Николовски: Заев во понеделник да си поднесе оставка и да одиме на избори

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски во гостувањето во емисијата 10 минути на ТВ21 изјави дека очекува в понеделник премиерот Зоран Заев да си поднесе оставка и веднаш да се распишат избори. На новинарското прашање кој датум за избори за нив е прифатлив, Николовски одговори дека сто дена после понеделник е најприфатлив за одржување на избори, односно веднаш.

„Очекуваме веднаш да влеземе во процесот на техничка влада и според Уставот и законите, за 100 дена да се оди на предвремени парламентарни избори, “ изјави Николовски.

Според негопричината не е само ситуацијата со датумот за старт на преговорите со ЕУ, туку и поради неможноста да се спроведат реформите и како што вели, лошата економска состојба на граѓаните.

Судијката Димишкова на распит кај Русковска

Судијката на претходна постапка во Кривичниот суд, Весна Димишкова, на распит кај Вилма Русковска. Рааспитот на Димишкова е во тек. Од обвинителството не откриваат детали за што конкретно и во рамките на кој предмет е повиката судијката Димишкова.

Неофицијално, Русковска решила да ја повика Димишковска по исказ(и) на бизнисмен(и) дека нејзиниот брат, адвокатот Васил Димишков, имал улога во случајот „Рекет“. Дел од медиумите, повикувајќи се на „протечен“ записник од сведочењето на Орце Камчев, објавија дека токму Димишков бил тој што го информирал Камчев дека е под посебни истражни мерки.

На седницата ќе се расправа заемот за автопатот Кичево – Охрид

Собранието денеска треба да ја одржи 116 седница на чиј дневен ред, меѓу другите, е Предлог законот за гаранција на Република Северна Македонија на обврските по Договорот за заем за дополнително финансирање за Проектот за изградба на Автопат – делница Кичево – Охрид кој ќе се склучи меѓу Експорт – импорт банката на Кина и Јавното претпријатие за државни патишта, по скратена постапка.

Пратениците ќе расправаат и по Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој, по скратена постапка, Предлог законот за изменување и дополнување на Законот градење, по скратена постапка, Предлог законот за изменување на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, по скратена постапка, како и  Предлог законот за изменување на Законот за спортот, по скратена постапка.

На оваа седница се и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за административни службеници, по скратена постапка, Предлог законот за изменување на Законот за вработените во јавниот сектор,по скратена постапка; како и Предлог законот за изменување на Законот за електронско управување и електронски услуги, по скратена постапка.

Во рамките на оваа седница се и Предлог на закон за правата на заедниците кои се помалку од 20 отсто од населението во Република Северна Македонија, во прво читање, како и Предлог на закон за изменување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, исто така во прво читање. 

ГДУ: Да нема патарини, туку да се воведат неделни, месечни или годишни претплати со налепници

За да бидеме дел од Европа или како што властите милуваат да кажат Европа да ја донесеме овде, мора да почнеме да функционираме европски. Од македонската метропола за да стигнете до Охрид ви требаат повеќе од два часа. Притоа се вози само 170 килиметри. Освен што амортизерите на автомобилот ќе ви попуштат од дупките на секој метар, се губи време и во чекање на наплатни рампи, рагираат од Граѓанско-демократската унија (ГДУ).

Само во Македонија на секои 20 до 30 километри се инсталирани наплатни пунктови за патарина, каде во утринските и попладневните часови постојано има гужви. Притоа да не заборавиме дека има во оваа држава и такви на кои наплатните рампи им се креваат без да платат. Многумина биле сведоци на такви ситуации кога некој вози џип или автомобил кој чини колку еден стан, а не плаќа 30 или 40 денари за патарина. За да се спречат ваквите злоупотреби и да се избегнат гужвите,  ГДУ предлага воведување на еднократен паушален надоместок за користење на автопатите без ограничување.  Да се воведат месечни, неделни или годишни претплати со налепници – предложи Дарко Попоски од ГДУ.

Ваков систем, посочи тој, функционира во Швајцарија, Словенија, Унгарија, Чешка, Словачка, Бугарија. Сличен систем има и во Австрија.

– Во Европа има различни начини на плаќање на автопатиштата, но никаде не функционира како кај нас – вели тој.

Популарно