Најатрактивните огласи за изминатата недела. Аплицирајте на некој од нив!

Почетна плата за првиот месец 18.000 денари, вториот 20.000денари, третиот 25.000денари. Њу Ејџ Компани има потреба од МЕНАЏЕР ЗА ПРОДАЖБА: https://kariera.mk/job/ATUzrq6p0EyxOuV0Fr8FsQ/menadjer-na-prodazhba

А1 Македонија со отворени 5 работи места: 

Сетек има потреба од ВОЗАЧ НА ТОВАРНО ВОЗИЛО: https://kariera.mk/job/YwEtoPUyz0GNwJ4OH6VLyA/vozach-na-tovarno-vozilo

Miss spice accessories за својата продавница во ТЕТОВО има потреба од ПРОДАВАЧ/КИ: https://kariera.mk/job/s65fvy8nuki8BZO3g2ALGQ/prodavach-ki-tetovo

Еуро Актива со отворени работни места за:

Тимот на Номад е динамичен, креативен и постојано во развој и има потреба од ПРОДАВАЧ: https://kariera.mk/job/2ZbQsTH75k2rNVd_qiDwdg/nomad-mobility-prodavach

Skopje East Gate дел од Balfin Group е во потрага по OFFICE MANAGER: https://kariera.mk/job/Pw4gFxmXa0-IZ-4EBJdXnA/office-manager

ВИДЕО: Напаѓачите пукале во 20-годишниот рапер, го оставиле и побегнале

Американскиот рапер Поп Смоук синоќа бил убиен во својот дом во Лос Анџелес, за време на грабеж, пренесува TMZ. Музичарот, чие вистинско име е Башар Бараках Џексон, во времето кога двајца вооружени, маскирани мажи му влегле дома во 4 часот наутро, бил сам дома.

Напаѓачите пукале во 20-годишниот рапер, го оставиле и побегнале. Раперот бил итно префрлен во болница во Западен Холивуд, каде лекарите константирале смрт.

Крадците се уште не се уапсени, а полицијата ниту открила кои се, ниту ги идентификувала. Еден маж привеле веднаш по пукањето, но набргу го пуштиле бидејќи било утврдено дека не е вмешан.

Поп Смоук бил рапер на почеток на музичката кариера, а минатата година ја издал својата деби компилација Meet the Woo. Бил млад и перспективен музичар пред кого стоела голема кариера, но неговата животна кариера прерано завршила.

Еди Рама им се обрати на младите кои пиеја кафе: Абе станувајте да работите градежништво

Додека вршеше увид во обновата на штетите во Драч, Рама рече дека е донесен закон за да се доведат работници од странство, иако ова според него изгледало апсурдно.

Рама во меѓувреме се соочи со некои невработени млади кои пиеле кафе. Тој ги повика да работат на градилиштата за реконструкција на разурнатите објекти.

Премиерот на Албанија ги повика да остават кафето и да се фатат со работа.

Покрај пасоши во Македонија нема ниту сообраќајни дозволи

Владата да најде начин за продолжување на рокот на патните исправи додека се реши пасошката криза во земјава, бара министерот Чулев. Вели дека за надминување на проблемот неопходна е политичка волја, пренесува Сител. 

-Ставање на апостилски печати со информација до сите други држави по дипломатски пат е една од опциите која што ја има Владата на располагање. За законитоста, во краен случај треба да реши Владата. Меѓутоа, сме имале случаи во меѓународни рамки каде важноста на патните исправи е продолжена со удирање на печат и испраќање на ноти до државите, вели Чулев.

Од Владата велат дека на вчерашната седница не се разговарало за пасошката криза. Доколку информацијата за ваква постапка пристигне до Влада, јавноста дополнително ќе биде известена.

Во моментот останати се уште 3.400 пасоши. 9-члена комисија составена од лекар, правник, економист и вработени во Министерството ќе одлучува за лицата кои имаат ургентни потреби за вадење пасош. Чулев вели дека приоритет ќе имаат лицата кои мора да заминат на лекување во странство, а потоа оние кои треба да учествуваат на меѓународни натпревари.

Освен пасоши, станиците за технички прегледи не издаваат и сообраќајни дозволи.

-Во текот на утрешниот ден пристигнуваат доволен број на сообраќајни дозволи, 1.500. Требало посебни материјали, а до идната недела ќе стигнат 100.000, рече Чулев.

Министерот уверува дека откако ќе пристигне пратката на пасоши граѓаните во најкус можен рок ќе ги добијат патните исправи и состојбата ќе се нормализира со работење на службите и втора смена и за викендите.

Инаку, Чулев го обвини премиерот Спасовски дека со фалсификат ги поништил во Службен весник распоредувањата во МВР, бидејќи немало одлука на Влада. Побара од Јавното обвинителство да отвори истрага.

Популарно