Министерство за Транспорт и врски: Пишувајте на „Северномакедонски јазик“

Во документ за проект од Министерството за транпсорт и врски, исчезна македонскиот јазик. 

Во документите подолу, можете да видите дека министерството вели дека сите документи треба да бидат доставени на „Северномакеоднски јазик“!

ВИДЕО: Цел свет дозна дека ја изневерува сопругата

Најголемиот малер на светот или оправдано сурво казнет?! Додека бил на фудбалски меч, еден маж од Еквадор бил откриен дека ја изневерува својата сопруга.

На пријателскиот дуел меѓу Барселона од Еквадор и екипата на Делфин, Казановата решил да ја однесе својата љубовница на фудбалски меч. Тоа што не знае е дека токму таму ќе биде откриен дека ја изневерува сопругата.

На спортските настани сега често се појавува „Камера за бакнеж“ на која се бараат парови кои ќе се бакнат пред сите на камера и тоа оди во живо на телевизија.

Мажот заборавајќи дека постои таква камера, ја бакна девојката, но веднаш потоа се сетил дека треба да биде повнимателен, па веднаш ја тргна раката од девојката која ја гушкаше и бакнуваше. Сепак било доцна. Неговата сопруга го следела мечот и во живо видела дека мажот ја изневерува.

Владата донесе одлука за оддавање достојно признание на авторите и протагонистите на филмот „Медена земја“

Оливер Спасовски - премиер на техничката   Влада на својот ФБ профил објави дека Владата донела одлука за   оддавање достојно признание  на авторите и протагонистите на филмот „Медена земја“. Премиерот меѓу другото напиша: 

„Донесовме одлука за оддавање достојно признание на авторите и протагонистите на филмот „Медена земја“, кој по серијата највисоки меѓународни филмски признанија, е номиниран за највисоката филмска награда „Оскар“ во две категории.

Обезбедуваме материјална помош и домување за Атиџе Муратова и осумчленото семејство што учествуваше во филмот, а за авторите, пет-члената екипа која го сними филмот признание за успехот и месечен материјален надомест.

За широка афирмиција на големите и благородни пораки што ги пренесува филмот, Владата ќе ја поддржи организацијата на серија едукативни настани за темите што ги отвора филмот, и организирано прикажување на филмот „Медена земја“ во сите средни училишта во земјата, на универзитетите и во домовите на култура, како и заедничко гледање на филмот со децата од малите групни домови, и лицата од социјален ризик.

Владата ги презема патните трошоци за патувањето на петчлената филмска екипа и за хероината на филмот Атиџе Муратова на доделувањето на Оскарите.

ФОТО: По допирите со Бред Пит актерката го соблече фустанот

Бред Пит на доделувањето на наградите бил толку многу магепсан од својата поранешна сопруга Џенифер Анистон што не престанал да ја допира и да ја гледа.

Актерката по доделувањето на наградите на својот профил на Инстаграм споделила две фотографии. На едната лежи во автомобилот и објаснува дека сè изгледа неверојатно, но дека има брчки против кои не може да се бори.

„Без брчки... Потешко отколку што изгледа. Некаде помеѓу овие две фотографии моите врсници ми подарија подарок кој ќе го обожувам и преку ден и преку ноќ... Им благодарам, време е да се вратиме на работа“ - објаснила актерката.

На втората фотографија се гледа нејзиниот фустан на подот, чевлите и наградата.

„Дали е тоа тоалетот на Бред Пит?“, „Се надеваме дека после сè тој ти го соблече фустанот“ - биле само некои од многуте коментари.

Популарно