Дали ќе има „мал “ Шенген?

За денеска е најавена уште една средба меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и албанскиот премиер Еди Рама со премиерот Зоран Заев.

Домаќин ќе биде Охрид а токму таму на маса ќе се најде договорот кој тројцата политичари го договораат за „мал Шенген“.

После првата трилатерална средба лидерите на Србија, Албанија и Северна Македонија тие  ветија во заедничка Декларација  слободно движење на луѓе, стоки, услуги и капитал во Западен Балкан дека ќе работат на подобрување на регионалната соработка со цел зголемување на економскиот раст, привлекување инвестиции и подигнување на квалитетот на животот на граѓаните.

Во декларацијата,после средбата во Нови Сад се вели дека потписниците, свесни за одговорноста за обликување на судбините на нивните земји, се посветени на зајакнување на мирот, еднаквоста, владеењето на законот и просперитет за сегашните и идните генерации во Југоисточна Европа.

Маж се заклучил во својот стан по бурна расправија со сопругата и се заканува дека ќе пука

Вистинска семејна драма се случува  денеска попладне  на улицата „Војвода Влаховиќ“ во Белград, имено маж (42) се заклучил во својот стан по бурна расправија со сопругата и се заканува дека ќе пука. Пред зградата моментално се присутни екипи на полицијата и пожарникари, а преговарачки тим се обидува да воспостави контакт со мажот.

Пред зградата моментално се присутни екипи на полицијата и пожарникари, а преговарачки тим се обидува да воспостави контакт со мажот.

Како што пренесуваат српските медиуми, станува збор за полициски службеник, кој во себе го има службеното оружје. По расправијата со сопругата, таа и нивниот син избегале од станот.

Станарите велат дека забележале дека нешто не е во ред откако забележале дека неговата сопруга трчала боса низ зградата.

Русија смета дека Северна Македонија и Албанија не се подготвени за членство во ЕУ

Русија го оправдува спротивставувањето на Макрон на проширувањето на ЕУ.

Владимир Чижов,  амбасадор на Русија во ЕУ  вели дека Макрон „има поента“ кога тој тврди дека ЕУ треба да се справи со тензиите меѓу своите членки пред да започне разговори за пристапување со Северна Македонија и Албанија.

„Претседателот Макрон има поента кога вели дека ЕУ треба прво да се справи со своите внатрешни работи пред да продолжи со проширувањето“, рече изјави амбасадорот Чижов во интервју за Фајненшл тајмс, бранејќи ја политиката на францускиот претседател и истакнувајќи ја поделбата меѓу европските сојузници.

Според него ниту Македонија, а уште помалку Албанија се подготвени за пристапни преговори.

„И секако објективно, претерување  е да се каже дека и Северна Македонија, особено Албанија, се подготвени за членство, – со сета почит кон тие две држави” изјави рускиот амбасадор во Брисел кој на таа функција се наоѓа од 2005 година.

Популарно