Мајката на Ѓоковиќ: Сè ви беше добро додека Новак не стана најдобар!

Дијана Ѓоковиќ, мајката на најдобриот тенисер во светот Новак, за светски познат магазин даде интервју во кое зборуваше за моментите од кариерата на Србинот.

Мајката на Новак кажа дека не е фер тоа што публиката повеќе ги почитува Надал и Федерер, а тоа не го прави и со Ѓоковиќ.

„Новак постојано работи на себе, посебно кога игра со Надал или Федерер, зашто тоа се посебни натпревари. Ми кажа дека ќе биде тешко против Федерер на претпоследниот вимблдон, зашто не е првпат да навиваат сите за Швајцарецот. Чувствувам како публиката повеќе ги почитува Федерер и Надал, а тоа не го прави со Новак. Го почуствував тоа во Австралија, Њујорк, Лондон, Париз… Не знам што е разликата, едноставно луѓето не го почитуваат. На сите им беше добар Новак додека не стана најдобар. Јас сакам да ми е детето само здраво и претпоставувам дека може да игра најмалку до 35 години“, порача Дијана.

ВИДЕО: Домашен чипс кој не ве дебелее

Ако сте љубител на грицки, а знаете колку можат да бидат важни за вашата килажа, ви претставуваме чипс кој не дебелее!

Се` што ви е потребно е компир, микробранова, сол, бибер и малку маслиново масло. Добро измиен компир исечкајте го на што потенки парчиња. Така подготвен посолете и ставете бибер по желба и ставете го на чинија која не пука во микробранова, па додадете малку маслиново масло. Потоа ставете ја чинијата со компири во микробранова печка и печете три до четири минути.

Погледнете го видеото за постпката да ви стане појасна:

Домашен крцкав помфрит

Дома кај нас сите го сакаме помфритот, не се готви често, ама кога ќе биде на трпезата тогаш се сите среќни. Ова е начин како тој да ви биде крцкав, секако ако тоа го посакувате. Компирите исечете ги најпрво на кругови, а потоа на стапчиња. Измијте ги па исушете ги со некоја кујнска крпа. (пацета по нашки ) Маслото загрејте го на не многу јака температура (кај мене од максимум 12, загревам на 7).

Ставете ги компирите да се пржат 8-9 мин. Извадете ги од маслото на книжна салфета да се исцедат. За тоа време засилете ја температурата на ринглата на максимум. Кога ќе се загрее маслото, вратете ги компирите да се допржат уште 2-3 мин. Одма ќе се забележи дека стануваат крцкави. Можете така да ги јадете, а можете и одозгора со рендано сиренце.

Видео: Брена не издржа и го удри новинарот

Лепа Брена реагираше бурно кога слушна новинарско прашање на кое очигледно не сакаше да одговори.

Имено, за време на снимањето на шоуто „Прес претрес“, што се одвиваше во станот каде престојуваше Лепа Брена, новинарот и поставуваше  серија прашања на кои  таа одговораше.

Меѓутоа едно прашање предизвика општ хаос.

Новинарот и постави прашање за еден маж од младоста, а Брена  се развика:  „Дали ти реков да не ме прашуваш за тоа?“  И му удри шлаканица.

Се разбира, ова е шега за која  беше потребно многу време  да се  наговори Лепа Брена.

На крајот на краиштата, таа се согласи и се обиде да ја направи сцената реална.

Една од нaјтрaктивнитe актерки од регионов доаѓа во Струмица

Актерката која во јавноста е  позната по многуте серии, како „Жикина Династија“, „Бољи живот“ и уште многу филмови и серии во петок (15. ноември), гостува во Струмица со хит комедијата „Чекајќи го министерот“.

Хит комедијата која ќе биде поставена во Центарот за култура во Струмица, ги освојува срцата на сите гледачи во сите земји ширум светот.

Во неделата и понеделникот во Театар Комедија пред преполна сала, а во петок Лидија Вуќичевиќ заедно со Милан Пајиќ и Семир Гичиќ ќе го чекаат министерот во Струмица.

Претставата ќе се одигра во Центарот за култура со почеток 20 часот, а билетите се по цена од 200 ден.

Популарно