Вилма Русковска-нареди претреси кај тројца од осомничените од случајот „Рекет“

Обвинителката Вилма Русковска  изјави дека вечерва се вршат претреси кај тројца од осомничените од истрага која се објави денеска, а произлезе од случајот „Рекет“.

Обвинителката наведе дека и за пратеничката Фросина Ременски се предложени мерки за претпазливост.

Вечерва на распит беше Јасна Мандиќ на која и беше определен куќен притвор, а останатите осомничени на распит ќе бидат повикани утре.

Нападната скопјанка во ресторан во Центар

Во Полициската станица Центар, Е.М.(35) од Скопје вчера во 18.00 часот пријавила дека во 02.00 часот во угостителски објект на бул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ била физички нападната од Д.Н. од Скопје.


Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Трагедија-Почина раперот Juice WRLD

 Рапер Juice WRLD, чие вистинско име е Џаред Хигинс, пoчина на 21-годишна возраст, пренесе интернет таблоидот TMZ повикувајќи се на неколку извори во полициjaта.

Американскиот рапер  утрово стигнал на меѓународниот аеродром во Чикаго, каде што допатувал од Калифорнија. Кога дokторите дошле на местото на настанот, тој kpварел од устата, но сѐ уште бил свесен.

Раперот веднаш бил пренесен во болницa, каде што починал. Причината за неговата сmpтт засега е непoзната.

Раперот Juice WRLD е најпознат по негвоите синглови „All Girls Are the Same“ и „Lucid Dreams“.

Во мај годинава тој беше прогласен за „Најдобар нов артист“ на церемонијата на врачувањето на наградите Billboard Music Awards, кои секоја година ги доделува реномираното музичко списание Billboard.

Повреден полицаец во обид да спречи грабеж

Еден полицаец е полесно повреден во обид да спречи грабеж во скопската населба Топана. Настанот се случил во маркетот „Кипер“ откако во него влегле две маскирани лица и го ограбиле. Во моментот на бегство ги пресретнал полицаецот кој се обидел да ги запре, но бил нападнат од разбојниците.

Според првичните податоци, полицискиот службеник немал сериозни повреди и не е во животна опасност.

Извор Алсат

Популарно