Рама од Брисел: Утре да исчезне ЕУ, ние ќе продолжиме со реформите

Албанскиот премиер Еди Рама зборуваше во Брисел за жешката тема овие денови, односно за отворањето на преговорите за Албанија и Македонија со Европската унија. На прашањето на „Еуроњуз“ за шансите на Албанија да и се каже „ДА“, премиерот на Албанија рече: „Јасно е дека мнозинството разбира сè, а ние имаме мала група, но од многу важни земји кои имаат различни мислења. Тоа е внатрешна борба со различни пристапи, за ЕУ. Значи, на некој начин ризикуваме да бидеме колатерална штета на оваа внатрешна војна “.

Во врска со реформите, Рама рече дека „ние не го правиме ова за Европа или за некој во Париз или Берлин, или затоа што некој сака повеќе од нас. Ова го правиме за себе, за нашите деца. Тоа е единствената работа што можеме и треба да ја направиме. Дури и ако Европската унија треба да исчезне следниот ден, ние ќе го сториме истото, бидејќи станува збор за градење на функционална демократија и владеење на правото во нашата земја “.

„Не е дека ние денес сакаме да станеме членки. Ние сакаме да имаме корист од овој процес со трансфер на знаење за градење на државата преку преговори и да ја запечатиме перспективата преку преговори така што нашата земја еден ден ќе биде во ЕУ. Ние не сакаме да станеме членки денес или утре “.

Шефот на албанската влада исто така рече дека се согласува со она што го кажа претседателот на Франција, Емануел Макрон, но инсистираше на тоа дека започнувањето на преговорите не значи дека Албанија ќе се приклучи веднаш.

„Не сакам да навлезам во тоа, бидејќи тоа е легитимна дискусија за домашната политика. ЕУ го либерализира движењето и ги укина визите за стотици милиони луѓе во последните години. Сето ова нема никаква врска со преговорите. Во исто време, јас силно верувам дека Претседателот е во право кога зборува за потребата од од реформска методологија. Сè е во право“, смета Рама.

Албанец протеран од Црна Гора зошто развиорил албанско знаме на манифестација во Бар

И. Д.(64) по националност Албанец е протеран од Црна Гора во траење од еден месец и казнет со 300 евра поради незаконско истакнување и виорење на знамето на Република Албанија на манифестација во Бар.

Лицето го развиoрил албанското знаме на манифестацијата ,,Краинска косетнијада“.

Полицијата поднесе предлог за покренување на прекршочна постапка пред обвинителството во црногорскиот град, Бар.

Министерот за здравство Лончар посочи дека претседателот на Србија бил во животна опасност

Министерот за здравство на Србија,Златко Лончар денеска истакна дека лекарите го спасиле животот на претседателот на Србија  Александар Вучиќ, кој во петокот попладнето е примен на Воеаната медицинска академија во Белград, поради кардиоваскуларни проблеми.

- „Претседателот има хронични проблеми со срцето. Веднаш по приемот е оценето дека животот на Вучиќ е загрозен. Во ВМА ги превземаа сите мерки за санирање на сериозната ситуација, а Вучиќ добро изреагирал на терапијата“, рече Лончар.

Вучиќ пак вчера се заблагодари за грижата и порача дека од понеделник е назад на работните обврски.

- „Им благодарам на докторите и персоналот на ВМА. Им благодарам на сите што се грижеа. Веќе од понеделник ќе бидам во полн работен погон“, напиша тој.

ВИДЕО: Се обиде да му го земе пиштолот на полицаецот

На снимка што се појави на социјалните мрежи се гледа како полицајци се обидуваат да разговараат со мигрант, осомничен за кражба, кога тој во еден момент се обидува да му го одземе пиштолот на еден од полицајците. Инцидентот се случил во Белград.

Патролата пристигнала за кратко време, но мигрантот ги оттурнал полицајците, обидувајќи се да дојде до пиштолот.

За среќа на крајот е уапсен

Популарно