ВИДЕО: Го нарекуваа одвратен старец, Но...

Актер од Њујорк по име Френки кој има 65 години, по сугестија од неговата тетка решил да го промени изгледот. Неговиот изглед тој секогаш добивал улоги на бездомник, но после транформацијата тој изгледаше сосема поинаку.

Тој се пријави во емисија која се погрижи за промена на неговиот изглед, му ја сменија фризурата, брадата и облеката, а после сите тие промени публиката остна со подзината ута кога го виде. Уште еднаш се докажа дека фризурата и облеката и те како може да променат човек.

ВИДЕО: Дарко Лазиќ тешко се опоравува

Пред година дена српскиот пејач Дарко Лазиќ преживеа тешка сообраќајна несреќа од која последиците ќе ги носи целиот живот.

Тој се уште се опоравува од несреќата, а со месеци оди отежнато и со помош на помагало.

Сепак неодамна откако се врати од настап пејачот на белградскиот аеродром беше пренесен со инвалидска количка со која бил пренесен до автомобилот.

Сето ова го забележа камерата на емисијата „Папарацо лов“, во продолжение погледнете го и видеото.

ФОТО: Бремената Шехерезад позираше пред фоторепортерите

Една од најплатените  турски актерки Бергузар Корел или попозната како Шехерезад од серијата „1001 ноќ“, е бремена со второ дете. Таа и нејзиниот сопруг, актерот Халит Ергенч, криеја дека по вторпат ќе станат родители, но сега веќе стомачето е видливо и тие отворено зборуваат за бременоста. Таа вели дека ужива и дека се чуствува одлично.

„Како што можеше да прочитате во медиумите. Јас и Халит очекуваме друго дете. Не можам со зборови да ви ја опишам нашата среќа, бременоста е благословена состојба и токму така се чувствувам. Ние сме многу среќни и ви благодариме за вашите добри желби, рече Корел.

Бергузар и Халит веќе го имаат 9 годишниот син Али.

ФОТО: Објавија прва фотографија од бебето и споделија семеен момент

Неодамна во светот одекна веста дека Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли добиле трето дете, а оваа информација успешно ја криеле од јавноста повеќе од два месеци.

Рејнолдс сега на Твитер објавил и прва фотографија од бебето, споделувајќи со своите 15 милиони следбеници емотивен семеен момент.

Имено, на фотографијата се гледа како 42-годишниот актер ја прегрнува својата 10. години помлада сопруга, додека во рацете ја држи својата новородена ќерка, а сетоа тоа во недопрената природа на канадските шуми.

Тој во описот апелира на луѓето да ја чуваат животната средина и додал дека е горд на климатскиот напред во последниве 4 години.

„Ја сакам Британската Колумбија. Сакам мојата ќерка да го има истото природно игралиште во кое и јас пораснав.  На 21. октомври кандидатот за кој ќе гласате ќе води политика за климатските промени наредните четири години“, напишал тој, воедно откривајќи дека бебето е девојче, што досега не беше познато во јавноста. Ова е нивно трето дете, веќе ги имаат Џејмс и Инез.

Популарно