ФОТО: Карлеуша направи роденден за паметење на ќерките

Српската пејачка Јелена Карлеуша вчера го прослави роденденот на двете ќерки кои се разлика една година меѓу себе.

Имено Карлеуша само без присуство на Душко Тошиќ го прослави 11-от и 10-от роденден на Атина и Ника кои се родени на 7 септември.

-Со гордост можам да кажам дека моите ќерки се многу скромни, девојчиња кои не сакаат ништо. Тоа се деца кои што имаат се и не сакаат ништо. Сега само посакаа убава забава и полно другарчиња, а мама го направи тоа за нив, вели Калреуша за српски Телеграф.

ФОТО: Брена покажа како ужива, а коментарите не престанаа

Лепа Брена објави фотографија од Мајами и ги воодушеви своите фанови. Се работи за луксузна вила која има 400 квадрати и се наоѓа на самото море.

Брена и сопругот Боба се доста познати личности за соседите кои се до нив, а се проценува дека одржувањето на оваа вила месечно ги чини 2.000 долари.

Среќниот пар неодамна прослави 28 години брак, а сеуште изгледаат заљубени како и првиот ден. Дека постојано се некаде и во движење говорат фотографиите кои ги објавија пред само некој ден, кога по повод Денот на вљубените, парот замина во Црна Гора и уживаа на романтичен начин на дожд.

Пејачката и тенисерот биле видени како се шетаат покрај морето, а во текот на нивната прошетка неколку пати размениле нежности.

За оваа прлика Брена одбра нешто поопуштена комбинација односно тренерки во комбинација со јакна и патики.

ВИДЕО: Лила Филиповска доби гризнување за образот

Македонската водителка Лила Филиповска кога не е пред камерите или пак кога не завршува некоја од своите активности, времето го поминува во својот дом.

Лила често на социјалните мрежи споделува моменти од својот домашен амбиент, а туку е нејзиниот мачор Рагнар кој често знае да прави и згоди и незгоди во станот на водителката.

Водителката не го штеди, па често го објавува на кратките приказни на „Инстаграм“, а веруваме дека тој ја полни со позитивна енергија по напорните денови.

Лила Филиповска јавно покажа дека има потреба да сподели љубов со некого, а Рагнар мачор како мачор исто така покажа дека и тој има потреба постојано да се гали и умилкува.

Веројатно Филиповска на Рагнар му се виде неодолива, па бакнежот кој Лила го очекуваше од мачето, заврши со гризнување за образот.

Да се има домашно милениче е вистински благодет, но понекогаш знае да биде и доста непријатно. Најдобро за тоа сведочи краткото видео кое водителката го сними.

Погледнете:

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

🥰🥰🥰 ❤️ Ragnar ❤️ @cats_of_instagram ❤️

A post shared by Lila (@lilafilipovska) on

ФОТО: Блесна прстен на раката на Милица Тодоровиќ

Милица Тодоровиќ неодамна призна дека е во љубовна врска со актерот Петар Стругар и заедно уживаат во првите месеци од љубовта.

Тодоровиќ откри дека едноставно шифрите им се поклопиле и дека одлично се согласуваат.

Многумина, се прашуваат дали Милица конечно ја најде својата сродна душа и ќе заплива во брачните води.

Таа на својот „Инстаграм“ објави фотографија од својата рака на која има прстен, па многумина помислија дека Милица се верила и дека кажала „да“.

Меѓутоа, таа доби престен од музеј, па откри од кого е прсетенот.

„Добив прекрасен прстен од мојот Ивкет. Прсетенот е од крушевскиот музеј“, напиша Тодоровиќ.

За потсетување, Милица пред да биде во врска со Петар, таа имаше петгодишна врска со Милош Пауновиќ.

Популарно