Водителката не го штеди, па често го објавува на кратките приказни на „Инстаграм“, а веруваме дека тој ја полни со позитивна енергија по напорните денови.

Лила Филиповска јавно покажа дека има потреба да сподели љубов со некого, а Рагнар мачор како мачор исто така покажа дека и тој има потреба постојано да се гали и умилкува.

Веројатно Филиповска на Рагнар му се виде неодолива, па бакнежот кој Лила го очекуваше од мачето, заврши со гризнување за образот.

Да се има домашно милениче е вистински благодет, но понекогаш знае да биде и доста непријатно. Најдобро за тоа сведочи краткото видео кое водителката го сними.

Погледнете:

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

🥰🥰🥰 ❤️ Ragnar ❤️ @cats_of_instagram ❤️

A post shared by Lila (@lilafilipovska) on

ФОТО: Блесна прстен на раката на Милица Тодоровиќ

Милица Тодоровиќ неодамна призна дека е во љубовна врска со актерот Петар Стругар и заедно уживаат во првите месеци од љубовта.

Тодоровиќ откри дека едноставно шифрите им се поклопиле и дека одлично се согласуваат.

Многумина, се прашуваат дали Милица конечно ја најде својата сродна душа и ќе заплива во брачните води.

Таа на својот „Инстаграм“ објави фотографија од својата рака на која има прстен, па многумина помислија дека Милица се верила и дека кажала „да“.

Меѓутоа, таа доби престен од музеј, па откри од кого е прсетенот.

„Добив прекрасен прстен од мојот Ивкет. Прсетенот е од крушевскиот музеј“, напиша Тодоровиќ.

За потсетување, Милица пред да биде во врска со Петар, таа имаше петгодишна врска со Милош Пауновиќ.

Популарно