Зоран Заев-Ќе бидат исклучени од партијата членовите кои се вклучени во аферата „Рекет“

 Премиерот Зоран Заев, во врска со најновите настани поврзани со аферата Рекет беше запрашан, дали ќе го исполни ветеното за исклучување од партијата на кој било член за кој ќе се утврди одговорност. Премиерот наведе „Кога некое лице ќе биде осомничено или обвинeто во тој случај ја применуваме мерката на санкции која значи времено отстранување на тоа лице за да ја докаже својата невиност. 

Изјавата на Заев следи по неофицијалните објави во дел од медиумите за проширување на истрагата за „Рекет“ со потпретседателката на Собранието, Фросина Ременски.

Заев рече дека на доаѓање кон прес-конференцијата ја добил информацијата дека има соопштение или изјава кое, како што велат новинарите, се однесува на потпретседател на Собранието.

Премиерот вели дека ќе ги соопштат ставовите откако ќе прочитаат и видат за што е осомичено лицето, дали е обвинето.

Почина тетовецот во чиј стан експлодираше плинска боца

Почина 24-годишното момче од Тетово во чиј стан вчера експлодира плинска боца.

Тој утрово почина на Клиниките во Скопје. Момчето вчера се здоби со изгореници од четврт степен откако во неговиот стан експлодира плинска боца.

11 луѓе вчера побарале помош во тетовскиот Клинички центар по експлозија на плинска боца во стан.

Пронајдено е момчето кое се изгубило кај кејот

Дванаесетгодишниот Мартин за кој преку Фејсбук беше кажано дека е исчезнат попладнево бил пронајден, објави 24инфо. Мартин претходно последен пат бил виден на кејот на Вардар во Аеродром, но бил пронајден кај Авиончето во Ново Лисиче.

Популарно