Во тек е акција за обезбедување на таткото на Боки 13

Во моментов во тек е полициска акција по наредба на судот за обезбедување на Миле Јовановски, татко на Боки 13, осомничен во случајот Рекет за злоупотреби преку Меѓународниот сојуз. Апсењето се одвива во Тафталиџе кај стара Змија.

Секој момент се очекува пред судот да биде изведена и Јасна Мандиќ од Меѓународниот сојуз.

Наскоро повеќе детали.

вечер

Почина тетовецот во чиј стан експлодираше плинска боца

Почина 24-годишното момче од Тетово во чиј стан вчера експлодира плинска боца.

Тој утрово почина на Клиниките во Скопје. Момчето вчера се здоби со изгореници од четврт степен откако во неговиот стан експлодира плинска боца.

11 луѓе вчера побарале помош во тетовскиот Клинички центар по експлозија на плинска боца во стан.

Пронајдено е момчето кое се изгубило кај кејот

Дванаесетгодишниот Мартин за кој преку Фејсбук беше кажано дека е исчезнат попладнево бил пронајден, објави 24инфо. Мартин претходно последен пат бил виден на кејот на Вардар во Аеродром, но бил пронајден кај Авиончето во Ново Лисиче.

Популарно