ФОТО: Старлетата си доби подарок од 150.000 евра

Српските медиуми објавуваат дека познатата старлета Сораја Вучелиќ, добила понуда за брак и дека ќе се омажи за богат Русин по име Владимир.

Како што пренесува „Информер“, станува збор за наследник на руски тајкун, но Сораја не сака да изнесува во јавноста детали за својот вереник.

-Не сакам да го коментирам својот приватен живот. Се надевам дека никогаш нема да дознаете кој ми е момче. Вистината е дека се заљубив во најубавото момче на светот. Освен убавината, поседува и други квалитети на коишпто дефинитивно паднав. Не паметам кога сум била посреќна, изјави старлетата за „Информер ХИТ“.

Како што пишува магазинот, врската на Сораја и на Владимир траела три месеци пред старлетата на својата рака да го стави прстенот вреден 150 илјади евра.

ФОТО: Вака изгледа Карлеуша без перики и надоградби

Постојано носи екстензии и перики, а сега Карлеуша е фотографирана со нејзината вистинска коса.

Познато е дека од тага по мајка си која почина ја скрати косата, а сега пејачката изгледа вака.

Погледнете ја: 

ФОТО: Сека Алексиќ и тоалетот го накити за Нова Година

Познатата српска пејачка Сека Алексиќ (38) секоја година се труди нејзиниот дом за новогодишните и божиќни празници да изгледа колку што е можно поубаво, а откако го добија синот Јаков, тие декорирањето го кренаа на повисоко ниво.

Иако минатата година буквално се во нивниот дом сјаело, овој пат Сека се надминала себеси, бидејќи, секој дел од куќата е накитен, а верувале или не, декориран е ѝ нивниот тоалет.

Пејачката на социјалните мрежи сподели момент од куќата, односно кога Јаков му „објаснува“ на татко му што и како треба да прави.

Погледнете:

ФОТО: Пејачки кои имаат слава, популарност, милиони, а едвај завршиле или немаат ниту основно училиште

Естрадата со задоволство зборува за тоа колку многу бакшиш на пример, добиле на некоја забава, а кога станува збор за едукацијата и образованието, тие молчат како неми!

Повеќето пејачkи го започнале патот на славата многу рано и нивното образование не им било приоритет, така што поединците едвај завршиле и основно училиште.

На пример, Северина Којиќ, хрватскаta поп-ѕвезда, уште на млада возраст одлучила музиката да биде нејзин животен избор, па затоа се откажала од средното училиште во Сплит.

Ниту Злата Петровиќ, ниту Весна Змијанац не се посветиле на образованието и останале само со завршено основно училиште.

„Јас не го продолжив своето школување во младоста, морам да го признаам тоа. Мојот живот доби поинаков правец, затоа му се посветив на пеењето. Денес можам да кажам дека не сум згрешила.  Секој треба да му се посвети на она во што е добар“ –  вели Злата.

Александра Пријовиќ стигнала до средно училиште, но тука застанала поради натпреварувањето во музичкото шоу  „Ѕвездите на Гранд“. Прија се обиде да го заврши училиштето вонредно, но нејзината кариера и беше поважна.

Ниту Дара – Бубамара не стигнала подалеку од основно образование, бидејќи го баталила средното училиште и и’ се посветила на музиката. Фолкерката се пофалила во медиумите дека завршила француски јазик на познатиот универзитет Сорбона, но се покажа дека се работи само за  обичен курс.

Од друга страна, некои од пејачките успеаја да дипломираат и покрај кариерата и сите обврски и настапи!

Зорица Брунцлик, на пример, дипломирала на Економскиот факултет во Ниш и има високо образование. Наследничката на Весна Змијанац, Николија Јовановиќ, се школуваше во Грција и таму ги завршила студиите за меѓународен бизнис.

Пејачката Неда Украден, важи за најобразована ѕвезда на целата естрада. Неда дипломирала на два факултета – правен и филолошки.

Популарно