ВИДЕО: Таа случка ги насмеа сите

Баба по име Луис Бонито е доказ дека староста нема врска со годините. Оваа супер бабичка наполнила 102 години, но и понатака е насмеана и млада во духот.

На нејзиниот роденден се собрале неколку најблиски, а по испеаната песна и замислената желба заедно со нејзините ќерки, таа се обиде да ги дувне свеќичките на тортата, но и се случи мала „несреќа“

Имено и испадна протезата, а оваа случка ги насмеа сите па и славеничката. Иако можеби видеото е малку старо, деновиве повторно се споделува на социјалните мрежи.

ВИДЕО: Интересен трик

Кога на една жена во Кина и рекле дека не може да се качи во воз и со неа да внесе алкохол, таа се погрижила да не и пропадне пијалокот.

Надзорните камери ја снимиле жената како пие од шишето. Веројатно планот и бил да го испие пијалокот пред да влезе во воз, меѓутоа на наредната снимка се гледа како жената лежи на подот додека чекари се обидуваат да и помогнат, по што е одведена во болница на отрезнување.

ВИДЕО: Младоженец нестрпливо ја чекал својата невеста, но кога се завртел се шокирал

Еден од најважните моменти во животот на секоја личност е оној кога тој го изговара познатото „судбоносно да“. Денот на свадбата е планиран детално, а импресиите се раскажуваат неколку недели подоцна.

Еден кум имал оригинална идеја, која на крајот ја направил. Имено, тој реши да го изненади својот пријател Били Хант, а видеото кое е создадено во таа прилика го насмеа целиот свет. 

Додека Били ја чекаше својата идна сопруга, бидејќи тие договорија професионална фотографија, се појави неговиот кум, облечен во убава бела венчаница со бисер во раката. Младоженецот бил збунет, а кога сфатил за што станува збор, се изнасмеал на досетливоста на неговиот најдобар пријател.

Популарно