Погледнете зошто жените сакаат доминантен партнер

Во ек на борбата за еманципирање на жените и подобрување на нивните права и еднаквост во општеството, тешко е да се зборува за тоа зошто жените бираат доминантен животен партнер.

Дали ве привлекуваат романтични партнери кои се моќни, одлучни и владеат со секоја ситуација? Изборот на доминантен партнер нема врска со полот и сексуалната ориентација, но психотерапевтите издвојуваат неколку причини зошто хетеросексуалните жени бираат доминантни партнери.

Има различни начини да се биде доминантен, но експертите сметаат дека главни карактеристики на луѓето со социјална доминација се авторитативност, преземање и одржување контрола и преземање лидерска улога.

Ова се најчестите причини зошто жените бираат доминантен партнер и совети како да разликувате доминантен од насилен партнер.

Ве привлекуваат „лоши момци“

Звучи како стереотип, но е факт. Лесно е да се „падне“ на шармот на лошите момци: нивната одлучност да се спротистават на правилата, мистериозен изглед, бунтовност… Но, лошите момци често не се доминантни типови, туку само многу добро ја глумат таа улога. Најчесто само имаат „Петар Пан комплекс“ и не сакаат да пораснат и да станат одговорни. Проценете мудро, што ќе правите кога ќе се умори од глумење?

Не сакате да носите големи одлуки

Некои жени веруваат дека животот би им бил многу полесен кога не би морале да носат големи одлуки и да одговараат за нив. Доминантен партнер лесно би им го решил тој проблем: тој сака да ја има контролата, па ќе одлучува за двајцата: каде ќе живеете, што ќе работите, како ќе ги воспитувате децата… Сево ова не е погрешно, но само ако ВИЕ го сакате тоа, а не ви е наметнато. И во врската со доминантен партнер треба да ја задржите својата индивидуалност и право да носите одлуки за себе.

Фините момци ви се здодевни

Нема ништо погрешно во тоа да се биде фин тип, но некои жени едноставно не ги привлекува тоа. Сакате авантура, возбудливост, изненадување, да бидете со некој кој е во центар на внимание и позиција на моќ? Држењето за рака никогаш нема да ви биде доволно.

Влијанија од родителите

Односот со партнерот многу често е одраз на начинот на кој сте воспитувани. Ако едниот или двајцата родители биле доминантни, постои голема веројатност дека вие сте навикнале на таков начин на живот и тие особини потсвесно ги барате во партнерот. Навикнати сте да бидете под контрола, друг да одлучува за вас и да следите правила, па барате доминантен партнер кој ќе се однесува со вас на тој начин.

Разлика меѓу доминација и агресија

Понекогаш чувството на доминација може да прерасне во нагон за посесивност и агресија, но тоа зависи од карактерот на човекот и многу други фактори.

Доминантните луѓе се способни за љубов, емпатија и грижливост. Ако доминантното однесување прерасне во желба да го контролира вашиот живот во секој аспект или да ја злоупотреби вашата доверба со тоа што ќе манипулира со вас или ќе ве малтретира, физички или емоционално, тоа е веќе проблем што не може да се припише само на доминантата карактеристика.

Тука веќе станува збор за токсична врска што е штетна за вас и треба да преземете мерки за да излезете од неа безбедно.

Дали е премногу да имате секс 11 пати дневно?

Може ли премногу секс да биде опасно за здравјето на жената? Одговорот го даваат експертите, на основа на конкретни примери и „проблеми“ со кои се соочувила една од читателите на британски Гардијан.

Таа раскажала дека таа и нејзиниот дечко уживале во сексуални маратони, па имаат односи 11 пати на ден. Американската психотерапевтка Памела Стивенсон Коноли, специјализирана за лечење на сексуални пореметувања дала одговор на нејзиното прашање дали е тоа премногу. Читателката рекла дека во 11. обид почнале да имаат болки.

-Двајцата имаме премногу високи сексуални нагони и добро се сложуваме. Но мислам дека тоа може да му штети на нашето тело. Неодамна имавме однос 10 пати дневно. За време на нашиот 11. обид почна премногу да нѐ боли. Барам совет како да не се повредам или колку долго време ќе треба да се опоравам, напишала читателката. Експертката и одговорила дека сексот треба да биде пријатен, па доколку боли треба да престанат.

-Ако боли, престанете, освен ако тоа вам не ви се допаѓа. Мојот совет овде не е за оние кои ги привлекува болката. Сексот не е конкуренција, ниту игра на храброст. Внимавајте на своето тело и размислете за тоа дали барате квалитет или квантитет. Ќе имате далеку позадоволителен секс ако се фокусирате на пружање и примање на задоволство, тврди Стивенсон Коноли.

ФОТО: Секс поза инспирирана од јога

Оваа секс поза во креветот е инспирирана од јогата, но не е тешка за изведување. Ако сте љубители на јога, оваа сексуална поза сигурно ќе ви се допадне.

Интерпретација на класична кучешка позиција за која е потребно нешто повеќе сила и флексибилност е одлична вежба, многу позабавна од вежбање во сала, пишуваат британските медиуми кои објавија илустрација позата.

-Ако вашата цел во 2020. Е да бидете во форма, нашата интерпретација на класичната кучешка поза инспирирана од јога ќе ви помогне да го пребродите февруари, вели Лора Витакер, вработена во британска компанија чија идеја е позата, а се занимава со производство на долна облека и секс-играчки.

За оваа позиција потребни се сила и флексибилност и ја сметаат за одлична за одржување на кондицијата.

Позата бара многу, но со вежби ќе стане уште подобра и пофлексибилна. За уште подобро искуство, од британската компанија препорачуваат употреба на масло за масажа.

Непријатни работи кои се случуваат за време на сексот

Оние кои што мислат дека сексот изгледа како на филмовите за возрасни ништо не знаат за него. Корисници на Редит расправаат за тоа што се случува во вистинскиот живот за време на односот, а тоа не можете да го видите во филмовите за возрасни. Сепак, Базфид, од повеќе од 11 илјади коментари ги одбра оние со најголем број на реакции.

1.Непријатен момент на прекин помеѓу предиграта и сексот, кога некој ќе се фати за кондом. Тоа трае вечно.

2.Да пијат нешто зашто им се суши устата за време на орален секс.

3.Запирање за време на оралниот секс за да извадите влакно од уста.

4.Запирање за да видите зошто кучето лае во другата соба.

5.Привремено губење ерекција при промена на поза.

6.Случајно удирање со глава или со лактови.

7.Разговор за вашите утрешни планови.

8.Грчеви, испуштање гасови, смеење.

9.Децата тропаат на врата за да ви кажат нешто непристојно.

10.Домашни миленици кои гледаат или скокаат на креведот за да проверат што се случува.

11.Момент во кој двајцата сте одлучиле да прекинете иако ниту еден не ејакулирал, но сте премногу исцрпени за продолжите.

12.Вистинските изрази на лицето за време на оргазам кој никој не би сакал да ги види.

13.Некој да ужива во вкусот на спермата.

14.Лудачко мокрење по секс.

15.Влечење до тоалет пред што било да истече од телото.

16.Кавга за тоа кој спие на мокриот дел од постелнината.

17.Разочарување.

Популарно