Блескаво враќање на сцената на Росана!

Росана Сариќ – Тодоровска вчера ја прекина децениската пауза од настапи и заблеска на сцената на втората полуфинална вечер на фестивалот на забавни мелодии ,,Макфест”.

Таа настапи со песната ,,Спомени” која е дело на Александар Митевски, и ја врати публиката назад во далечните времиња, кога заедно со нејзината сестра Маријана царуваа на сцената на ,,Макфест”, каде освоија голем број на награди и признанија.

Романтичниот шлагер за кој Росана вели дека е нејзина автобиографија, во која се опеани сите нејзини животни премрежја, еден вид на балада за победата на љубовта над тагата и гордоста над неправдите, публиката во салата во НУЦК ,,Ацо Шопов” во Штип го доживеа како враќање назад, во периодот кога се пееја квалитетни песни и кога скромноста на изведувачите беше на цена. Долготрајниот аплауз покажа дека јавноста е желна за нумери со душа во нив, изведени од срце.

За ,,Фокус” Росана раскажува дека средбата со публиката по долги години пауза ја доживеала доста емотивно. Комплиментите кои не престанале да пристигаат од вчера, откако застана на сцената, и дошле како мелем на душата и и покажале дека го направила вистинскиот избор кога прифатила да се врати назад, на естрадата.

-Бев возбудена, имав и малку трема кога стапнав на сцената. Но, штом заблеска светлото, ми помина се, остана само концентрацијата. Благодарна сум му на композиторот Александар Митевски за преубавата песна, за одличниот текст во кој веднаш се пронајдов.

Благодарност и до стилистот Дарко кој ме направи едно десет години помлада. ,,Макфест” е мојата носталгија, убавото време кое што го поминавме тука, безброј хитови и евергрини кои ги оставивме како дует Маријана и Росана, заедно со мојата сестра. Сите тие спомени, слики од тие минати времиња ми минуваа низ мислите додека настапував – ни изјави Тодоровска.

Таа се пласираше во финалето на фестивалот, кое ќе се одржи вечерва. На 34-то издание на фестивалот, во финалето ќе настапат 20 изведувачи, за кои се предвидени вредни парични награди.

За прво место наградата е 5.000 евра, 3.000 евра за второ место и 1.000 евра за трето. Предвидени се и награди од по 500 евра во повеќе категории, како најдобар дебитант, сценски настап, вокална интерпретација и најдобар аранжман.

Фестивалот финансиски го реализира Општина Штип, а од Министерството за култура е поддржан со милион денари. Уметнички директор е Владимир Дојчиновски – Дојчин.

Извор: Фокус.мк

(Видео) Интернетот „гори“ од испадот на Луна! Оваа нејзина изјава ги насмеа сите, па дури и Гаги!

Луна Џогани во текот на учеството во „Задруга“ имаше многу лапсуси кои станаа хит на социјалните мрежи, но очигледно последното видео гизабавуваше сите.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

💕💕💕💋

A post shared by Luna Djo (@luna_djogani) on

По забавата по повод роденденот на Жељко Митровиќ, сопственикот и директор на телевизијата „Пинк“, Луна седеше со својот татко Гаги Џогани, па се пофали дека го пронашла популарното благо „Фереро Роше“ за Јована Томиќ Матора, но направи лапсус, па сите се насмеаа до солзи.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

JEL UKUSAN RAFARERO ROŠERO BOTIMO HAHAHHAHAHA pozlo @podjogajen.generalno.djogy

A post shared by Neguj mo srbski jezik (@negujmosrbski) on

Ражњатовиќ се појави во Палата на правдата насмеана и средена, а Карлеуша…

Во Палатата на правдата се одржува судењето меѓу Цеца Ражњатовиќ и Јелена Карлеуша. Нивниот спор трае со години, а често се случува една од пејачките да не се појави на судењето.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Ne trazite kisu gde gori,jer tu ne pada....🥰

A post shared by C E C A (@cecaraznatovic) on

Српската пејачка Цеца се појави во Палата на правдата видно расположена, а за овој настан облече бел капут, фармерки и мали штикли. Како и секогаш, беше средена од глава до пети.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

😎

A post shared by JELENA KARLEUŠA (@karleusastar) on

Јелена, од друга страна, не се појави воопшто, туку дојде само нејзиниот адвокат. 

(Фото) Цеца реши: Еве која актерка ќе се најде во улогата на Светлана Ражњатовиќ во филмот за Аркан!

За филмот кој го раскажува животот на по*инатиот Жељко Ражњатовиќ Аркан многу се шпекулираше во текот на претходните неколку години, а сга е јасно дека наскоро ќе се случи тоа и ќе се сними филм.

Како што дознаваат медиумите, Светлана Цеца Ражњатовиќ долго време се мислеше дали да се сними филм за нејзиниот сопруг, но сега реши дека е време за такво нешто.

Цеца јавно призна дека единствен актер кој би можел да ја одигра улогата на Аркан е нејзиниот пријател Вук Костиќ.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Hmmm..veoma su slični..Bezbedonosno intetesantne osobe..mada ovaj sa mitraljezom liči na SPAR...ma nee nemoguće

A post shared by vuk kostic (@vukkosticbadza) on

Ражњатовиќ со семејството дискутираше на оваа тема и за останатите улоги, па смета дека нејзе одлични би ја глумела Слобода Мичаловиќ, за која тври дека ја обожава.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

🎬

A post shared by Sloboda Micalovic (@sloboda_micalovic_boba) on

Популарно