Софија Милошевиќ: Не му го растурив бракот…

Српските медиуми изминатиов период огромно внимание посветуваат на фудбалерот Лука Јовиќ и неговата нова девојка, Софија Милошевиќ. Фудбалерот на Реал по првпат стана татко, па написите за новата девојка најпрво изгледаа како „трач“, но се покажа точно откако се појавија нивните заеднички фотографии.

Нивната врска трае повеќе од два месеци па секој слободен момент го користат како би биле заедно. Во меѓувреме молчењето го прекина Софија Милошевиќ коментирајќи ги озборувањата поврзани со нејзиното име.

„Се спомнуваше уништување на неговиот брак, е вистина е дека Лука никогаш и не бил оженет. Потоа следеа приказни дека сум му ја уништила врската со девојката со која има дете, но тој таа врска ја прекинал уште пред три години. Потоа на ред дојдоа скапите подароци кои наводно сум ги добивала од него… А, единствената вистина е дека сме во врска и сакаме малку приватност. Среќни сме, а тоа е најважно во една љубовна врска“ – вели Софија.

Манекенката дополнува дека врската им почнала спонтано, порачувајќи дека не ја интересираат градските приказни во кои ја „заплеткуваат“.

„Знаете како, успехот е единствената работа која луѓето никогаш нема да ви ја простат“ – порачува Софија, која претходно се забавуваше и со тенисерот Виктор Троицки, со Анте Ребиќ а четири години беше и со Адем Љајиќ.

Пејачката Тамара Радмиловиќ го обвини сопругот дека физички и психички ја малтретирал, а тој јавно откри докази за неговата невиност

Пејачката Тамара Радмиловиќ ,се додека не испливаа нови докази на виделина, зборуваше за тоа како нејзиниот поранешен сопруг психички и физички ја малтретирал.

Имено, „Sвездата на Гранд“ наводно долго време има проблеми со алкохолот, и според извор близок до неа и бившиот сопруг,  таа молела да се смират пред разводот.

Бојан Марјановиќ, наводно, минатата година побара развод од Тамара, а брачните проблеми се појавија кога „Ѕвездата на Гранд“ се враќала дома пијана по настапите. Според блиски до ним извори, Радмиловиќ фрлала работи по куќата, трескала и кршела и викала полиција секогаш кога нејзиниот сопруг ќе и побарал развод.

Бојан на Тамара, како што наведува изворот, и ги плаќал песните и видеата и ја поддржувал во нејзината кариера, а откако забременила, сите трошоци ги сносел токму нејзиниот сопруг. Во неколку наврати, тврди изворот, Бојан се обидел да и каже на својата поранешна сопруга преку неговиот адвокат, да не изнесува лаги во јавноста и да негира дека тој ментално и физички ја малтретирал, во што не успеал.

На објавените пораки кои осамнаа во јавноста јасно се гледа дека Тамара го моли нејзиниот сопруг да се и врати, а потоа се појави и снимка од пијаната пејачка на која таа говори неповрзано.

ФОТО: Чизмите на Меланија се најмодерен модел сезонава

Меланија Трамп е синоним за добар стил, а скоро и да немала ниту еден моден кикс откако стана прва дама на Америка.

Затоа и не е чудо што секогаш нѐ воодушевува со изгледот, па исклучок не било ниту хуманитарното дружење во воената база во Вашингтон.

Убавата Словенка ја поддржала организацијата која произведува и доделува играчки за деца на кои им е тоа потребно, а за таа прилика блеснала во леганно, но и непретенциозно издание, кое лесно може да се ископира со оглед на тоа дека искомбинирала неколку основни парчиња.

Меланија ја вклопила топлата бела волнена ролка со Гучи здолниште во крем боја, но и со тенок црвен ремен со кој го истакнала виткиот струк.

Но, ѕвезди на нејзината комбинација биле црвените кожни чизми до колена со дебела и стабилна потпетица, како инаку се најмодерни оваа сезона, велат модните експерти.

(ВИДЕО) Џенифер Лопез: „Ти благодарам што ме сакаш“

Џенифер Лопез е инспирација на многумина ширум светот, а актерката и пејачката истакнува дека една личност и е голем пример. 

Станува збор за нејзината мајка Гвадалупе, која наполни 74 години. Џеј Ло на својата мајка и посака се најдобро и и посвети емотивен статус и видео.

– Луѓето ме прашуваат од каде ја црпам енергијата, мојата сила, моите танцувачки движења… па, сега знаете… Гвадалупе… мојата мајка… колку што се сеќавам, можам да ја видам како танцува, како се смее и како ја осветлува секоја просторија во која се наоѓа. Таа е дефиниција за младоликост и безвременост во секој период… ја сакаше музиката и филмовите, историјата и мјузиклите и веруваше во вистинска љубов… и сето тоа го стави во мене… а јас сум се подобра поради тоа. Ме направи тоа што сум денес… ти полниш 74 години. Мама, убава како и секогаш, жива како секогаш, жена која танцува како тинејџер…. ти благодарам што ме сакаш на свој начин, поради се, поради тоа што си ти, немам доволно зборови, те сакам засекогаш. Среќен роденден, ти си сила на природата, напиша Џеј Ло.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

People ask me where I get my energy from, my drive, my dance moves lol...well now you know...Guadalupe... my mommy... for as long back as I can remember, I can see her dancing, laughing and lighting up every room she was in. she is the definition of youthful and timeless at every age... she loved music and movies and history and musicals and believed in true love... and she put all of that into me... and I am all the better for it. You made me who I am today... you’re 74 today Mommy, Beautiful as ever, alive as ever and still dancing like a teenager...thank you for loving me the way you do, for everything, for being you, there aren’t enough words, I love you forever ♥️ Happy Birthday you force of nature... #thelupinator

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo) on

Популарно