ВИДЕО: Близнаци станаа татковци во ист ден

Пат и Пол Јанг не се само посебни што се идентични близнаци, туку и затоа што и двајцата станаа татковци ист ден.

Новопечените татковци не го испланираа ова, ниту пак тоа е можно. Освен тоа, Пат дури и не знаел дека неговиот брат се обидува да зачне дете со сопругата. „Ешли и јас се обидуваме да добиеме бебе веќе една година, но немаше резултати. Ние дури и не знаевме дека и тие се обидуваат“, рече Пат.

Пат и Ешли станаа родители на момче на кое му дадоа име Џек Тод, додека во другата болница Пол и неговата сопруга Фелисија добија момче, Купер Кенет.

„Докторот рече дека веројатно ќе биде потребен царски рез. Се надевав дека нема да се случи. Породувањето почна околу 9. Додека се наближуваше крајот, сите гледаа кон часовникот“, рече Фелисија.

Едно лице беше особено среќно, а тоа беше бабата Тами. Таа на истиот ден пред 30 години ги роди своите синови. „Дури и во најлудите соништа не би помислила дека ќе добијат синови на истиот ден“, вели баба Тами. Бабата трчала од болница до болница за да биде присутна за двајцата синови на важниот момент.

-Кога Пат ја напиша пораката „Одиме во болница“, Пол му одговори,„ Веќе сме тука “, раскажува сопругата Фелисија.

Татковците сакаат нивните деца да бидат во добри односи, како што биле нивните, и тоа секако ќе придонесе за идните заеднички родендени.

„Тие ќе имаат заеднички роденденски забави. Мислам дека ќе биде забавно децата да растат вака, барем додека не станат постари“, вели Ешли.

Погледнете зошто децата родени во ноември се посебни

Децата родени во ноември се покрупни од нивните врсници, подобри спортисти се и живеат подолго, најчесто го прославуваат стотиот роденден, покажуваат некои научни истражувања.

Одвоивме шест причини зошто децата родени во ноември се посебни.

Покрупни бебиња

Децата родени во ова време од годината имаат тенденција да бидат со поголема родилна тежина и големина низ детството, за разлика од оние родени на лето. Истражување од Харвард покажува дека децата родени во постудените месеци се подолги при раѓање, потешки и повисоки до седумгодишна возраст.

Добри спортисти

Истражување за спортски способности на училишни деца откри дека оние родени во ноември се меѓу најспортски настроените, децата родени во овој месец често се 10 до 15 проценти подобри од нивните врсници на спортските тестирања.

Порано си легнуваат

Истражување покажа дека децата родени на пролет и во лето генерално одат подоцна во кревет за разлика од децата родени на есен и во зима. Науката вели дека децата родени во ноември не се ноќни птици како нивните врсници родени на пролет.

Има шанси да бидат леваци, особено момчињата

Според истражување направено од Универзитетот во Виена, бебињата родени од ноември до јануари имаат тенденција да бидат леваци. Истражување од 13.000 испитаници открива дека 7.5 проценти од жените и 8.8 проценти од мажите се леваци. Кога ги погледнале датумите на раѓање, најголемиот број леваци слават родендени меѓу ноември и јануари.

Имаат помал ризик од некои болести

Истражување во Обединетото Кралство покажува дека луѓето кои слават родендени во ноември имаат помал ризик да развијат автоимуни болести, како и мултипла склероза. Тоа се поврзува со нивото на витаминот Д во бременоста, при што идните мајки се изложени на сонце во летниот период.

Живеат подолго

Според истражување на Универзитетот во Чикаго, децата родени во ова време од годината најчесто го доживуваат нивниот стоти родендени, за разлика од родените во другите месеци. Науката докажува дека децата родени во ноември се поразлични од децата родени во другите месеци.

Со тоа се согласува и неврохирургот Расел Фостер од Универзитетот во Оксфорд, кој вели:

„Колку долго ќе живеете, колку висок ќе бидете, како ќе ви оди на училиште, каква ќе биде вашата тежина како возрасен, дали ќе развиете одредени болести зависи и од месецот во кој ќе се родите“.

ВИДЕО: Водителка сред дневник „прснала” од смеа

Метеорологот Џордан Вицел решил да се пошегува, па се појавил пред картата облечен како еднорог кој го нарекол Фердинанд, водителката на „Global Calgary” „прснала” од смеа и не можела да се соземе и покрај тоа што била пред камерите.

Сцената на воодушевување на многубројните гледачи се одвивала на Ноќта на вештерките, а снимката на Јутјуб досега е прегледана над два милиони пати. 

„Што се случува тука? Што е тоа што го носиш”, прашала една од водителките, а другата хистерично се смеела поради опуштениот метеоролог кој се однесувал како да е облечен како и секој друг ден.

„Денеска не се ни избричив, сметав дека тоа ќе придонесе кон целата работа”, рекол Вицел. Инаку, ова не е првпат тој да се појави во костим на работа и да ги насмее своите колеги.

ФОТО: Невеста со ваков долен веш не сте виделе

Сите невести го знаат правилото дека на денот на свадбата треба да носат на себе нешто ново, нешто позајмено, нешто стари и нешто сино. Дури и ако не го испочитуваат тоа правило, невестите главно за овој ден бираат посебна долна облека, главно убава, чипкана или свилена.

Меѓутоа, оваа невеста е поинаква од останатите и тоа гордо го покажала на социјалните мрежи. Таа под невестинскиот фустан решила да облече пелена.

Факт е дека сите невести, особено оние со комплицирани фустани, имаат тешкотии со одење во тоалет, но ретко која се решава за вакво решение.

Фотографијата брзо почнала да се шири на интернет, но луѓето ја обвиниле невестата дека таа и младоженецот имаат чудни фантазии, па таа за него ја облекла пелената.

„Ако таа и младоженецот имаат ваков фетиш, немам ништо против, но навистина не мора да го загадува интернетот со оваа грда фотографија“, „Можеби има проблеми со бешиката“, гласеле некои од коментарите.

Популарно