Видео: Таа го „шокира“ жирито

Во  Хрватска е во тек шоуто „Суперталент“, иако во претходната емисија  имаше неколку одлични настапи, но пред се настапот на 14-годишната Габриела кој го доби златното копче (гарантирано преминување во финалето на натпреварот). Погледнете како девојката од „Супер талент“ совршено го изведе хит на Бродвеј "I am Changing".

Габриела Браичиќ, 14-годишно девојче  од Омиш која ја пропуштила „малата матура“ заради Суперталент, беше толку импресионирана од членот на жирито Маја Шупут што ја повика  да ја гушне

„Ајде дојди да те гушнам“, рече таа и друг член на жирито додаде: „Од која планета сте вие?“

„Нешто како ова се раѓа еднаш во илјада години, ти мора да бидеш свесна за тоа“, коментираа т членовите на жирито. 

Слушнете ја Габриела, нема да се покаете: 

Кој ја купи Гранд продукција?

Нова ера - До крајот на годината, „Junajted medija“ ќе станат 100% сопственик на Гранд, што значи дека имињата на основачите и сосопствениците ќе бидат избришани во сите даночни  и други институции.

Саша Поповиќ и Лепа Брена, заедно со сопругот на Брена, Боба Живојиновиќ, го продадоа остатокот од 49 проценти од „Гранд продукција“ на „Јунајтед медиа“, кој веќе купи 51% од акциите во 2014 година, откриваат медиумите во регионот.

Двајцата на тој начин заработија вкупно уште 15 милиони евра, иста сума што ја добија пред пет години!

Целата продажба на трансакција ќе биде завршена до крајот на оваа година, што значи дека имињата на основачите и сосопствениците на „Гранд“ ќе бидат избришани од 2020 година во Агенцијата за деловни регистри.

За оваа тема се шпекулираше веќе некое време. Редакцијата на Курир.рс повеќе пати се обидуваше да добие официјални информации и потврди за трансакција во рамките на оваа компанија, но без никаков успех. Само неодамна, колегите од шоуто „Папарацо  лов“, повикувајќи се на нивните извори, објавија дека Поповиќ и пејачката се повлекуваат од „Гранд продукција“. - Саша Поповиќ и Лепа Брена за некој ден веќе нема да имаат ниту еден процент на сопственост на нивната голема продукција. Но, Саша ќе продолжи да  работи на постојаните емисии, само како креативен автор, продуцент или што и да се нарече, и тоа за плата.

Значи, со едноставни пресметки, заклучено е дека Поповиќ и Брена овој пат ќе добијат 15 милиони евра за продажба на остатокот од Гранд. Учеството на Саша во сопственичката структура беше 24 проценти, и затоа  ќе заработи 7.350.000 евра, додека пејачката поседува 25 проценти и таа ќе биде побогата за 7.650.000.

Контактиравме со Јован Лукиќ, директор на ПР-секторот во „Јунајтед Медиа“, кој не ги негираше овие информации, но ни наложи директно да контактираме со Гранд. Сепак, ниту тие не ни дадоа прецизен одговор. - Ние не даваме изјави за медиумите за деловната политика, како и за деловните планови на Гранд продукција - ни рекоа од прес-службата.

За потсетување  дека кога првиот дел од Гранд беше продаден во 2014 година, Курир.рс прв патја објави таа информација.

ВИДЕО: Српската пејачка се пофали со новото деколте

Српската пејачка Теа Таировиќ често знае да го привлече вниманието на публиката како сопесните и гласот, така и со својот атрактивен изглед. Меѓутоа се чини дека таа не била сосема задоволна со својот изглед, па вградила силикони.

Имено пејачката објави видео на Инстаграм во темно сино фустанче, а во преден план дојде нејзиното бујно деколте, па фановите веднаш забележаа дека Теа изгледа неприродно.

„Лош хирург и баш неприродни“, „Може уште една града да ти собере помеѓу тие две“, „Катастроф“, беа само некои од коментарите.

На првото видео може да видите како Таировиќ изгледа сега, а второто видео е постаро и може да видите како изгледала порано.

Погледнете па пресудете и самите дали има разлика:

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

👗👗👗

A post shared by Tea Tairović (@tea_tairovic) on

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

✌🏻️

A post shared by Tea Tairović (@tea_tairovic) on

Како ќе заврши мега хит серијата „Далеку од дома“ ?

Турската хит серијата „Далеку од дома“ е пред самиот крај. Ни останаа уште неколку епизоди до драматичниот крај на оваа воена драма.

Во вчерашната епизода Азизе и Џевдет беа малтретирани од страна на Филипос до степен на изнемоштеност. Џевдет го тепаа со палка и го дрогираа со цел да извлечат  информации за плановите на Турската војска во поглед на војната во Сакарија, а Азизе ја давеа во кофа полна со вода и ја гореа со жежок метал по телото.

Сепак на крајот на серијата Азизе и Џевдет ќе бидат застрелани и ќе умрат гордо за својата татковина, но и за да им обезбедат подобар живот на своите ќерки Хилал и Јилдиз. Турците ќе ја ослободат Смирна

Популарно