Драгана Мирковиќ се посрамоти среде емисија: Го заборави текстот на песната

Пејачката Драгана Мирковиќ важи за една од најпознатите пејачки во регионот, а доказ за тоа се рекордите на нејзините концерти. Таа во својата кариера има многуборјни хитови кои ги пее заедно со фановите на нејзините концерти. Нејзините фанови ги знаат и нејзините песни од 80тите и понекогаш бараат Мирковиќ да ги пее на настапите.

Меѓутоа, деновиве во една емисија Мирковиќ доживеа мал блам, па се посрамоти пред публиката. Имено, во емисијата „Максимално опуштено“, пејачката заборави дека песната „Само да те видим“ има и трета строфа, па додека пееше на плејбек се збуни и праша „има ли трета строфа?“, па продолжи да игра и повторно праша:

„Што ќе правиме сега?“.

Оваа случка не ја спречи да продолжи да танцува и да смее сама на себе затоа што заборави дека нејзината песна има трета строфа.

Целата ситуација погледнете ја во видеото.

ФОТО: Анастасија Ражнатовиќ пристигна во Скопје

Ќерката на српската фолк ѕвезда Цеца Ражнатовиќ, Анастасија, периодов се почесто патува на релација Белград-Скопје, снимајќи хитови. 

Таа дојде во студиото на Дарко Димитров, кој во изјава за естрадниот телевизиски магазин „Бекстејџ“, откри дека албумот на Анастасија е во завршна фаза, а дека сега најмногу посветуваат внимание на детали околу текстовите.

Деновиве таа повторно е во Македонија, па слободното време го поминува низ скопските ресторани, поточно последно беше во ресторанот на таткото на младата македонска пејачка Лина Пејовска, Ефто, а средбата ја овековечија со фотографија на Инстаграм.

Освен што чека бебе синот на Цеца открива и кога ќе се жени

Синот на Цеца, Вељко Ражнатовиќ ќе се ожени со својата девојка Богдана со која очекува бебе. Луксузната свадба е закажана за  24. ноември, а ќе биде организирана во еден елитен хотел.

На свадбата ќе присуствуваат голем број пријатели на семејствата Ражнатовиќ и Родиќ. Со оглед на тоа дека Ражнатовиќ се верници, свадбата е закажана пред Божиќниот пост кој почнува на 27. ноември 2019 година.

Дарко Лазиќ месечно за наследниците дава по 5.000 евра

Дарко Лазиќ после тешката сообраќајна несреќа решил да сврти нов лист, па така меѓу другото, дошол на идеја да им обезбеди на  своите наследници убава и богата иднина, колку што може. Поради таа причина почнал да уплаќа пари на нивни сметки и тоа по 5.000 евра месечно и тоа ќе продолжи да го прави до нивното полнолетство.

Неговата поранешна сопруга Ана Севиќ и сегашната свршеница Марина Гагиќ за ова ништо не знаеле. Меѓутоа кога Дарко на Марина и кажал што прави и требало малку време да си дојде на себе од среќа. Имено, Лорена и Алексеј на своите сметки до татко им, еден ден ќе имаат по милион евра.

Одлуката да ги осигура децата, Дарко ја донел сам, без знаење на своите партнерки. Едноставно почувствувал дека така треба и не сакал никој да му се меша. Дури подоцна кога се средил, и кажал на Марина која не можела да си дојде на себе од среќа. Не само што и било драго што нивниот син ќе биде обезбеден, туку сватила дека  Дарко се сменил и дека после несреќата сепак е друг човек. Дури се пошегувала дека ќе му роди барем уште три деца кога веќе планира од своите деца да направи милионери. На крајот Дарко сепак сериозно го сватил татковството – рекол извор близок до семејството.

Популарно