ФОТО: Анастасија Ражнатовиќ пристигна во Скопје

Ќерката на српската фолк ѕвезда Цеца Ражнатовиќ, Анастасија, периодов се почесто патува на релација Белград-Скопје, снимајќи хитови. 

Таа дојде во студиото на Дарко Димитров, кој во изјава за естрадниот телевизиски магазин „Бекстејџ“, откри дека албумот на Анастасија е во завршна фаза, а дека сега најмногу посветуваат внимание на детали околу текстовите.

Деновиве таа повторно е во Македонија, па слободното време го поминува низ скопските ресторани, поточно последно беше во ресторанот на таткото на младата македонска пејачка Лина Пејовска, Ефто, а средбата ја овековечија со фотографија на Инстаграм.

ФОТО: Анастасија позираше со јакна на која е насликан нејзиниот татко

Ќерката на српската пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ сподели фотографија на социјалните мрежи со која разнежни многумина.

Имено, таа неодамна отпатува со пријателите во Истанбул. Таа оттаму сподели фотографија во јакна на која е нацртана таа каква што е денес и нејзиниот покоен татко Жељко Ражнатовиќ-Аркан.

Аркан почина кога Анастасија беше многу мала, па сигурно оваа фотографија кај неа буди многу емоции.

ФОТО: Мајката на српскиот рапер јавно го искритикува

Популарниот пејач МС Стојан многу е поврзан со својата мајка Зорица која му е најголемата поддршка во животот по смртта на татко му на почетокот на оваа година. Сепак колку и да го сака и поддржува, мајката на пејачот понекогаш и го критикува.

Имено пејачот додека бил на свадба на својот Инстаграм профил споделил фотографија и видео од атмосферата, а веднаш потоа следувало и хит коментарот од својата мајка.

-Маки има ли некоја девојка на свадбата? Намали со пиењето, немој да се опиеш. Ти си јавна личност, биди господин, напиша неговата мајка коментирајќи му на сторито на пејачот, а со тоа таа стана вистински хит.

По ова тој на мајка му и порача дека пие вода, но потоа и дека пие вотка, но во умерени граници.

ВИДЕО: На водителот му порача дека е безобразен

Познатата српска пејачка Наташа Беквалац повторно се расплака среде емисија, откако тоа претходно пред неколку години го направи во емисијата „Амиџи шоу“.

Овој пат пејачката во емисијата „Гламур“ беше емотивно изненадена од видеоприлогот во кој таа е со нејзините ќерки Хана и Катја.

По видеото таа започна да плаче а на водителот му порача дека е безобразен.

-Јас сега навистина ќе бидам најголема плачка која некогаш била на телевизија, навистина не си нормален, изјави Беквалац по гледање на прилогот.

Целиот емотивен прилог и солзи на пејачката можете да ги погледнете од 27:50 минута.

Популарно