Која е поздрава?

Морската и кујнската сол , се користат за готвење и консумирање. Сепак, првата разлика е во тоа како се добиваат секој од овие видови.

Додека кујнската сол се ископува од длабочините на земјата и минува низ низа индустриски процеси, при што се отстрануваат многу минерали и се додаваат адитиви, морската сол се добива преку природни процеси на испарување на морската вода. Притоа, минералите остануваат зачувани во гранулите.

Кујнската сол е пофина по текстура, па затоа е полесно да се мешате во храната, но во некои рецепти готвачите користат само  морска сол заради неговата груба и крцкава текстура. На некои им се допаѓа и посилниот вкус на морска сол.

Многу луѓе ја  доживуваат морска сол како здрава алтернатива на кујнската сол.

Сепак, тоа е малку посложено. Иако луѓето можеби сметаат дека морската сол е поздрава опција, заблудата е дека содржи помалку натриум. Количината на натриум е иста и во двата типа на сол.

Бидејќи морската сол потекнува од природен извор, таа исто така содржи и други минерали, вклучувајќи магнезиум, калциум и калиум. Но, додека кујнската сол не ги има овие дополнителни хранливи материи, таа содржи јод што е од големо значење за здравјето.

Покрај тоа, важно е да се знае дека натриумот е основна хранлива материја која луѓето ја добиваат од додадената сол и преработената храна. Сепак, лекарите препорачуваат ограничување на солта во исхраната, бидејќи премногу натриум може да придонесе за дехидрација и срцеви заболувања, а високиот притисок како резултат на прекумерна потрошувачка на сол е причина за загриженост.

Затоа, никој не одговара  децидно кога станува збор за избор  на „подобра“  сол. Многу поважна е количината што ја внесувате. Се препорачува дневно внесување во опсег од 1,5 до 2,3 грама сол, а прекумерното консумирање сол ќе го наруши здравјето на луѓето, ќе ги оштети бубрезите, ќе го зголеми крвниот притисок и може да предизвика многу други здравствени проблеми.

Од претерано гледање во телефонот може да се разболите

Лекарите предупредуваат дека прекумерната употреба на мобилните телефони и долгото зјапањето во него може да доведе до сериозни заболувања.

Конкретно, најмногу страда вратот поради тоа што при сурфањето на интернет и пишувањето на пораки главата е во поднавалена положба и се јавува т.н продолжен врат.

Тоа предизвикува болки во вратот што создава притисок и болки во главата. Лекарите објаснуваат дека главата на човекот е тешка скоро пет килограми и секое навалување го напрега вратот се до пршлените.

Тоа создава притисок кој може да има трајни последици по здравјето.

Напиток од три состојки од кој за 3 месеци ќе се ослободите од вишокот килограми

Слушнавме за мешавината од вода, лимон и лажица мед како препорака за здрав почеток на денот, еве уште еден предлог за подобрување на здравстваната состојба, која во исто време е погодна во топењето на несаканите килограми – зовриена вода во која се додава цимет и мед. Овој напиток се појави периодов на повеќе портали за здрава исхрана. Еве како се подготвува и користи:

Сварете 200 мл вода во вечерните часови пред спиење, и во водата измешајте половина лажичка цимет во прав, покријте и оставете да отстои половина час. Во топлата вода додадете една лажица мед, промешајте и испијте половина од подготвената мешавина. Остатокот од пијалокот испијте го наутро по будење на празен стомак. Пијте најмалку еден месец, а може да ви стане и дневна рутина на подолг период.

Циметот не е само обичен зачин, тој го подобрува тенот, го намалува холестеролот, го забрзува протокот на крв, има корисен ефект врз срцето, желудникот, цревата и е еден од најдобрите зачини за топење на мастите во телото. Циметот и медот ги отстрануваат паразитите, габичките и другите бактерии кои го успоруваат варењето на храната во организмот и спречуваат акумулација на нови масти.

Овој напиток многуминаа го нарекоа чудотворен за губење на килограми, но пред почеток на диета и нов режим на прехрана консултирајте лекар.

Неговото величество лимонот

Општо познато е дека цитрусите, а особено лимонот е многу здрав, истиот содржи витамин Ц кој има антиоксидантно дејство.

Го зајакнува имунитетот, се бори против слободните радикали и ги убива канцерогените клетки.

Треба почесто да се конзумира, речиси секојдневно, според препораките на светски познати нутриционисти.

За утринската лимонада е многу пишувано: наместо да ја засладувате со шеќер, ставете малку мед, па ќе забележите дека многу е повкусно и поздраво, бидејќи овој напиток штити и помага во превенција на многу болести.

Според некои извори, смрзнатиот лимон е помоќен од хемотерапија кога станува збор за борбата против ракот.

Според истражувањето спроведено на Универзиртетот Стенфорд, се покажало дека лимонот, а особено неговата кора е исклучително здрава.

Студијата покажала дека состојките кои се содржат во кората на лимнот можат да ги уништат клетките од рак на 12 видови рак, вклучувајќи ги и најсмртоносните – рак на простата, дебело црево, бели дробови…

-го зајакнува имунитетот

-ги уништува лошите бактерии

-ги убива канцерогените клетки

-го чисти организмот од токсини

Лимонот може да го замрзнете, па да го одмрзнете по потреба. Можете да го искомбинирате со ѓумбир, мед, но и да го користите како лек со лук.

На тој начин ќе го зајакнете вашиот организам и ќе се заштитите дури и од најопасната болест на 21 век а тоа е ракот.

КАКО СЕ УПОТРЕБУВА

Најпрво измијте го темелно лимонот (може да се остави во вода со сода бикарбона или оцет, да отстои извесно време), потоа ставете го зип – кесичка, па во замрзнувач.

Кога целосно ќе замрзне изрендајте го со помош на ренде.

Вака приготвениот рендан лимон додавајте го во било кое јадење, може врз сладолед, салата, супа, во сок од портокал или било кој друг вид на сок.

Ренданиот лимон овозможува подобар вкус со што го зајакнува прехрамбениот профил на храната.

Лимоновата кора содржи 10 пати повеќе витамини отколку пулпата и сокот заедно, па затоа здравствените научници го препорачуваат.

Освен тоа, кората од лимонот има силно антибактериско и антимикробно дејство што значи дека успешно се бори против бактериите и габичните инфекции.

Лимоновата кора исто така, го регулира крвниот притисок, има антидепресивно дејство и го подобрува расположението.

Популарно