ВИДЕО: Се закануваше на послабо и помладо момче, но не знаеше дека е боксер- горко се покаја

Снимка од тепачка во Казакстан пред влез на зграда покажа како изгледа кога го потценуваш противникот и што значи да се задеваш со погрешна личност.

Имено крупен маж со брада се расправа со значително поситно и помладо момче и се делува како да ја држи ситуаијата под контрола, но во еден момент доаѓа до пресврт.

Наизглед послабото момче било познавач на боречки вештини, па со два удари го нокаутира противникот.

Нема да го препознаете Бранко Црвенковски

Поранешниот претседател на Република Македонија Бранко Црвенковски,три дена беше домаќин на поранешните претседатели на земјите од Балкан во Охрид. Црвенкоски заедно со гостите, можеше да се види по охридската чаршија, кафетерии, но и покрај брегот на Охридското Езеро.

И, градоначалникот на Охрид Константин Георгиевски не одолеа на присуството на Бранко Црвенкоски во Охрид. Така Георгиевски во чест на Црвенкоски и неговите гости, организирал свечен ручек во Хотел „Нова Ривиера“ во Охрид, каде неизоставно било и фотографирање со претседателот Црвенкоски., јавува Охридскај

Како што можете да забележите на фотографијата, Бранко Црвенковски изгледа многу подмладен откако не носи брада.

Дали новинар е виновник за „здравствените“ проблеми на Вучиќ

Како што наведуваат медиумите во соседна Србија наводно поради расправија со новинарот Миодраг Совиљ од српската телевизија Н1, на претседателот Вучиќ во петокот попладнето му се качил притисокот, добил тахикардија, по што бил примен на Воено-медицинската академија во Белград.

Новинарот, кој  успеал да го растревожи Вучиќ, всушност го потсетил на аферата за трговија со оружје во која, според документот од БИРН, објавен пред една година, пишува дека таткото на министерот за внатрешни Бранко Стефановиќ, бил дел од делегацијата на фирмата која ја посетила фабриката Крушик. Неговото прашање дали има судир на интереси го изнервирало Вучиќ толку многу што се довел во прединфарктна состојба.

За здравјето на Вучиќ се огласи и министерот за здравство, кој изјави дека претседателот има проблеми со срцето, но ситуацијата сериозно се влошила во петокот, пред да побара помош, а докторите буквално му го спасувале животот. Ситуацијата на Вучиќ сега е стабилна, иако тој и денеска е во болница. Самиот најави дека од утре се враќа со полна работна сила.

10 годишно девојче ја победило леукемијата но потоа ненадејно починало

10 годишното девојче од Велика Британија, Мили Мејн ја победи леукемијата, но набрзо потоа почина во болницата во Глазгов. Мајката Кимберли Дероч тврди дека нејзината ќерка починала од „неисправната вода“ во болницата, како и дека здравствените власти лажат.

Девојчето во текот на опоравувањето од тешката болест добила заразна инфекција и починала, а Кимберли е уверена дека виновник е контаминираната вода.

Здравствениот одбор на Глазгов инсистира дека причината за инфекцијата не може да се открие.

Случајот со несреќното девојче стигна и до шкотскиот парламет, откако многумина ја повикаа министерката за здравство Џини Фримен да си даде оставка.

Кимберли рекла дека лично од Фримен побарала одговори за смртта на својата ќерка, но дека добила само „општи уверувања“ дека ќе биде направена истрага.

Кимберли низ солзи раскажа како во 2017 година, кога починала нејзината ќерка, во истата болница имало 26 смртни случаи поврзани со загадена вода, но дека извештаите за тоа, наводно болницата никогаш не ги објавила.

Мили пред две години имала успешна трансплантација на матични ќелии и се опоравила, но наеднаш паднала во токсичен шок и починала неколку дена подоцна.

Во официјалниот извештај од патологот пишува дека нејзиниот катерер од кој примала лекови бил инициран, но Кимберли тврди дека вистинската причина е забошотена поради проблеми со водата во болницата.

Популарно