Видео: Како Севе се подготвува за турнејата

До почетокот на најголемата и најспектакуларна турнеја на Северина досега, наречена "The Magic Tour“, останува само малку повеќе од еден месец. Подготовките се во полн ек, дури 100 луѓе се вклучени во организацијата, кои прават се од себе за да им обезбедат на публиката ноќ  за  сеќавање, што ќе се раскажува долго време.

Еден од најзабавните моменти на концертот дефинитивно ќе биде фантастична танчерска кореографија, со учество на најдобрите 18 танчерки од целиот регион, избрани на аудиција, на која дури 100 лица се пријавија. 

Само 18 се избрани, секојдневна работат на „сложените“ кореографии, во кои  е вклучена и Северина, исто како и во минатата турнеја „Добредојдовте на Клубот“  каде многумина коментираа дека таа играше рамо до рамо со професионалните танчери на сцената. 

За да го направи тоа овој пат повторно, Северина се приклучи на дневните тренинзи пред седум дена, што најдобро го опиша Матиќ Задравец, главниот кореограф на оваа одлична турнеја.

"Во наредниот месец и неколку дена  не очекува дневен тренинг, болки во мускулите, многу пот, но на крајот магични концерти. Подготвуваме навистина спектакуларни концерти со многу танцувања и изненадувања, што ќе ви биде жал ако  го  пропуштите", рече Задравец. 

Покрај танчерите, на сцената ќе има дури 15 музичари и симфониски оркестар, заедно со Северина, со фантастична видео продукција и дизајн на костуми, кои заедно ќе претставуваат вистинско искуство, односно уметност на највисоко ниво. Турнејата започнува на 16 ноември во родниот град Северина, Сплит, по што оваа магична ноќ продолжува и во другите поголеми градови, како што е Белград на 23 ноември, Загреб на 7 декември и jубjана на 21 декември.

Билетите за концерти во Сплит и Загреб се продаваат преку Eventim.hr, за концерт во Белград преку Tickets.rs и за концерт во Љубљана преку Eventim.si, соопштуваат организаторите.

ВИДЕО: Нова преработка на ,,Скопје” од Леб и Сол

По повод 13 ноември, Денот на ослободувањето на Скопје, вчера вечерта беше промовирана новата преработка на „Скопје“ на „Леб и сол“, овојпат препеана од Биба Додева. Пејачи, актери и музичари, пожарникари и спортски навивачи предводени од 11-годишниот Јане Велковски, но и познатиот македонски илузионист Гого Реквием се обединија на едно место, во новиот спот за култната тема „Скопје“.

Видеото за истата, направено е по теркот на оригиналната приказна на режисерот Столе Попов, но овој пат со , на други учесници, различни скопски локации.

Во спотот се појавуваат многу познати македонски личности од различни области, како и урбани градски ликови, навивачки групи, естрадни фаци, актери, пејачи, водители, музичари.

Со еден збор, дел од луѓето што го обележале животот и битисувањето на главниот град, секој на свој начин, во својата област!

Биба им се заблагодарува и јавно изјавува: „Фала на Влатко и Горан Стефановски, што можев да растам со песнава, па сега и да ја препеам. Оддамна нашево Скопје не звучело и изгледало вака весело! Ви благодарам што бевте дел и без сите вас ова вака немаше да изгледа!

Честит празник мило Скопје мое… Чисто да ни бидеш, да те дишеме, да се гушкаме и љубиме повеќе“ – ја завршува Биба посветата во најавата на нејзината верзија на „Скопје“, чиј нов аранжман и продукција ги потпишува Владимир Дојчиновски-Дојчин, а видеото кое можете да го проследите во продолжение е изработено од „Фукс продукција“:

ВИДЕО: Домашен чипс кој не ве дебелее

Ако сте љубител на грицки, а знаете колку можат да бидат важни за вашата килажа, ви претставуваме чипс кој не дебелее!

Се` што ви е потребно е компир, микробранова, сол, бибер и малку маслиново масло. Добро измиен компир исечкајте го на што потенки парчиња. Така подготвен посолете и ставете бибер по желба и ставете го на чинија која не пука во микробранова, па додадете малку маслиново масло. Потоа ставете ја чинијата со компири во микробранова печка и печете три до четири минути.

Погледнете го видеото за постпката да ви стане појасна:

Домашен крцкав помфрит

Дома кај нас сите го сакаме помфритот, не се готви често, ама кога ќе биде на трпезата тогаш се сите среќни. Ова е начин како тој да ви биде крцкав, секако ако тоа го посакувате. Компирите исечете ги најпрво на кругови, а потоа на стапчиња. Измијте ги па исушете ги со некоја кујнска крпа. (пацета по нашки ) Маслото загрејте го на не многу јака температура (кај мене од максимум 12, загревам на 7).

Ставете ги компирите да се пржат 8-9 мин. Извадете ги од маслото на книжна салфета да се исцедат. За тоа време засилете ја температурата на ринглата на максимум. Кога ќе се загрее маслото, вратете ги компирите да се допржат уште 2-3 мин. Одма ќе се забележи дека стануваат крцкави. Можете така да ги јадете, а можете и одозгора со рендано сиренце.

Видео: Брена не издржа и го удри новинарот

Лепа Брена реагираше бурно кога слушна новинарско прашање на кое очигледно не сакаше да одговори.

Имено, за време на снимањето на шоуто „Прес претрес“, што се одвиваше во станот каде престојуваше Лепа Брена, новинарот и поставуваше  серија прашања на кои  таа одговораше.

Меѓутоа едно прашање предизвика општ хаос.

Новинарот и постави прашање за еден маж од младоста, а Брена  се развика:  „Дали ти реков да не ме прашуваш за тоа?“  И му удри шлаканица.

Се разбира, ова е шега за која  беше потребно многу време  да се  наговори Лепа Брена.

На крајот на краиштата, таа се согласи и се обиде да ја направи сцената реална.

Популарно