ФОТО: Ријана се пофали со НАША ЕЛЕНА РИСТЕСКА пред 8 милиони следбеници

Нашата најпозната и најубава рнб и поп пејачка Елена Ристеска стана инспирација за Ријана и нејзиниот тим од Fenty Beauty мејк-ап линијата.

Имено, фотографијата од совршеното лице на Елена Ристеска се најде на официјалниот инстаграм профил на мејк-ап линијата на Ријана.

И сето ова се случи откако Елена го доби совршениот изглед под вештите раце на мејк-ап артистот Даниел Николовски, кој ја постираше фотографијата на неговиот инстаграм профил.

Потоа се е историја. Убавото лице на Елена се шерува со брзина на светлината.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Daniel Nikolovski 💎 (@danielnikolovskiofficial1) on

И Елена се заблагодари :)

Нада Топчагиќ: „Ако легнам на стомак се ме боли“

Српската фолк-ѕвезда Нада Топчагиќ на музичката сцена е повеќе од 4 години, а каде и да се појави таа никој не остава рамнодушен. Пејачката отсекогаш важела за дама со стил, за некој кој е посебен и поинаков, што со музичкиот печат, што со визуелниот идентитет.

Таа за српските медиуми го искажала својот став за естетските зафати.

-Силикони не ми требаат, тоа нне би го направила никогаш. Зошто ги нема Наомби Кембл, зошто ги немаат светските манекенки, зошто тие немаат големи гради? Тоа само луди глави го прават. Јас не можам ни со овие гради да се изборам. Ако легнам на стомак, тоа ме боли - рекла пејачката.

ФОТО: Тања Савиќ ја нема веќе црна коса по која е препознатлива

Пеачката Тања Савиќ од почетокот на својата кариера не експериментираше многу со својот изглед.

Таа е препознатлива по својата црна коса, меѓутоа пеачката на социјалните мрежи покажа каква промена направила.

-Драги мои, сакам да ја најавам долго очекуваната песна. Доаѓа песна која ќе го растопи и најтврдото срце. Спотот само што не е завршен, до тогаш уживајте во фотографиите. Очекувајте нешто сосема поинакво од она што до сега сум го работела, порача Тања. Нејзините фанови се воодушевени од новиот изглед.

ВИДЕО: Дарко Лазиќ го покажа и другиот свој талент

Српскиот пејач Дарко Лазиќ покажа уште еден талент, покрај тоа што одлично пее. Снимка која ја објавил на Инстаграм воодушевила многу негови следбеници.

Пејачот во октомври 2018 година имаше тешка сообраќајна несреќа, па мораше да паузира со кариерата, но многу брзи ѝ се врати на музиката.

Многумина знаат дека пејачот има талент за пеење, но не и дека одлично свири хармоника, што сега и покажа.

Популарно