ВИДЕО: Водителка сред дневник „прснала” од смеа

Метеорологот Џордан Вицел решил да се пошегува, па се појавил пред картата облечен како еднорог кој го нарекол Фердинанд, водителката на „Global Calgary” „прснала” од смеа и не можела да се соземе и покрај тоа што била пред камерите.

Сцената на воодушевување на многубројните гледачи се одвивала на Ноќта на вештерките, а снимката на Јутјуб досега е прегледана над два милиони пати. 

„Што се случува тука? Што е тоа што го носиш”, прашала една од водителките, а другата хистерично се смеела поради опуштениот метеоролог кој се однесувал како да е облечен како и секој друг ден.

„Денеска не се ни избричив, сметав дека тоа ќе придонесе кон целата работа”, рекол Вицел. Инаку, ова не е првпат тој да се појави во костим на работа и да ги насмее своите колеги.

(Видео) Еве како руски Су-35 го пресретнаа нивниот Посејдон!

Два руски авиони Су-35 го пресретнаа воениот авион на американската морнаричка патрола над Средоземното море, соопшти американската шеста флота.

„Трт пат за два месеци, руските пилоти летаа на небезбеден и непрофесионален начин во текот на пресретнувањето на авионот Посејдон П-8А на поморската патрола, американската морничка Шеста флота на 26 мај“, пишува во соопштението.

Како што се тврди, пресретнувањето било небезбедно и непрофесионално поради што руските пилоти се приближили на секое од крилата на авионот П-8А.

Инцидентот траел околу еден час. Пентагон исто така на 15 април пријавил дека рускиот Су-35 го пресретнал американскиот Посејдон П-8А над Медитеранот.

ВИДЕО: Гавран спасил еж од сигурна см*т

Гавранот спасител ѝ привлекол огромно внимание на јавноста, поради кратката снимка која благодарение на неговиот потег на социјалните мрежи станала вирална за прилично кратко време.

Имено, откако гавранот забележал колку споро се движи ежот, почнал да го турка и да трча по него, за заедно да ја преминат улицата и да ги избегнат автомобилите кои доаѓале.

Еден од нив застанал за да ја сними оваа необична сцена, која на крајот завршила успешно. Видеото се појави на Фејсбук страницата „Lajkajte našu stranicu“ и има повеќе од 22.000 прегледи.

(Видео) Кога погледнаа внатре, истражувачите открија…

Кога во Рим сред улица се отвори дупка, беше откриен уште еден скриен дел од италијанската престолнина.

Дупката, околу 2,5 метри длабока и 3 метри долга, се појави минатиот месец на популарно место меѓу туристите, а во меѓувреме е откриено дека под неа се крие античка калдрма.

За среќа, штета е избегната поради пандемијата на вирусот, поради кој немаше туристи. Сепак, благодарение на дупката, граѓаните сега може да видат како изгледал нивниот град пред новата ера.

Истражувачите велат дека знаеле за античките камења со години, но не се осмелувале да почнат со копање за да не ги оштетат. Првпат се откриени во 90-те години на минатиот век.

Популарно