На автопатот Скопје- Велес тeшka собраќајна нeсрeќa

Во Извадокот на дел од дневни настани  на МВР за ден 09.11.2019  се наведува дека „ На 08.11.2019 во 14.30 часот на автопатот Куманово –  Велес, на клучката „Петровец“, Д.Б.(36) од Куманово, управувајќи патничко возило „опел корса“, со велешки регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот. Д.Б. починал на местото на несреќата, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција. 

Видео:Сведоштво на пациент кој не верувал во вирусот

Заир Селмани од Куманово верува во бог, ама сега верува и во докторите, кои му го спасиле животот откако се разболел од Ковид-19. Пред две недели, кога со Брза помош го носеле кон Инфективната клиника и стигнал на интензивна нега, бил 99% мртов, вели Селмани за камерата на „Телма“, кому снимката при приемот му покажала дека му се опфатени 90% од белите дробови.

Три деца го чекаат дома, раскажува низ солзи, и признава дека и тој бил еден од оние кои не верувале во вирусот. Сега неговата порака е сосема спротивната; порачува сите да носат маски и да не излегуваат без нив и да ги почитуваат сите мерки и закони. Оние, пак, кои сепак ќе го фатат вирусот, можат да бидат сигурни дека докторите ќе направат сѐ што можат за нив, бидејќи тоа го прават за секој пациент, без исклучок, порачува Селмани.

Прилогот погледнете го во продолжение:

Извор: Телма.мк

Чувствувам жалење за сите вас со кои сум имал контакт

Градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу на својот Фејсбук профил објави дека е позитивен на Ковид-19. Тој апелира до граѓаните за внимание и почитување на заштитни мерки и препораките.

– По извршениот тест вчера за можноста на заразен со Ковид-19, ве информирам дека резултатот е позитивен. Чувствувам жалење за сите вас со кои сум имал контакт. Заедно ќе го надминеме и ова!, напиша Ганиу.

Нови 76 позитивни на Ковид19

Во последните 24 часа се направени 885 тестирања, а регистрирани се 76 нови случаи на ковид-19.

- Скопје 52

- Куманово 2

- Штип 1

- Тетово 14

- Велес 2

- Гостивар 2

- Кочани 1

- Пробиштип 1

- Кратово 1

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 26 оздравени пациенти.

- Скопје 12

- Куманово 2

- Тетово 11

- Гостивар 1

Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Струга (56г) примена во болницата на 21 мај како сомнителна на ковид, потврдена позитивна по прием во болница.

Досега во земјата се направени вкупно 31187 тестирања на ковид -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 127 теста се во рамките на скринингот. Тестовите се направени во градинки во Скопје и геронтолошки установи и не се потврдени позитивни случаи на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2391, бројката на оздравени пациенти е 1595, на починати е 141, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 655.

Се извинуваме поради доцнењето на денешната статистика со состојбата со коронавирусот, до овој момент се чекаа податоците од приватна лабораторија.

Популарно