Засекогаш сама: Сестрата на Тоше со еден коментар покажа како се чувствува по 12 години

Вчера се навршија точно 12 години од прераното заминување на нашата најголема музичка ѕвезда Тоше Проески, па фановите во последниве неколку дена непрестано споделуваа фотографии, песни и раскажуваа спомени поврзани со него.

Дора Проеска не сака многу да се искпонира во јавноста, но на социјалните мрежи често поставува фотографии и комуницира со неговите фанови од целиот регион, па токму вчера на една од објавите откри како навистина се чувствува откако за жал нејзиниот брат засекогаш не напушти. „Засекогаш сама“, стои во коментарите под неговата слика.

Во многу прилики досега имавме шанса да слушнеме дека тие двајца беа премногу блиски, иако честопати поради патувањата и турнеите физички беа раздалечени.

Болката за неговата загуба е најголема кај потесниот круг на семејството, а неговата сестра Дора за „Фокус“ денес изјави дека ништо не е исто без Тоше.

„Животот ни застана и воопшто не е полесно. Ќе кажат дека времето лечи се, но за нас нема лек. Многу тешко се живее без Тошки“, кратко рече Проеска.

Исто така, во Крушево денеска пристигнаа учесниците во ултрамаратонот во чест на Тоше Проески кои беа пречекани од ученици, млади, вработени во институции, угостители, компании и граѓани со рози во рацете.

Розите беа оставани покрај патот при поминувањето на маратонците, а се слушаа песни на Тоше низ целиот град.

Во ултрамаратонот учествуваа 10 учесници кои трчаа во чест на пејачот од Нова градишка до Крушево. Дел од денешниот настан беаше и група од четворица велосипедисти кои со велосипеди ја поминаа истата релација, соопштуваат од општина Крушево.

Со цел да им се заблагодарат на маратонците, како што информираше неговиот пријател Стерули Штерјоски, семејството Проески им подари симболични подароци во вид на крст, слични како оние кои ги носеше и самиот Тоше.

ДЕЧКО РЕСПЕКТ!!!

Потег за поздравување направи денес  жител на Велес Димитaр Танев, кој му подари патики и неколку други работи на дете кое проси секојдневно на семафорите.

Тој на својот ФБ профил напиша:

„Леонардо го имам сретнато неколку пати низ Велес. Секој што го има сретнато и застанато со него може да потврди дека е најкултурното и учтиво детенце! Вчера додека седевме во парк ни пријде, приметив дека е босо и го прашав дали има патики а неговиот поглед ми кажа се! Видеото е ставено само од една причина, да мотивира секој да помогне на било каков начин затоа што и најмалата помош за некој може да значи многу“

Извор: velesdenes.mк

Во авион со 91 патник на Катар ерлајнс

Во авион со 91 патник на „Катар ерлајнс“ што синоќа слетал од Доха во Атина, позитивни на Ковид-19 се 12 патници, по што Секретаријатот за цивилна заштита на Грција одлучи да ги забрани летовите од и кон Катар, јави дописничката на МИА од Атина.

Од заразените, девет се државјани на Пакистан со дозвола за престој во Грција, двајца се грчки државјани од Австралија, а еден е Јапонец, член на грчко- јапонско семејство.

Според протоколот што се применува во Грција, сите патници кои слетуваат на атинскиот аеродром, што воедно е единствениот отворен за меѓународни летови, се тестираат за Ковид-19, а додека да пристигнат резултатите, сместени се во хотели карантин. Оние кои што се позитивни, остануваат 14 дена, додека пак за оние кои што се негативни, но се сметаат за контакти од висок или низок ризик, остануваат една седмица во карантин, по што се повторува тестот.

Оваа e пракса во Грција  во изминатиот период, со оглед на тоа дека не постои забрана за летови за сите земји. Од 15 јуни, кога и официјално ќе започне туристичката сезона во Грција, тестирања ќе се прават само по случен избор.

Мајкл Џордан не остана „рамнодушен“

Легендарната НБА  звезда   Мајкл Џордан, се огласи по убиcтBoто на афроамериканцеот Џорџ Флојд од страна на полицаецот од Минеаполис.

“Длабоко сум ожалостен, повpeден и многу лут. Ја гледам и чувствувам сечија болka, бec и фpycтрација. Застанат сум со оние кои му се спротиствауваат на pacизмот и нacилството кон луѓето со друга боја на кожа во нашата земја. Доста беше”, напиша Џордан и повика на единство во бopба против pacизмот.

Тој порача дека во овој момент сите треба да покажат сочувство и емпатија и да продолжат мирно да го искажуваат peволтот против неправдата.

Популарно