ФОТО: Се појавија фотографии од скршената нога на Андре Гомеш

Фудбалскиот свет остана шокиран по тешката повреда на Андре Гомеш на завчерашниот натпревар помеѓу екипите на Евертон и Тотенхем.

Португалецот настрада по еден старт на Сон, а на неговата нога налета и Орие по што следеше тешка скршеница на глуждот. Стапалото му се сврти, а на „Гудисон“ сите останаа занемени.

Сега излегоа наводни фотографии од ногата на Гомеш откако му била извадена копачката. Истите се вознемирувачки и не се за оние со слаб желудник.

Инаку од Евертон потврдија дека Андре Гомеш долго ќе се опоравува од тешката повреда заработена на вчерашниот дуел со Тотенхем, но дека хируршкиот зафат врз поранешниот фудбалер на Барселона и Валенсија минал во најдобар ред.

„Можеме да потврдиме дека Андре Гомеш беше опериран по фрактурата на зглобот на десната нога, хируршкиот зафат мина исклучително добро. Андре сега ќе мине уште извесно време во болница, за нешто подоцна да почне со рехабилитациска програма под надзор на клупските лекари. Се очекува тој целосно да ја надмине повредата“ – објави клубот од „Гудисон парк“.

ВИДЕО: Раиола даваше изјава, па се појави Ибрахимовиќ

Златан Ибрахимовиќ одигра добар натпревар против Јувентус во полуфиналето, Швеѓанецот претставуваше констатна закана за одбраната на Јувентус.

После натпреварот во микс-зоната беше забележана интересна ситуација додека Раиола даваше изјава, а Ибрахимовиќ се појави.

„Извинете момци, имам проблем. Морам да се одбранам од Ибра. Уште ме боли од кога ме удри последниот пат“, се пошегува Раиола кој на крајот сепак доби удар од напаѓачот.

Видео: Каков кош на Дончиќ

Словенскиот кошаркар Лука Дончиќ го претставуваше тимот на остатокот од светот на првиот ден од „Ол-стар“ викендот во Чикаго.

 Дончиќ постигна неколку тројки, а го украде шоуто во последните секунди од првото полувреме. Во директен дуел со лутиот ривал Трае Јанг, 20-годишникот испрати неверојатен шут од половина терен и погоди со звукот на сирената.

Погледнете го потегот на Дончиќ:

Дончиќ го заврши мечот со 16 поени и пет асистенции, а на крај неговиот тим убедливо загуби од младите ѕвезди на САД.

Синот на Двејн Вејд го менува полот

Легендарниот кошаркар Двејн Вејд откри дека неговиот 12-годишен син Зајон одлучи да живее како жена. Зајон побарал во иднина да го именуваат во женски род, а ќе го носи името Заја. Семејството Вејд ја прифати оваа одлука. За ситуацијата се јави и најстариот син на Вејд, Заире кој на Зајон му даде голема поддршка.

„Имам чест што 12 години до мене ја имам Заја како најдобар пријател. Се правевме заедно. Играње, тепање, смеење, плачење. Една работа само никогаш ја немавме направено, а тоа е едниот да го остави другиот. Ќе го посветам животот на тоа да бидеш среќна. Не ме интересира што мислат другите за тебе. Ти си мојот најдобар пријател и те сакам“, изјави Заире.

Заире заедно со својата мајка и Заја учествуваа и на парадата на гордоста во Мајами.

Популарно